Георги Варналиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Георги П. Варналиев, со псевдоним Морел, бил македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Георги Варналиев е роден во Велес, тогаш во Отоманската империја. Завршува четврто одделение во егзархиската машка гимназија во Солун. Во 1895 година учителстувал во Кичево и истовремено е член на првиот револуционерен комитет на ВМОРО. Потоа предава во Велес, потоа во Радовиш, каде што е претседател на локалниот револуционерен комитет. Како таков го претставува Радовишки револуционерен реон на Солунскиот конгрес од 1903 година, кога е донесена одлука за кревање на Илинденското востание. Подоцна предава во Струмица, каде и умира на 30 мај 1919 година [1].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 24.