Илија Јосифов
Илија Јосифов | ||
Роден | 1888 Охрид, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 8 декември 1914 Бабуна, Бугарија |
Илија Јосифов Митрев — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Јосифов е роден во градот Охрид, тогаш во Отоманското Царство. Син е на Баба Крста, чија куќа е основен штаб на ВМОРО во градот, и која е постојано приведувана од турските, а подоцна и од српските власти. Брат е на Наум Јосифов и Владимир Јосифов, исто така учесници во македонското револуционерното движење. Влегува во ВМОРО и првично е терорист на организацијата. Во 1907 година станува четник и беше помошник на војводата Славејко Пирчев.
Во 1909 за време на Младотурскиот режим е уапсен, осуден на 3 години и затворен во Битола. По ослободувањето на почетокот на 1912 година Јосифов учествува во нападот во Банк Салоник во Битола, излегува во илегала и станува горски војвода. Учествува во Првата балканска војна во Трета посебна партизанска чета на Македонско-одринското ополчение, на чело со Петар Чаулев, учествувала во ослободувањето на Битола. По Втората балканска војна во 1913 година српските власти го уапсиле и во 1914 година го убиваат на патот од Битола за Прилеп во планината Бабуна [1].
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 68.