Мите Анастасов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мите Анастасов
Роден 1882
Којково, Кратовско, Македонија
Починал 14 октомври 1915
Ќустендил, Бугарија

Мите Анастасов (или Демо Анастасов) — македонски револуционер, кратовски војвода и деец на Македонската револуционерна организација.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Анастасов е роден во кратовското село Којково, тогаш во Отоманското Царство. Се вклучил во редовите на Организацијата во 1903 година. Извесно време бил терорист, а потоа бил избран за кратовски селски војвода. Подоцна бил избран за задграничен курир на Ќустендилскиот револуционерен пункт на ВМОРО.[2] Починал на 14 октомври 1915 година, во Ќустендил, Бугарија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје 2015, стр. 7
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 7.