Павел Делирадев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Павел Делирадев.jpg
Роден 15 февруари 1879
Панаѓуриште, Бугарија
Починал 9 февруари 1957
Софија, Бугарија

Павел Димитров Делирадев бил бугарски општестевник, публицист и револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација, близок до Серската група, еден од основачите на Народната федеративна партија и деец на ВМРО (Обединета) [1][2][3][4].

Биографија[уреди | уреди извор]

Го завршува Панаѓурското четирикласно училиште и Столарското училиште во Русе, а потоа учи географиja вo Софија. Основач е на социјалистичките организации во Панаѓуриште и Русе. Во 1903 година основа Општ работнички синдикален соjуз. Работи како редактор во различни левичарски весници, публикува статии за Руската револуциja. Павел Делирадев e секретар на четата на Јане Сандански, близок приjaтел со Павел Шатев.

Учествува во создавањето на Народната федеративна партиja, го изработува неjзиниот устав и програма, а по тоа се приклучува кон ВМРО (обединета). За време на Првата светска воjна е бугарски офицер. По воjните е еден од организаторите на туризмот во Бугариja. Еден е од основачите на алпинизмот и пештерското дело.

Има научни придонеси во географиjaта, геологиjaта, медицината, биологиjaта и др. Автор е на повеќе од 50 книги научна, научно-популaрна и патеписна литература, 15 политички брошури и над 2 500 статии. Редактира неколку весници и магазини и е нивни соработник. Прв минува по билото на Стара планина во 1933 година, кога е на 54 години и за триесе дена минува повеќе од 700-те километра до морето. Делирадев е автор на неколко научни книги за бугарските планини – Витоша (1926), Осогово (1927), Рила (во два тома, 1928, 1932), Родопите (1937) и др., на трудове со историско-етнографски карактер како Принос към историческата география на Тракия (во два тома, 1953) и др. Лауреат е на Димитровска награда во 1950 г. Делирадев во месечното списание Македонска мисла, орган на Македонскиот научен институт во 1945 година истакнал:

Повелбата на новото време е: секој, којшто живее во Македонија, може и треба да са чувстува пред се и над се како Македонец. [5]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Шатев, Павел, „В Македония под робство“, Трето издание, Изд. на Отеч. фронт, София, 1983 г.
  2. Сайт на хижа Павел Делирадев.
  3. „130 години от рождението на Павел Делирадев честват в Панагюрище“, Нешънал Джеографик БГ, 16.02.2009
  4. Кратка биография на Павел Делирадев от сайта http://znam.bg
  5. Македонска мисла, месечно списание, орган на Македонскиот научен институт, книга 1 и 2, јули - август, 1945, Софија, страна 14.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]