Махмуд II

Од Википедија — слободната енциклопедија
   Махмуд II
Отомански султан
Калиф
Владеење1808–39
ПериодЗастој на Отоманското Царство
Полно имеМахмуд II
Роден20 јули 1789
Починал1 јули 1839(1839-07-01) (возр. 49)
ПретходникМустафа IV
НаследникАбдул Меџит I
СемејствоОтоманска династија
ДинастијаОтоманска династија

Махмуд II (османлиски јазик: محمود ثانى Mahmud-ı sānī) (20 јули 1785 во Цариград - 1 јули 1839 во Цариград) бил триесеттиот султан на Отоманското Царство во периодот од 1808 до 1839 година.

Неговото владеење е познато по големите административни, воени и фискални реформи кои кулминирале со воведување на Танзимат (реорганизација) која била извршена од страна на неговите синови Абдул Меџит I и Абдул Азис I. Во 1826 година по негова заповед бил ликвидиран јаничарски корпус. Го создал министерскиот совет.

Владеење[уреди | уреди извор]

Негов татко бил Абдул Хамид I (17251789) а мајка — Накшидил валиде султан (17661817) која според некои историчари била роднина на Наполеон[1]. Во 1808 година Махмуд наредил погубување на својот полубрат Мустафа IV и на својот братучед Селим III со цел да го смири бунтот во земјата. Селим бил убиен но Махмуд некое време бил скришно чуван од неговата мајка и на престолот бил ставен кога бунтовниците го собориле Мустафа IV. Водачот на восттаниците подоцна станал голем везир на Махмуд II.

Околу обидот за атентат врз Махмуд денеска постојат повеќе верзии. Според една од нив, еден од неговите робови, грузиската девојка по име Чеври ја собирала пепелта кога ја слушнала вревата во Топкапи-сарај околу убиството на Селим. Така кога атентаторите се приближувале кон харемските соби каде Махмуд престојувал, таа започнала да фрла со пепел врз бунтовниците каде привремено ги заслепила. Ова му овозможило на Махмуд да побегне преку прозорец и да се искачи на покривот од харемот и влегол во една одаја каде се пресоблекол. Во исто време еден од водачите на бунтот, Алемдар Мустафа Паша кога го видел мртвото тело на Селим, веднаш го прогласил на Махмуд за нов султан. Девојката која му помогнала на Махмуд била добро наградена и станала главен благајник во харемот како втора најважна функција според хиерархијата на харемот.

Денека дел од т.н. Златен пат во харемот е наречен според неа[2].

По крајот на бунтот, везирот ја презел иницијативата за продолжување на реформите кои биле прекината од страна на конзервативните сили во 1807 година. Но набргу везирот бил убиен а Махмуд II привремено се откажал од реформите.

За време на првите години на владеењето на Махмуд II, вазалот на Египет Мехмет Али паша успешно ги вратил светите градови Медина (1812) и Мека (1813). Неговото владеење исто така го одбележало создавањето на прва отцепена држава од нејзината територија а тоа била Грција каде во 1821 година започнала Грчката војна за независност а завршила во 1827 година. Така според договорот од Цариград во 1832 година Османлиите ја признале Грција. По ова следувало и француската окупација на Алжир во 1830 година. По примерот на Грција, нетурското население во империјата започнало со организирање на востанија за независност.

Едно од најзначајните дела на овој султан било укинувањето на јаничарскиот корупус во 1826 година и формирање на регрутирана армија по примерот од Европа главно од Румелија и Анадолија. Исто така во текот на неговото владеење биле потчинети ирачките мамелуци а бил убиен и босанскиот муслиманин кој се борале за автономмија на Босна,, Хусеин Градашчевиќ.

Махмуд ги започнал подготовките за танзиматските реформи во 1839 година. Танзиматот го означил почетокот на модернизација на империјата.

Починал од туберколоза а според некои историчари тој бил убиен.

Реформи[уреди | уреди извор]

Промени во начинот на облекување на султанот Махмуд II пред и по 1826.

Голем дел од неговите фермани се однесувале на забраната за конфискација на имот и намалување на моќта на пашите. По укинувањето на јаничарскиот корпус, нивниот борбен дух започнал да опаѓа па започнале да се занимаваат со трговија а имале право и да се оженат. Махмуд ги укинал и формалните права на диванот по кое бил воведен министерски совет.

Махмуд II исто така приходите од вакафите ги ставил под државната администрација. Во негово време финансиската состојба на империјата била вознемирувачка и одредени социјални класи долго време биле подложени на големи даноци. Со ферман од 22 февруари 1834 година ги укинал давачките на јавните функционери кои кога поминувале преку некоја провинција биле навикнати да земат данок од жителите. Со ферман од 1834 година исто така бил укинат стариот начин за собирање на арач.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Christine Isom-Verhaaren, "Royal French Women in the Ottoman Sultans' Harem: The Political Uses of Fabricated Accounts from the Sixteenth to the Twenty-first Century", Journal of World History, vol. 17, No. 2, 2006
  2. Davis, Claire (1970). The Palace of Topkapi in Istanbul. New York: Charles Scribner's Sons. стр. 214–217. ASIN B000NP64Z2.