Илија Бижев
Илија Бижев | ||
Роден | 10 јули 1882 Крушово, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 14 ноември 1966 Софија, Бугарија |
Илија Бижев — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Илија Бижев е роден на 22 јули 1882 година селото Крушово, тогаш во Отоманското Царство. Неговиот брат е Никола Бижев, еден од главните водачи на ВМОРО во Крушево, а Димитар Гуштанов му е близок пријател.
Учи во Серското педагошко училиште, кое завршува во 1903 година. На 18 годишна возраст Илија Бижев се приклучува на ВМОРО. Помага во зајакнувањето на просветното дело во Демирхисарско и Серско, а особено го помагал револуционерниот кружок во педагошка школа. Во 1903 година е избран за раководител на Демирхисарскиот околиски револуционерен комитет. Бил уапсен и лежи во солунскиот затвор Еди куле во 1905-1906 година.
По Младотурската револуција заедно со Стојо Хаџиев е делегат на Демирхисарско во создавањето на Народната федеративна партија во 1909 година. Учествува во походот кон Цариград, заедно со Јане Сандански, Христо Чернопеев, Тодор Паница, Чудомир Кантарџиев, Таската Серски, при детронирането на Абдул Хамид II.
По Втората балканска војна, заедно со своето семејство и помалиот брат Иван, се населил во Мелник во 1914 година. Учествува во Првата светска војна и потоа трајно се населил во Петрич. По 1920 година е член на Окружната постојана комисија во Петрич.
Илија Бижев се занимава со учителството и трговија, а исто така е помошник-адвокат и општественик. Во 1924 година е соосновач на тутунската корпорација "Самуилова тврдина" во Петрич, заедно со Иван Ангов и други. Следната година отвора тутунска фабрика со истото име во Софија и е нејзин прв директор.
Умира во Софија во 1966 година [1][2].
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ „Известия на НИМ, Том XVII, 2006, Олга Янева, „Непознатият Илия Бижев", стр.95-107“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-02-16. Посетено на 2012-03-08.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 18.