Никола Харлаков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1874
Габрово
Починал 1927
Москва, Русија


Никола Харлаков (Габрово, 1874 - Москва, 1927) бил бугарски политичар и револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонскиот комитет и Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Габрово, Бугарија, каде што ја завршува Априлската гимназија. Уште како ученик станува член на месната социјалистичка дружина. Завршува природни науки во Киев. По враќањето работи како учител во педагошко училиште во Лом, но поради ширењето на социјалистички идеи му се одземени засекогаш учителските права.

Се вклучува во ВМОК и го уредување весникот „Реформи“. Се оддава на активна политичка дејност. Член е на ЦК на БРСДП и нејзин претставник во Меѓународното социјалистичко биро и секретар на Општиот синдикален работнички сојуз.

Во 1905 година ја формира групата на анархо-либерали, кои се исклучени од редовите на партијата. Се вклучува во левицата на ВМОРО и станува еден од нејзините идеолози.

Учествува во Балканските војни 1912-1913 и во Првата светска војна 1914-1918. Во 1919 по негова иницијатива е формирана Работничка комунистичка партија, која подоцна се влева во БКП (тс). Се зачленува во Македонската федеративна организација.

По државниот удар на 9 јуни 1923 емигрира во СССР, а потоа во Виена. Како претставник на БКП придонесува за потпишување на Мајскиот манифест [1].

Се вклучува во ВМРО (Обединета). Главен уредник е на печатениот орган на Балканската комунистичка федерација "La Federacion Balkanique" (1924-1927). Уредување и редица други весници и списанија: „Учителски другар“, „Почеток“ и други.

Умира во Москва во 1927 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Дечо Добринов, „Тодор Александров. Легендарният водач на ВМРО“, стр. 39.