Глигор Соколов
Григор Соколов (иќ) | ||
Роден | 17 јануари 1870 Небрегово, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 29 јули 1910 Прилеп, Македонија |
Глигор Соколов Ламев (србизирано: Глигор Соколовиќ) — деец на македонското револуционерно движење, србоман, учесник во Мелничкото востание на Македонскиот комитет, четник на Македонската револуционерна организација, а подоцна се вклучува во Српскиот комитет на четничката акција.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Григор е роден околу 1870 година во прилепското село Небрегово. Останал без образование и бил самоук. Станал четник кај Дедо Димо и во 1895 година учествувал во Мелничкото востание на Македонскиот комитет.
Во 1897 година бил четник кај Ст. Павлов во Кратовско, а во 1900 година бил во четата на Мирче Ацев во Прилепско. Во текот на Илинденското востание бил четник во обединетата чета на Сотир Атанасов, Атанас Мурџев, Никола Пушкарев, Крсто Лазаров, Димитар Ганчев и други.
По расправијата со војводата Мурџев заминал за Србија и таму од страна на Милорад Гоќевац бил вклучен во Српскиот комитет на четничката акција [2]. По вклучувањето во Српскиот комитет организирал чета составена од разни компромитирани работници на Македонската револуционерна организација.
Во текот на летото 1904 година Боби Стојчев, по барање на Борис Сарафов, му дозволил Григор да има пристап до курирските служби на Македонската револуционерна организација. Григор себеси се претставувал за војвода на чета која била испратена од македонското друштво во Ниш.[3]
Григор Соколов ги елиминирал војводите од Македонската револуционерна организација Стефан Димитров, Панчо Константинов, Георги Ацев, а по негова наредба е убиен и војводата Петар Радев - Пашата.
Григор Соколов е убиен на патот од Прилеп за Небрегово во јули 1910 година од турскиот терорист Шериф (или Шукри),[4] поврзан со деецот на Македонската револуционерна организација, Петар Ацев.
Неговиот најстар син Андон бил доброволец во српската армија во текот на Првата балканска војна [5]. Блаже Конески е внук на Глигор Соколов.
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 152.
- ↑ Кръстю Лазаров, Спомени
- ↑ Христо Силянов, Освободителните борби на Македония, Том II, стр. 290
- ↑ Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 359.
- ↑ „Кратка биография“. Архивирано од изворникот на 2015-11-06. Посетено на 2010-12-20.