Георги Ацев
Роден | 1883 Ореовец, Прилепско, Отоманска империја (денешна ![]() |
---|---|
Починал | 25 јуни 1906 Крапа, (денешна ![]() |
Георги Гога Ацев ( 1883, Ореовец Прилепско - 25 јуни 1906, Крапа, Поречко), познат и како Срцето[1][2] — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и прилепски војвода на Македонската револуционерна организација.[3]
Биографија[уреди | уреди извор]
Георги Ацев е роден во текот на мај 1883 година во прилепското село Ореовец, тогаш во Отоманската Империја. Завршил во Скопското бугарско педагошко училиште, а потоа станал учител во Тиквешкото село Страгово.[4]
Стапил во редовите на ВМОРО пред Илинденското востание, во кое неговите браќа Мирче и Петар бил војводи. Зимата 1904 година станал четник во четата на брат му Петар, а од 1905 година, по заминувањето на Петар Ацев за Бугарија, го заменил, и станал војвода на четата.[4] Георги Ацев водел редица борби со османлиските чети, како и со чети на српската и грчката пропаганда во Македонија.
Во текот на летото 1905 година, кај селото Полог ја разбил андартската чета од 25 души од блиските гркомански села,[5], веројатно четата на Петар Сугарев.
Во текот на летото 1906 година, бил предаден при акција во поречкото село Крапа, а четата му бил нападната од четата на Глигор Соколов. При престрелката со српските чети на планината Даутица, бил ранет, и за да не биде фатен жив, се самоубил.[6][7]
Галерија[уреди | уреди извор]
Георги Ацев, Наум Јосифов и Петар Георгиев
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 65
- ↑ Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.94
- ↑ Енциклопедија ВМРО, Скопје 2015, стр. 24
- ↑ 4,0 4,1 Ацев, Петър. Спомени, Софија 2011, с. 109-110.
- ↑ Силянов, Христо. Освободителните борби на Македония, том 2, Софија, 1943, стр. 212
- ↑ Енциклопедия „България“, том 1, Издателство на БАН, Софија, 1978, стр. 161.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, Софија, 2001, стр. 13.