Прејди на содржината

Абдул Хамид II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Абдул Хамид II
Султан на Османлиското Царство
Калиф
Чувар на двете свети џамии
Амир ал-муминин
Абдул Хамид II во 1868
Reign31 август 1876 – 27 април 1909
претходникМурат V
наследникМехмед V
Султан
Роден(а)21 септември 1842[1][2]
Топкапи-сарај, Цариград
Починал(а)10 февруари 1918
Беглербеговски дворец, Цариград
Почивалиште
Гроб на султан Махмуд II, Фатих, Истанбул
ПридружникНазикеда Кадин Ефенди
Сафиназ Нурефзун Ефенди
Бедрифелек Кадин Ефенди
Бијдар Кадин Ефенди
Дилпесенд Кадин Ефенди
Мезиде Местан Кадин Ефенди
Есмалинур Кадин Ефенди
Мушфика Кадин Ефенди
Сазкар Ханим Ефенди
Пејвесте Ханим Ефенди
Фатма Ханим Ефенди
Behice Hanım Efendi
Салиха Кадин Ефенди
Era name and dates
Распад на Отоманското Царство: 1792–1923
династијаОтоманска династија
ТаткоАбдул Меџид I
МајкаТиримуџан султан
Вероисповедислам
туграАбдул Хамид II's signature

Абдул Хамид II (османски турски: عبد الحميد ثانی, `Abdü’l-Ḥamîd-i-sânî; турски: İkinci Abdülhamit, роден на 21 септември 1842 година во Истанбул - починал на 10 февруари 1918 година во Истанбул) — 34-тиот султан на Отоманското Царство во периодот од 1876 до 1909 година, и послееден султан кој имал целосна контрола врз царството.[3]. Владеел во периодот на распаѓање на царството исполнет со постојани востанија, особено на Балканскиот Полуостров, и имал неуспешна војна против Руското Царство проследена со успешната војна против Грција во 1897 година. Абдул Хамид II владеел од 31 август 1876 година, сè додека не бил соборен во времето на Младотурската револуција во 1908 година, на 27 април 1909 година. Во согласност со договорот постигнат со републиканските Младотурци, тој го објавил првиот Османлиски устав од 1876 година на 23 декември 1876 година[4]. Сепак, во 1878 година, повикувајќи се на несогласувања со парламентот, тој го суспендирал и краткотрајниот устав и парламентот[4].

Модернизацијата на Отоманското Царство се случила за време на неговото владеење, вклучително и реформи во бирократијата, проширување на Румелиските железници и Анадолските железници, изградба на железничката линија Багдад-Берлин и железничката пруга Хеџаз. Покрај тоа, бил воспоставен систем за регистрација на населението и контрола врз печатот, заедно со првото локално модерно правно училиште во 1898 година. Најмногу далекусежни реформите биле спроведени во образованието: биле основани многу стручни училишта во областа на уметноста, занаетчиството, градежништвото, ветеринарната медицина, обичаите, земјоделството и лингвистиката. Иако Абдул Хамид го затворил Истанбулскиот универзитет во 1881 година, тој бил повторно отворен во 1900 година, а мрежата на средни, основни и воени училишта била проширена низ целото царство. Железничките и телеграфските системи биле развиени првенствено од германски фирми. За време на неговото владеење, Отоманското Царство стигнало до услови на банкрот, што довело до формирање на Отоманската управа за јавен долг во 1881 година.

Во странство, султанот Абдул Хамид II бил наречен „Црвениот султан“ или „Крвавиот султан[5] заради масакрите врз Ерменците за време на неговото владеење и употребата на тајната полиција за замолчување на дисидентите и Младотурците[6][7]. Сепак, според неговите приврзаници, овие настани биле обиди за клевета иницирани против султанот од неговите непријатели и противници[8][9][10], а неговата нација и лојалните граѓани го нарекувале Големиот Каган (турски: Ulu Hakan) главно поради неговите големи напори за модернизација и зачување на царството во тогашните тешки времиња[11][12][13][14]. Меѓу многуте обиди за атентат предводени против него, најпознат е обидот за атентат во џамијата Јилдиз во 1905 година од Ерменската револуционерна федерација[15].

Рани години

[уреди | уреди извор]

Абдул Хамид II е роден на 21 септември 1842 година во палатата Топкапи. Тој бил син на султанот Абдул Меџит I[1] и Тиримуџан султан, со родено име Вирџинија[16]. По смртта на неговата мајка, тој подоцна бил посвоен од легалната сопруга на неговиот татко, Пересту султан. Пересту исто така ја прифатила и неговата полусестра Џемиле султан, чија мајка починала во 1845 година, оставајќи ја без мајка на двегодишна возраст. Двајцата биле израснати во исто домаќинство каде го поминале детството заедно[17].

Тој бил квалификуван столар и лично изработувал мебел со висок квалитет, што може да се види денес во дворецот „Јилдиз“, „Сале Коску“ и палатата „Бејлербег“ во Истанбул. Абдул Хамид бил заинтересиран и за операта и лично ги напишал првите турски преводи на многу оперски класици. Тој, исто така, составил неколку оперски парчиња за „Mızıka-yı Hümâyun“ (Отоманскиот царски оркестар, кој бил основан од неговиот дедо Махмуд II кој го назначил Доницети-паша за свој генерален инструктор во 1828 година), а бил домаќин и на познатите изведувачи од Европа во оперската куќа во Јилдиз, која била обновена во 90-тите и била прикажана во филмот „Последниот харем“ во 1999 година (филмот започнува со сцената на Абдул Хамид II, гледајќи претстава). За разлика од многу други отомански султани, Абдул Хамид ги посетил далечните земји. Девет години пред да го преземе престолот, го придружувал неговиот чичко, султанот Абдул Азис во посета на Париз (30 јуни - 10 јули 1867), Лондон (12–23 јули 1867 година), Виена (28-30 јули 1867 година) и во главните градови на голем број други европски земји во летото 1867 година (тие заминале од Цариград на 21 јуни 1867 година и се вратиле на 7 август 1867 година)[18].

Качување до престолот

[уреди | уреди извор]
Портрет од Абдул Хамид на млади години.

Абдул Хамид се искачил на престолот по детонирањето на неговиот брат Мурат V на 31 август 1876 година[1][19]. При неговото пристапување, некои биле импресионирани дека тој се возел практично без надзор кон џамијата Ејп Султан, каде му бил предаден мечот на Осман. Повеќето луѓе очекувале Абдул Хамид да ги поддржи либералните движења, но во времето кога се качил на престолот во 1876 година, неговото царство се наоѓало во многу тежок и критичен период, исполнет со економски и политички превирања, локални војни на Балканот и Руско-турската војна од 1877–78 година. Сите овие настани го голема мера го заплашувале самото постоење на Отоманското Царство. Абдул Хамид ги искористил овие тешки времиња исполнети со војна за да го рекреира апсолутистичкиот режим и да го распушти парламентот, узурпирајќи ја целата политичка моќ сè до неговото соборување.

Прва уставна ера (1876–1878)

[уреди | уреди извор]
Seal of Sultan Abdul Hamid II

Абдул Хамид работел со Младотурците за да реализира некаков вид уставно уредување[20]. Оваа нова форма требало да помогне да се реализира либералната транзиција со исламски аргументи. Младотурците сметале дека современиот парламентарен систем е практика која постоела во раниот ислам[21].

На 23 декември 1876 година, поради востанието во 1875 година во Босна и Херцеговина, војната со Србија и Црна Гора и чувството предизвикано во цела Европа од суровоста користена во текот на Бугарското востание, Абдул Хамид прифатил да биде донесен устав и да биде воспоставен парламент[1]. Западните сили на Меѓународната конференција во Цариград[22][23] кон крајот на 1876 година биле изненадени од објавувањето на уставот, но европските сили на конференцијата го отфрлиле, претпочитајќи го уставот од 1856 година, Хатихамајун и Хатишериф од 1839 година, но се сомневале дали има потреба парламентот да дејствува како службен глас на народот.

Но, како и многу други можни реформи во Отоманското Царство, и овие се покажале како скоро невозможни за спроведување. Русија продолжила да се мобилизира за војна. Сепак, сè се променило кога британската флота се приближила до главниот град во Мраморно Море. Во почетокот на 1877 година, Отоманското Царство влегло во војна со Руското Царство.

Распаѓање

[уреди | уреди извор]
Отоманските сили во судир со силите на Романија во Опсадата на Плевен (1877) во текот на Руско-турската војна
Бегство на Черкешки муслимани поради инвазијата на Русија на Кавказот.

Најголемиот страв на Абдул Хамид била објавената војна на Русија на 24 април 1877 година. Во тој судир, Отоманското Царство се борело без помош од европски сојузници. Рускиот канцелар, принцот Горчаков, успеал да ја добие австриската неутралност со Договорот од Рајхштат. Британското Царство, кое сè уште се плашело од руската закана за британската доминација во Јужна Азија, не се вклучило во судирот заради јавното мислење против Османлиите, по извештаите за отоманската бруталност при задушувувањето на Бугарското востание. Руската победа била бргу реализирана; судирот завршил во февруари 1878 година. Договорот од Сан Стефано, потпишан на крајот на војната, наметнал сурови услови: Отоманското Царство дало независност на Романија, Србија и Црна Гора, доделила автономија на Бугарија, вовело реформи во Босна и Херцеговина, отстапило делови од Добруџа на Романија и делови од Ерменија на Русија, за кое и било исплатено огромно обесштетување. По војната со Русија, Абдул Хамид го укинал уставот во февруари 1878 година и го распуштил парламентот во март 1877 година. Во следните три децении, со Отоманското Царство управувал Абдул Хамид II од палатата Јилдиз[1].

Бидејќи Русија би можела да доминира во ново независните држави, влијанието на земјата во Југоисточна Европа било значително зголемено со Договорот од Сан Стефано. Поради инсистирање на Големите сили (особено Велика Британија), договорот подоцна бил ревидиран преку Берлинскиот Конгрес, со цел да се намалат големите предности што ги стекнала Русија. За возврат на овие услуги, Кипар бил „изнајмен“ на Велика Британија во 1878 година. Проблеми постоеле и во Египет. Абдул Хамид ги злоупотребил односите со Ураби-паша, и како резултат на тоа, Велика Британија се здобила со виртуелна контрола над Египет и Судан со испраќање на своите трупи во 1882 година со изговор „да донесе ред“ во тие провинции. Кипар, Египет и Судан останале османлиски провинции единствено „на хартија“ сè до 1914 година кога Велика Британија официјално ги анектирала тие територии како одговор на османлиското учество во Првата светска војна на страната на Централните сили.

Земјата се соочувала и со проблеми поврзани со албанското прашање поставено преку Албанската лига во Призрен и со грчките и црногорските граници, и самото спроведување на одлуките од Берлинскиот Конгрес.

Обединувањето во 1885 година на Бугарија со Источна Румелија претставувало уште еден удар. Создавањето независна и моќна Бугарија се сметало за сериозна закана за Отоманското Царство. За многу години Абдул Хамид морал да се справи со Бугарија на начин што не антагонизирал ниту со руските, ниту со германските желби.

На Крит му биле доделени „проширени привилегии“, но овие не го задоволиле населението, кое барало обединување со Грција. Во почетокот на 1897 година, грчка експедиција, пловела кон Крит за да го собори османлиското владеење на островот. Овој чин бил проследен со војна, во која Отоманското Царство ја победило на Грција. Но, како резултат на Договорот од Цариград, Крит бил преземен од страна на Велика Британија, Франција и Русија. Принцот Ѓорѓи бил назначен за владетел на Крит, и островот бил ефикасно изгубен за Османлиите засекогаш. Амилија, револт во 1889-90 година меѓу Друзите и други Сиријци против ексцесите на локалните шеици, на сличен начин довел до капитулација на барањата на бунтовниците, како и отстапки за белгиските и француските компании да ја обезбедат областа преку железнички услуги.

Ерменско прашање

[уреди | уреди извор]

Кон почетокот на 1890-тите, Ерменците започнале да бараат од османлиските власти спроведување на реформите кои биле предвидени според Берлинската конференција[24]. Според Берлинскиот конгрес (член 61) од јули 1878 година Високата порта била обврзана да воведе "без одложување поголеми подобрувања и реформи што се бараат од локалните услови во областите населени со Ерменци, и да обезбеди нивната безбедност од Черкезите и Курдите". За да се спречат ваквите мерки, во 1890–91 година, султанот им дал посебен статус на Курдите (како и други етнички туркменски групи) и тие биле вооружени од државата и им било овозможат слободно да го напаѓаат ерменското население, конфискувајќи продавници со жито, храна и добиток, уверени дека ќе ја избегнат казната. Со оглед на ваквото насилство, Ерменците основале револуционерни организации, како Социјалдемократската партија (основана во Швајцарија во 1887 година) и Ерменската револуционерна федерација (основана во 1890 година во Тифлис)[25].

Судирите се случиле во 1892 година во Мерзифон и во 1893 година во Токат. Абдул Хамид не се двоумел дали да ги заштити овие бунтови, користејќи ги локалните муслимани (во повеќето случаи Курди) против Ерменците[26] Неуспешните протести довеле масакар врз ерменското население, каде загинале околу 300.000 Ерменци[27]. Веста за ерменските масакри била широко распространета во Европа и САД и привлекла силен одговор од странските влади и хуманитарни организации[28]. Поради овите настани, султанот бил наречен Крвав султан или „Црвен султан“. На 21 јули 1905 година од страна на Ерменската револуционерна федерација во џамија Јилдиз бил извршен неуспешен атентат врз султанот. Ерменските револуционери планирале експлозивот да биде сокриен во кочија која требало да биде паркирана пред џамијата и експлозивот да се активира кога султанот ќе ја напушти џамијата. Кочијата била управувана од Зарех, учесник во зазимањето на отоманската банка. Кога кочијата пристигнала пред џамијата Зарех го поставил тајмерот за планираните 42 секунди според кој султанот требало да се приближи, но султанот се задржал во разговорите со шејк ул-исламот. Бомбата била фрлена врз султанот но тој останал неповреден, а од експлозијата загинале 26 луѓе на султанот, самиот атентатор а повеќе од 50 биле повредени[29] .

Германска поддршка

[уреди | уреди извор]
Абдул Хамид се обидел да кореспондира со кинеските муслимани да стапат во служба на царската армија на чело со генералот Донг Фуксианг

Тројната Антанта составена од Велика Британија, Франција и Русија ги продолжила затегнатите односи со Отоманското Царство. Абдул Хамид и неговите блиски советници сметале дека царството треба да се третира како рамноправен играч од овие големи сили. Според султанот, Отоманското Царство е европско царство, различно по тоа што имало повеќе муслимани од христијани.

Со текот на времето, нивната перципирана агресија од Франција (окупацијата на Тунис во 1881 година) и Велика Британија (грабежот на власта во 1882 година во Египет) предизвикало Абдул Хамид да се сврти кон Германија. Кајзерот Вилхелм II двапати му бил домаќин на Абдул Хамид во Цариград. Најпрвин на 21 октомври 1889 година, а девет години подоцна, на 5 октомври 1898 година. (Вилхелм II подоцна го посетил Цариград за трет пат, на 15 октомври 1917 година, како гостин на Мехмед V). Германските офицери (како Колмар фон дер Голц) биле вработени за да ја надгледуваат организацијата на османлиската војска.

Германските владини претставници биле донесени за да ги реорганизираат финансиите на Отоманската влада. Покрај тоа, германскиот цар го советувал Абдул Хамид II во неговата контроверзна одлука да го назначи својот трет син за негов наследник[30]. Пријателството на Германија морало да се негува со концесии за железница и заеми. Во 1899 година на Германија и била доделена задачата да ја изгради железничката пруга Берлин-Багдад[1].

Кајзерот Вилхелм исто така побарал помош од султанот кога имал проблеми со кинеските муслимански трупи. За време на т.н. Боксерско востание, кинескиот муслиман Кансу Бравес се борел против германската армија. Муслиманите ги поразиле силите на Алијансата предводени од германскиот капетан фон Местемом на Битката кај Лангфанг во 1900 година и ги опколиле и заробиле силите на Алијансата. Кајзерот Вилхелм бил толку вознемирен од кинеските муслимански трупи што побарал Абдул Хамид да најде начин да ги спречи муслиманските трупи да се борат против него. Абдул Хамид се согласил на барањата на кајзерот и го испратил Енвер-паша во Кина во 1901 година, но бунтот веќе бил готов до тоа време[31].

Втора уставна ера, 1908 година

[уреди | уреди извор]
Отворање на првиот отомански парламент.
Грчките литографи ја прославуваат Младотурската револуција во 1908 година и Втората уставна ера
Српски извештај за хаотичната ситуација во Цариград: борби да се собори султанот Абдул Хамид II. (7 април 1909)

Во летото 1908 година избувнала Младотурската револуција и Абдул Хамид, откако дознал дека трупите во Солун маршираат кон Истанбул (23 јули), наредил следниот ден на 24 јули, обновување на суспендираниот устав од 1876 година и ослободување на политички затвореници.[32]

На 17 декември, Абдул Хамид го отворил османлискиот парламент со говор од престолот во кој рекол дека првиот парламент „бил привремено распуштен сè додека образованието на луѓето не било донесено на доволно високо ниво со проширувањето на наставата низ целото царство.”

Контра-преврат, 1909 година

[уреди | уреди извор]

На 13 април 1909 година избувнало востание против Младотурците. Младотурците биле истерани од парламентот и од владата, а голем дел од младотурските водачи биле убиени. Оние кои побегнале, свое засолниште нашле во Солун каде решиле овој револт да биде уништен. За таа цел била основана т.н. Армија на акцијата во која учествувале и Јане Сандански, Тодор Паница и Христо Чернопеев заедно со уште 1.200 македонски револуционери. По тридневни борби, на 24 април, контрареволуцијата била совладана. На 27 април султанот Абдул Хамид II бил сменет, а за нов султан бил поставен Мехмед Решад V[33].

Во времето на контра-превратот се случил итн. масакр во Адана[34], кој довел до убивање на христијански Ерменци во провинцијата Адана[35]. Според проценките во масакрот биле убиени од 15,000 до 30,000 Ерменци[34][36][37][38]. Масакрот се случил главно поради тоа што јавно го поддржале бунтот против отоманскиот султан Абдул Хамид II.

Детонирање и последици

[уреди | уреди извор]
Мавзолејот (турбе) на султаните Махмуд II, Абдулазис, и Абдул Хамид II, на улицата Диванјолу во Истанбул

Поранешниот султан бил пренесен во заробеништво во Солун[32]. Во 1912 година, кога Солун бил вклучен во составот на Грција, тој бил вратен од заробеништво во Цариград. Последните денови ги поминал читајќи и пишувајќи ги своите мемоари во притвор во Беглербеговскиот дворец на Босфорот, во друштво со неговите сопруги и деца, каде што починал на 10 февруари 1918 година, само неколку месеци пред неговиот брат Мехмед V да почине. Тој бил погребан во Истанбул.

Во 1930 година, на неговите девет вдовици и тринаесет деца им биле дадени 50 милиони американски долари од неговиот имот, по судската постапка што траела пет години. Неговиот имот вредел 1,5 милијарди американски долари[39].

Абдул Хамид бил последниот султан на Отоманското Царство кој имал апсолутната моќ.

Идеологија

[уреди | уреди извор]

Пан-исламизам

[уреди | уреди извор]

Абдул Хамид верувал дека идеите на Танзимат не можат да ги доведат различните народи на царсвото до заедничкиот идентитет, како што е османлизмот. Тој усвоил нов идеолошки принцип, Пан-исламизам, бидејќи отоманските султани од 1517 година биле номинално калифи. Тој ја согледал огромната разновидност на народите во Отоманското Царство и верувал дека исламот е единствениот начин да се обедини неговиот муслимански народ.

Тој го охрабрил пан-исламизмот во земјата и сакал да го пренасочи народот да се обедини против европската колонизација. Ова им се заканувало на неколку европски земји, имено Австрија преку албанските муслимани, Русија преку Татарите и Курдите, Франција преку мароканските муслимани и Велика Британија преку индиските муслимани[40]. Така биле намалени привилегиите на странците во Отоманското Царство, кои претставувале пречка за ефикасна влада според султанот. На самиот крај на неговото владеење, тој конечно обезбедил средства за да започне со изградба на стратешки важната железничка пруга Цариград-Багдад и железничката пруга Цариград-Медина, со што патувањето во Мека за станало поефикасно. Откако тој бил сменет, изградбата на двете железници била забрзана и завршена од страна на Младотурците. Голем број на мисионери биле испратени во далечни земји проповедајќи го исламот и превласта на Калифот[32]. За време на неговото владеење, Абдул Хамид ги одбил понудите на Теодор Херцл да му исплати значителен дел од отоманскиот долг (150 милиони фунти во злато) во замена за повелба што им дозволува на ционистите да се населат во Палестина. Тој е славно цитиран како му кажува дека „сè додека сум жив, нема да го поделам нашето тело, само нашиот труп можат да го поделат[41]“.

Пан-исламизмот имал значителен успех. После Грчко-турската војна, многу муслимани ја славеле победата и ја сметале османлиската победа како победа на муслиманите. Честите востанија и европската колонизација во весниците биле тема на објава во муслиманските региони по војната[40][42]. Сепак, апелите на Абдул Хамид кон муслиманското население не биле секогаш ефикасни заради широко распространетото незадоволство во рамките на царството.

Политички одлуки и реформи

[уреди | уреди извор]
Абдул Хамид II

Повеќето луѓе очекувале Абдул Хамид да има либерални идеи, а некои конзервативци биле склонети да го сметаат султанот како опасен реформатор[33]. Сепак, и покрај тоа што работел со реформистичките Младотурци, додека сè уште бил крунски принц и се појавувал како либерален водач, тој станал сè повеќе конзервативен веднаш по преземањето на престолот како реакција на неколку неуспешни обиди за атентат. Стандардно државните средства, празната ризница, востанието од 1875 година во Босна и Херцеговина, војната со Србија и Црна Гора и чувството предизвикано низ цела Европа од суровоста на владата на Абдул Хамид во печатот поради настаните во Бугарското востание, придонеле за негово забавување на реформите[33].

Абдул Хамид имал многу други успеси. Финансискиот срам го натерал да се согласи на надворешната контрола над отоманскиот национален долг. Во декрет издаден во декември 1881 година, голем дел од приходите на царството биле предадени на Управата за јавни долгови во корист на (претежно странски) сопственици на обврзници.

Со текот на годините, Абдул Хамид успеал да ги намали своите министри, а тој голем дел од администрацијата го концентрирал во свои раце во дворецот Јилдиз. Сепак, внатрешното разидување не се намалено. Крит постојано се наоѓал во превирања. Грците кои живееле во границите на Отоманското Царство постојано биле незадоволни, заедно со Ерменците[33].

Недоверба на Абдул Хамид кон реформските адмирали на Османлиската морнарица (во која тој се сомневал дека заговарала против него и се обидела да го врати уставот од 1876 година) и неговата последователна одлука да ја заклучи османлиската флота (која се рангирала како 3-та најголема флота во светот за време на владеењето на неговиот претходник Абдул Азис) во Златниот Рог предизвикало загуба на османлиските прекуокеански територии и острови во Северна Африка, Средоземното Море и Егејското Море за време и по неговото владеење[43].

Неговиот притисок за образование резултирал со формирање на 18 стручни училишта, а во 1900 година бил основан Дарулфун, сега познат како Истанбулски универзитет[1]. Тој исто така создал и голем систем на средно, основно и воено училиште низ целото царство. 51 средно училиште биле изградени во период од 12 години (1882-1894). Бидејќи целта на образовните реформи во ерата на Хамид биле да се спротивстави на странското влијание, овие средни училишта користеле европски наставни техники, но сепак вградиле во рамките на учениците силно чувство за османлиски идентитет и исламски морал[44].

Абдул Хамид исто така го реорганизирал и Министерството за правда и развил железнички и телеграфски системи[1]. Телеграфскиот систем се проширил и ги вклучил и најоддалечените делови на земјата. Преку железничка пруга биле поврзани Цариград и Виена до 1883 година, а набргу потоа Ориент експрес го поврзал Париз со Цариград. За време на неговото владеење, железниците во рамките на Отоманското Царство се прошириле, поврзувајќи ја османлиската Европа и Анадолија со Цариград. Зголемената можност за патување и комуникација во рамките на Отоманското Царство служело за зајакнување на влијанието на Цариград врз остатокот од земјата[44].

Безбедносни мерки

[уреди | уреди извор]

Абдул Хамид презел строги мерки за неговата безбедност. Споменот од детонирањето на Абдулазиз му бил во блиско сеќавање. Информациите биле строго контролирани и печатот бил строго цензуриран. Наставната програма на училиштата бил предмет на тесен преглед за да се спречи дисиденцијата. Иронично, училиштата што Абдул Хамид ги основал и се обидел да ги контролира, станале „причини за незадоволство“, бидејќи учениците и наставниците, исто така, се спротивставиле на несмасните ограничувања на цензорите[45].

Фотографии од Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Загрозен од неколку обиди за атентат, Абдул Хамид не патувал често (иако повеќе од многу претходни владетели). Фотографиите даваат визуелен доказ за тоа што се случувало во неговата област. Тој нарачил илјадници фотографии од своето царство, вклучително и од Цариградското студио на Жан Паскал. Султанот им подарил големи албуми со фотографии на разни влади и шефови на држави, вклучувајќи ги САД[46] и Велика Британија[47]. Американската колекција е сместена во Библиотеката на Конгресот и е дигитализирана[48].

Во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Филмот „Проклетиот Абдул“ (1935) прикажува време близу крајот на животот на султанот. „Последниот султан: Абдулхамид“ е турска историска телевизиска драмска серија која го прикажува владеењето на Абдул Хамид.

Личен живот

[уреди | уреди извор]
Примерок од неговата ракописна поезија на персиски јазик

Абдул Хамид II е роден во палатата Чираган, Ортаќој или во палатата Топкапи, во Истанбул, како син на султанот Абдул Меџит I и една од неговите многубројни сопруги Тиримуџан султан.[49][50]. Тој подоцна бил посвоен од легалната сопруга на неговиот татко, Пересту султан. Тој бил квалификуван столар и лично го изработил најголемиот дел од сопствениот мебел, што може да се види денес во палатата Јилдиз во Цариград. Абдул Хамид бил заинтересиран и за операта и лично ги напишал првите турски преводи на многу оперски класици. Тој, исто така, компонирал неколку оперски парчиња за „Mızıka-ı Hümayun “ што ги основал, и бил домаќин на познатите изведувачи на Европа во Операта на дворецот Јилдиз, која неодамна била обновена и прикажана во филмот Harem Suare (1999). Тој исто така бил обожавател на глумицата Сара Бернар и ја донел во својот приватен театар во повеќе наврати[51].

Според мислењето на Ф. А. К. Јасаме[52]:

Тој беше впечатлив амалгам на решеност и срамежливост, на увид и фантазија, кој се одржуваше заедно со огромна практична претпазливост и инстинкт за основите на моќта. Честопати беше потценуван. Судејќи според неговиот запис, тој бил сериозен домашен политичар и ефикасен дипломат.[53]

Тој, исто така, бил добар во пеливански борби и „заштитник“ на борачите. Тој организирал боречки турнири во царството и избраните борачи биле канети во палатата. Абдул Хамид лично ги испробувал спортистите, а добрите останувале во палатата.

Религија

[уреди | уреди извор]
Турга (потпис) на Абдул Хамид II[54]

Султанот Абдул Хамид II бил практичар на традиционалната исламска духовност. Тој бил под влијание на либискиот Шадили Мадани шеик, Мухамед Зафир ал-Мадани, чии лекции би ги посетувал уште пред да стане султан. Абдул Хамид го замолил шеикот да се врати во Истанбул, откако тој се искачиЛ на престолот. Шеикот иницирал собири на сеќавања за Шадили (dhikr) во новата џамија Јилдиз. Во четвртокот навечер тој ги придружувал суфиските господари во рецитирањето на молитвата (dhikr)[51]. Тој, исто така, станал близок религиозен и политички доверник на султанот. Во 1879 година, султанот ги опростил даноците на сите следбеници на Мадани. Во 1888 година, тој дури и основал ложа за маданскиот ред на Шадили суфизам во Истанбул, што го нарачал како дел од џамијата Ертургул Теќе. Врската на султанот и шеикот траела триесет години до смртта на последниот во 1903 година[55]. Абдул Хамид пишувал и поезија, следејќи ги стапките на многу други отомански султани. Тој бил голем љубител на романите на Шерлок Холмс[56].

Награди и ордени

[уреди | уреди извор]
Отомански
Странски

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Hoiberg, Dale H., уред. (2010). „Abdulhamid II“. Encyclopedia Britannica. I: A-ak Bayes (15. изд.). Chicago, IL: Encyclopedia Britannica Inc. стр. 22. ISBN 978-1-59339-837-8.
  2. Some sources state that his birth date was on the 22nd of September.
  3. Overy, Richard pp. 252, 253 (2010)
  4. 4,0 4,1 „Abdulhamid II | biography – Ottoman sultan“. Посетено на 2015-09-29.
  5. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Абдул Хамид II“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 3. Text "series " ignored (help)
  6. „Sultan beaten, capital falls, 6,000 are slain“. The New York Times. 25 April 1909. Посетено на 16 August 2019.
  7. Vahan Hamamdjian (2004). Vahan's Triumph: Autobiography of an Adolescent Survivor of the Armenian Genocide. iUniverse. стр. 11. ISBN 978-0-595-29381-0.
  8. Who is Sultan Abdulhamid? Архивирано на 20 септември 2020 г. Türkiye. Posted 2 February 2017.
  9. The Yıldız Assasination Planned Against Abdulhamid II and the Diplomatic Crisis with Belgium Turks and Armenians: Turkish-Armenian Relations Throughout History. Retrieved 21 April 2020.
  10. Western propaganda against Sultan Abdulhamid II world Bulletin. Posted 26 November 2013.
  11. Necip Fazıl Kısakürek, Ulu Hakan (İkinci Abdülhamid Han)
  12. Ulu Hakan mı Kızıl Sultan mı? Osmanlı Tarihinin En Tartışmalı Padişahı: 2. Abdülhamid (Turkish) onedio. Published 27 September 2016
  13. ULU HAKAN (Turkish Edition) by Necip Fazıl Kısakürek
  14. Hasip Sarıgöz, Ulu Hakan (Turkish)
  15. Razmik Panossian (13 August 2013). The Armenians: From Kings and Priests to Merchants and Commissars. Columbia University Press. стр. 165. ISBN 978-0-231-13926-7.
  16. Freely, John – Inside the Seraglio, published 1999, Chapter 15: On the Shores of the Bosphorus
  17. Brookes 2010, стр. 134.
  18. „Sultan Abdülaziz – Avrupa Seyahati“. blog.milliyet.com.tr.
  19. Chambers Biographical Dictionary, ISBN 0-550-18022-2, p. 3
  20. Davison, Roderique H. Reform in the Ottoman Empire. Princeton University Press, 1963
  21. Hourani, Albert. Arabic Thought in the Liberal Age, 1798–1939. Cambridge University Press, 1962, p. 68
  22. The Encyclopædia Britannica, Vol.7, Edited by Hugh Chisholm, (1911), 3; Constantinople, the capital of the Turkish Empire
  23. Britannica, Istanbul Архивирано на 18 декември 2007 г.:When the Republic of Turkey was founded in 1923, the capital was moved to Ankara, and Constantinople was officially renamed Istanbul in 1930.
  24. „Curios Information about Armenia“. Armenica.org.
  25. Nalbandian, Louise (1963). The Armenian Revolutionary Movement: The Development of Armenian Political Parties through the Nineteenth Century. Berkeley: University of California Press.
  26. „Constitutional Rights Foundation“. Cfr-usa.org. Архивирано од изворникот на 2006-10-09. Посетено на 2020-08-15.
  27. Akçam, Taner (2006). A Shameful Act: The Armenian Genocide and the Question of Turkish Responsibility. New York: Metropolitan Books, p. 42. ISBN 0-8050-7932-7.
  28. Rodogno, Davide. Against Massacre: Humanitarian Interventions in the Ottoman Empire, 1815–1914. Princeton University Press, 2012, pp. 185–211; Gary J. Bass, Freedom's Battle: The Origins of Humanitarian Intervention. New York: Alfred A. Knopf, 2008; Balakian, The Burning Tigris
  29. The Armenian Massacres, 1894-1896: 1894-1896 : U.S. media testimony - Page 33 by Arman Kirakosian
  30. R. Snelling (5 October 1906). „The Sultan's Successor“. The Egyptian Gazette. Архивирано од изворникот на 2022-10-17. Посетено на 2020-08-15.
  31. Kemal H. Karpat (2001). The politicisation of Islam: reconstructing identity, state, faith, and community in the late Ottoman state. Oxford University Press US. стр. 237. ISBN 0195136187. Посетено на 28 June 2010.The Spectator, Volume 87. F.C. Westley. 1902. стр. 243. Посетено на 1 April 2013.Harris, Lillian Craig (1993). China Considers the Middle East (illustrated. изд.). I. B. Tauris. стр. 56. ISBN 1850435987. Посетено на 1 April 2013.„The official Russian announcement that...“. The Straits Times. 10 July 1901. стр. 2. Посетено на 1 April 2013.The Moslem World, Volumes 1–3. Contributor Hartford Seminary Foundation. Hartford Seminary Foundation. 1966. стр. 190. Посетено на 1 April 2013.CS1-одржување: друго (link)
  32. 32,0 32,1 32,2  One or more of the preceding sentences вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). „Abd-ul-Hamid II“ . Encyclopædia Britannica. 1 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 36.
  33. 33,0 33,1 33,2 33,3 Chisholm 1911.
  34. 34,0 34,1 „30,000 KILLED IN MASSACRES“. The New York Times. April 25, 1909. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  35. Creelman, James (22 August 1909). „The Slaughter of Christians in Asia Minor“. The New York Times.
  36. Akcam, Taner. A Shameful Act. 2006, page 69–70: "fifteen to twenty thousand Armenians were killed"
  37. Century of Genocide: Eyewitness Accounts and Critical Views By Samuel. Totten, William S. Parsons, Israel W. Charny
  38. Walker, 1980, pp.182–88
  39. „World's Largest Fortune to be Split Among Harem Inmates of the Last and Ill-Fated Turkish Sultan“. The Cincinnati Enquirer. 20 April 1930. Посетено на 23 February 2018.
  40. 40,0 40,1 Takkush, Mohammed Suhail, "The Ottoman's History" pp.489,490
  41. "עניין היהודים", (יומני הרצל). הוצאת מוסד ביאליק. стр. 332. את הדברים אמר הסולטאן לשליחו של הרצל (נוולינסקי) ב-19 ביוני 1896. מקור - "עניין היהודים", (יומני הרצל) - הוצאת מוסד ביאליק, כרך א' עמוד 332. הרצל עצמו נפגש עם הסולטאן רק ב-17 במאי 1901, ללא הישגים נוספים.
  42. Lewis.B, "The Emergence of Modern Turkey" Oxford, 1962, p.337
  43. „Turkish Naval History: The Period of the Navy Ministry“. Dzkk.tsk.mil.tr. Архивирано од изворникот на 7 December 2006.
  44. 44,0 44,1 Cleveland, William L. (2008)"History of the Modern Middle East" (4th ed.) pg.121.
  45. Cleveland, William; Burton, Martin (2013). A History of the Modern Middle East. Boulder, CO: Westview Press. стр. 123–124. ISBN 978-0-8133-4833-9.
  46. William Allen, "The Abdul Hamid II Collection," History of Photography eight (1984): 119–45.
  47. M. I. Waley and British Library, "Sultan Abdulhamid II Early Turkish Photographs in 51 Albums from the British Library on Microfiche"; Zug, Switzerland: IDC, 1987
  48. „Ottoman Empire photographs“. Library of Congress.
  49. „Turkish Royalty“. Ancestry. Архивирано од изворникот на 6 April 2012. Посетено на 2012-11-29.
  50. „Osmanlı İmparatorluğu Türk Sultanları“. Osmanlı Araştırmaları Vakfı. Архивирано од изворникот на 11 July 2012. Посетено на 2012-11-29.
  51. 51,0 51,1 „The Ottoman caliphate: Worldly, pluralist, hedonistic—and Muslim, too“. The Economist. 19 December 2015. Посетено на 26 December 2015.
  52. Ottoman Diplomacy: Abdülhamid II and the Great Powers 1878–1888
  53. F. A. K. Yasamee. Ottoman Diplomacy: Abdülhamid II and the Great Powers 1878–1888 p.20
  54. Minkus New World-Wide Stamp Catalog (1974–75 ed.), Turkey, note preceding no. 144.
  55. „Sheikh Mohammed Zafir“. Madani86.blogspot.com. 2008-07-19.
  56. Turner, Barry. Suez.1956 p.32–33
  57. "A Szent István Rend tagjai" Архивирано на 22 декември 2010 г.
  58. Pedersen, Jørgen (2009). Riddere af Elefantordenen, 1559–2009 (дански). Syddansk Universitetsforlag. стр. 300. ISBN 978-87-7674-434-2.
  59. Sveriges Statskalender (шведски), 1905, стр. 440, Посетено на 2018-01-06 – преку runeberg.org
  60. Kalakaua to his sister, 12 July 1881, quoted in Greer, Richard A. (editor, 1967) "The Royal Tourist—Kalakaua's Letters Home from Tokio to London Архивирано на 19 октомври 2019 г.", Hawaiian Journal of History, vol. 5, p. 96
  61. Norges Statskalender (норвешки), 1890, стр. 595–596, Посетено на 2018-01-06 – преку runeberg.org
  62. „Guía Oficial de España“. Guía Oficial de España: 147. 1887. Посетено на 21 March 2019.
  63. Staatshandbuch für das Großherzogtum Sachsen / Sachsen-Weimar-Eisenach Архивирано на 6 септември 2020 г. (1900), "Großherzogliche Hausorden" p. 16
  64. The Grand Master of the Bulgarian Orders - official website of H.M. Simeon II
  65. „Ordinul Carol I“ [Order of Carol I]. Familia Regală a României (романски). Bucharest. Посетено на 17 October 2019.
  66. 66,0 66,1 Justus Perthes, Almanach de Gotha (1909) pp. 99-100
  67. Royal Thai Government Gazette (18 December 1892). „พระราชทานเครื่องราชอิสริยาภรณ์“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2019-05-08. Наводот journal бара |journal= (help)
  68. osmanlihanedanvakfi.com Архивирано на 16 септември 2011 г.

Библиографија

[уреди | уреди извор]

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Абдул Хамид II
Роден(а): 21 септември 1842 Починал(а): 10 февруари 1918
Владејачки титули
Претходник
Мурат V
Султан на Отоманското Царство
31 август 1876 – 27 април 1909
Наследник
Мехмед V
Духовни титули
Претходник
Мурат V
Калиф на Отоманскиот Калифат
31 август 1876 – 27 април 1909
Наследник
Мехмед V