Стојан Карастоилов
Стојан Карастоилов | ||
Роден | 1848 Старчишта, Солунски Пашалак, Османлиска Империја | |
---|---|---|
Починал | 25 ноември 1878 Оштава, Солунски Вилает, Османлиска Империја | (возр. 29–30)
Стојан Карастоилов или Стојан војвода — роден во 1848 година во Старчишта, Драмско - убиен на 25 ноември 1878, Оштава) [1]. Војвода учесник во Македонското востание.[2]
Како ајдутски војвода дејствувал во реонот на Неврокопско, Драмско и Црна гора. За време на Руско-турската војна (1877-1878) тој предводел чета и со четата дејствувал во Серско и Мелничко. По потпишувањето на Берлинскиот конгрес се судрува со турски башибозук во Неврокопскиот реон, а во август истата година се префрла во Горна Џумаја. Заедно со Димитар Поп Георгиев - Беровски и други војводи, со 400 востаници го нападнале османлискиот гарнизон во Кресна. По успешно завршените борби и ослободените 35 села во Каршијак, откако бил основан Штабот на Македонското востание, на чело со началникот Димитар Беровски, тој е избран за главен војвода и ја управувал првата чета, таканаречена Трухелка. Под негово водство востанички одред поразила и заробила османлиска воена трупа кај кресненските анови на 5 - 6 октомври 1878 година.
Избран е за главен војвода од востаничкото раководство. Со големо искуство ги раководил востаничките сили. Влегол во судир со Луис Војткевич и Адам Калмиков, претставници на бугарскиот комитет „Единство“. Овој бугарски комитет го организирал неговото убиство, и на 25 ноември 1878 година го ликвидирале Стојан, како и неговите четници Георги Чапрашников и Јован Трендафилов.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Кресненскo востание, убиството на Карастоилов
- Стојан Карастоилов
- Тврдокорни - Стојан Карастоилов (1848 - 1878)
- Разловечкото и Македонското (Кресненско) востание Архивирано на 11 јануари 2021 г.
- ВОЕНИОТ АСПЕКТ НА МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ
- Кресненско востание
![]() | Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |