Атанас Албански

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Atanas Albanski.JPG
Роден 1880
Горно Јеловце, Македонија
Починал 30 ноември 1943
Софија, Бугарија

Атанас Јакимов Албански бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, војвода и деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешна македонска револуционерна организација.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Албански е роден во 1880 година во гостиварското село Горно Јеловце. Завршува скопското егзархиско педагошко училиште и станува егзархиски учител во Скопје. Влегува во ВМОРО, и од страна на Организацијата бил избран за член на Скопскиот окружен револуционерен комитет. Во Илинденското востание учествувал како војвода на чета во Тетовско и Гостиварско. По востанието, во 1904 година бил избран за секретар на четата на војводата Ванчо Србаков, а во 1907 година, бил секретар на четата на војводата Иван Аљабакот.

По Првата светска војна од 1928 до 1934 година бил назначен за полномошник на Централниот комитет на ВМРО во Петрич.[2] Починал во Софија, Бугарија, во 1943 година.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 3
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 5.
  3. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 3