Прејди на содржината

Тодор Чифтеов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тодор Чифтеов
Роден ?
Крушари, денес Грција
Починал ?
Ениџе Вардар, денес Грција

Тодор Чифтеов (грчки: Θεόδωρος Τσιφτές), познат како Тоде Чифтеев, Чифтето — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движењењ, член на Македонската револуционерна организација, по засилувањето на грчката вооружена пропаганда застанал на страната на грчката кауза.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Тодор Чифтеов е роден во Крушари, тогаш во Османлиското Царство. По засилувањето на македонското револуционерно движење станал член на Македонската револуционерна организација, влегол во четата на Апостол Петков Терзиев, станувајќи негов секретар.

На 2 август 1911 година, Апостол војвода, Георги Мучитанов - Касапчето и Васил Пуфката преноќувале во Крушари кај браќата Трповци.

Браќата Трповци, потикнати од Тодор Чифтеов, ги отруле и убиле војводите, а потоа на селските гробишта го исенирале нивното увиство.

По убиствата Тодор Чифтеов заминал да живее во Ениџе Вардар каде што Турците внимавале да не дојде до одмазда. Подоцна Ичко Димитров заминал во Крушари ликвидирајќи ги браќата Трповци со сето нивно семејство и палејќи им ја куќата.

По предавството, Чифтеов бил напуштен од својата сопруга која заминала кај својот татко во Гуменџе. Во 1924 година Чифтеов, заедно со Дини Вдришенов, Мицо Бекјара, Гоце Русев, Григор Љакинов, Григор Пишмишов, Дини Џаров и Леонид Граматиков ги ограбувал македонските иселеници на патот за Бугарија. Андартската чета собирала меѓу 5-20 илјади драхми [1].

  1. Бабев, Иван, „Македонска голгота - Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.498