Стефан Димитров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Stefan Dimitrov IMARO Zeleniche.JPG
Роден 1876
Зелениче, денес Грција
Починал 5 мај 1905
Гостиражни, Република Македонија

Стефан Димитров, познат како Вардарски, бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Четата на Стефан Димитров (втор легнат)

Стефан Димитров е роден во 1876 година во леринското село Зелениче, тогаш во Отоманската империја, денес Склитро, Грција. Основното образование го стекнал во родното Зелениче, а гимназија завршил во Пловдив, каде се спријатил со Стефан Николов Калфата. [1] Студирал математика при Софискиот универзитет, но во 1900 година го напушта и станува учител во Кукушкото трикласно училиште. Влегува во Македонската револуционерна организација.

Во мај 1901 година за време на Солунската афера бил уапсен од турската власт. Осуден е на 7 години затвор во Подрум Кале, но е амнестира во 1903 година по Илинденското востание. По враќањето станува четник при Апостол Петков во Ениџевардарско.

Во пролетта 1904 година од страна на Македонската револуционерна организација за војвода во Велешко на местото на убиениот Никола Дечев, каде негов подвојвода е Пењо Шиваров. Од 2 мај до 5 јуни Стефан Димитров е делегат на Прилепскиот конгрес, организиран од Даме Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев и други, со цел возбновување на револуционерната дејност која опаднала по Илинденското востание. Стефан Димитров влегува во расправија со Иван Наумов, кој бил близок со Борис Сарафов. Поради овие недоразбирања, револуционерната активност во Велешко била во стагнација.

На 2 јануари 1905 година, Стефан Димитров учествува на Скопскиот конгрес, на кој присуствувале уште Ефрем Чучков, Крсто Б'лгаријата, Атанас Бабата, Мише Развигоров, Петар Димитров Ангелов, Коста Нунков и други.

Зборна чета на Скопскиот конгрес. Војводите Ефрем Чучков, Мише Развигоров, Атанас Бабата, Стефан Димитров, Б'лгаријата, Петар Димитров Ангелов, Константин Нунков и други.
Споменикот "Паднати за слободата на Македонија" во Ќустендил со името на Димитров (28 во првата колона).

Во февруари 1905 година во село Богомила, Стефан Димитров се судрил со Григор Соколов - Љаме. Без жртви двете чети се повлекле, но на 15 април, со помош на Ќамил Ага, четата на Стефан Димитров ја разбила српската чета кај месноста Јавор, помеѓу селата Бистрица и Црешново.

Стефан Димитров загинал на 5 мај 1905 година кај селото Гостиражни по изненадувачки напад на четата на Григор Соколов. На неговото место како велешки војвода станува Панчо Константинов, а на помошникот на Димитров, Пењо Шиваров му било забрането да работи во Велешкиот реон [2][3][4]

Стефан Димитрове се спомнува во четничката песна Српска ми труба затруби во која е опеана борбата помеѓу просрпскиот македoнски војвода Јован Бабунски и Стефан Димитров:


Српска ми труба затруби у тово село Дреново. Спремте се спремте четници, Силна че борба да буде. Ој напред иде пред четом Јован Бабунски војвода, За њим иде пред четом Васил Велешки војвода. Извика Јован Бабунски: Држте го село оздола, Држте го село оздола Тува је Стеван Димитров! Извика Јован Бабунски: -Предај се море Стеване! Не ти се предавам, вардарски ја сам војвода! [5]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Кратка биография на Стефан Николов Калфата на сайта на ВМРО-БНД
  2. Куманов. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993.
  3. Аврамов, Стефан. "Революционни борби въ Азот (Велешко) и Поречието", Материали за историята на македонското освободително движение, книга X, Македонски Научен Институт, София 1929
  4. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 48.
  5. Ovu verziju pesme na maćedonskom jezikom, ostavio je u svojim zabeleškama Dragiša Stojadinović iz Zaječara,učesnik borbe,sa napomenom da je celu ispevao Jovan Grković Gapon na slavi Maćedonaca u Beogradu 1909