Мурат IV

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мурат IV
مراد رابع
Султан на Отоманското Царство
Кајсери-Рум
Чувар на Двете Свети Џамии
Отомански калиф
Падишах
17-ти Отомански султан (Падишах)
На престол10 септември 1623 – 8 февруари 1640
ПретходникМустафа I
НаследникИбрахим I
РегентКосем
(1623–1632)
Роден(а)27 јули 1612
Топкапи-сарај, Цариград, Отоманско Царство
Починал(а)8 февруари 1640
Топкапи-сарај, Цариград, Отоманско Царство
Почивалиште
СопружникАјше султан
Децапогледнете подолу
Полно име
Шах Мурат бин Ахмед Хан[1]
ДинастијаОтоманска династија
ТаткоАхмед I
МајкаКосем
Вероисповедислам
ТуграМурат IV مراد رابع's signature

Мурат IV (османски турски: مراد رابع, Murād-ı Rābiʿ; роден на 27 јули 1612 година во Цариград – починал на 8 февруари 1640 година во Цариград) — седумнаесеттиот султан на Отоманското Царство кој владеел во периодот од 1623 до 1640 година. Мурат е познат по враќањето на авторитетот на државата и по бруталноста на неговите методи. Тој бил син на Ахмед I и неговата сопруга Косем султан која имала грчко потекло[2][3][4]. Тој бил качен на престолот по заговорот кој се случил во 1623 година во палатата, и тој го наследил неговиот чичко Мустафа I (владеел 1617–1618, 1622–1623). Тој имал само 11 години кога се искачил на престолот. Неговото владеење е најзначајно поради Османлиско-персиската војна (1623–1639), од која исходот трајно би го поделил Кавказот помеѓу двете сили околу два века, додека приближно го поставил темелот на сегашната граници помеѓу Турција, Иран и Ирак.

Рани години[уреди | уреди извор]

Отоманска минијатура од Мурат IV за време на појадок
Османлискиот султан се среќава со амбасадорите (1628) на Светото Римско Царство во Истанбул
Казнување поради пушење тутун
Багдадскиот павилјон

Мурад IV е роден на 27 јули 1612 година како син на Ахмед I (владеел од 1603 до 1617 година) и неговата придружничка, а подоцна и сопругата Косем. По смртта на неговиот татко, кога имал шест години, тој бил затворен во кафез заедно со своите браќа: Сулејман, Ќасим, Бајазит и Ибрахим[5].

Менталната состојба на Мустафа I останала без подобрување и тој повторно се покажал како марионета во рацете на неговата мајка Халиме султан и зетот, големиот везир Кара Давуд-паша, кој го убил Осман II. Мустафа продолжил да верува дека Осман е жив: „тие го видоа султанот како талка по палатата, тропа на вратата во потрага по неговиот внук, за да го ослободи од товарот на моќта[6].

Во меѓувреме, политичката нестабилност се појавила во земјата под влијание на конфликтите меѓу јаничарите и спахиите, проследено со востание организирано од страна на Абаза Мехмед-паша, кој сакал да се одмазди за убиството на Осман. Властите се обиделе да го прекинат конфликтот со егзекутирање на Кара Давуд-паша, но Абаза не запрел и во мај 1623 година на чело на 40.000-та армија ја опколил Анкара[7]. Уште четири одлични везири биле заменети на власт пред Кеманкеш Али-паша да биде назначен на оваа функција. Потоа следувало убедување на Халиме султан да се согласи мирно нејзиниот син да се повлече од функцијата, а таа тоа го прифатила под услов да не биде убиен. Така, 10 септември 1623 година, Мурат IV се качил на османлискиот престол.

Владеење[уреди | уреди извор]

Први години (1623–1632)[уреди | уреди извор]

Мурад IV подолго време бил под контрола на неговите роднини и за време на неговите први години како султан, преку него во суштина владеела неговата мајка, Косем. Царството паднало во анархија; Сафавидското Царство го нападнале Ирак и го освоиле Багдад, во Северна Анадолија постоеле востанија, а во 1631 година јаничарите упаднале во палатата и меѓу другото го убиле Големиот везир. Мурат IV се плашел од страдањето на судбината на неговиот постар брат, Осман II (1818–2218) и решил да ја потврди својата моќ.

На 16-годишна возраст во 1628 година, тој наредил својот зет (сопруг на неговата сестра Фатма-султан, кој истовремено бил и поранешен гувернер на Египет), Кара Мустафа-паша, да биде погубен за т.н. акција „против законот на Бога“[8].

По смртта на големиот везир Черкес Мехмед-паша во Токат, Хафез Ахмед-паша станал везир на 8 февруари 1625 година[9].

Епидемијата, која започнала во летото 1625 година и била наречена чума на Бајрампаша, се проширила помеѓу населението во Истанбул. Во просек, илјада луѓе умрале секој ден. Луѓето заминувале во Окмејдани, за да се реинцентрираат од оваа чума. Ситуацијата била полоша во селата, но немало никој што гледал како изгледа ситуацијата надвор од Цариград [9].

Апсолутна власт (1632–1640)[уреди | уреди извор]

Мурад IV се обидел да ја намали корупцијата што се зголемила за време на владеењето на претходните султани, како и за време на регентството на неговата мајка Косем.

Биле извршени голем број на погубувања, а во првиот период од неговото владеење бил погубен водачот на востанието Џелали кој пак бил следбеник на истоимениот водач на востанието од 1519 година во Токат кога селаните започнале востание против феудалната експлоатација[10]. Тоа бил еден од накрвавите сите отомански султани, но тој се справил со јаремот на везирите и воената анархија.“Убиј или ќе бидеш убиен” – било неговто правило.

Илјас-паша, кој ја искористли збунетоста во престолнината и доминирал во провинциите Маниса и Баликешир, бил исто така фатен и доведен во Истанбул и погубен пред султанот[10].

Мурат IV го забранувал алкохолот, тутунот и кафето во Цариград[11]. Тој наредил директно погубување на оние кои нема да го почитуваат тоа[12]. Тој, наводно, често патролирал низ улиците на Цариград во цивилна облека во вечерните часови, и кога ќе сретнал некој кој ги конзумира забраниетите состојки, султанот веднаш ја тргнувал својата наметка и го погубувал сторителот со свои раце[13]. Често знаел да седнува покрај кисокот во близина на неговиот дворец Сераглио и стрелал со стрели на секој минувач кој се приближувал до неговата царска резиденција[14]. Тој ги врати судските регулативи со многу строги казни, вклучително и погубување. Тој еднаш задавил еден везир од причина што службеникот ја претепал својата свекрва[13][15][16]. Иако се сметал за краен противник на кафето и алкохолот, сам пиел многу. Еднаш дури и рекол: „Единствен начин да го спасам народот од виното, е да го испијам целото вино што постои“.

Тој повторно го вовел правилото според кое немуслиманите имале обврска да носат посебна и различна облека од муслиманите. Поетот Нефи, чии стихови се сметале за премногу сатирични, бил погубен во јануари 1635 година бидејќи критикувал неколку припадници на улемата[17].

Големиот пожар (1633)[уреди | уреди извор]

На 2 септември 1633 година избувнал големи пожар во Џибали [10], кој опожарил една петтина од градот. Пожарот што започнал во текот на тој ден, се проширил од три страни кон градот. Од една страна се спуштил до морето. Потоа поминувал низ Зејрек и Атпазар. Биле уништени и други области како Бујуккараман, Ќучуккараман, Султанахмед, Сарачахне, Сангурз. Султанот не можел да направи ништо друго освен да ги гледа своите везири, Бостанџии и јаничари како пробуваат да се справат со пожарот. Уништени биле најубавите квартови на Истанбул. Пожарот траел 30 часа и се раширил главно на силниот ветер истоивремено[10].

Војна против Полска[уреди | уреди извор]

Отоманско-полската војна (1633–1634) се водела на теиторијата на денешна Украина. Во 1632 година, по смртта на полскиот крал Сигисмунд III, Русија започнала војна позната како Смоленска војна против Полска, додека војната со Османлиите се смета како втор фронт од војната, кои ја искористиле тешката ситуација на Полска и се вклучиле во судирот. На 29 јуни 1633 година група на Татари спровеле напад во областа Каменец Подолски и се повлекле на молдавска територија која била вазална земја на Османлиите. Кога за ова разбрал командантот Хетман Станислав Конецполски веднаш ја мобилизирал својата војска и навлгол на молдавска територија каде на 4 јули во близина на реката Прут успеал да убие десетици илјади Татари а уште току да зароби. По ова тој се вратил на левиот брег од реката Днестер кај Каменец Подолски и започнал дополнителна мобилизација каде дошле 3.000 редовни војници и околу 8.000 Козаци. Управителот на Силистра Абаз Мехмед-паша со сила од околу 10.000 војници заминал кон Хотин и на 22 октомври започнал со напади, но истите биле одбиени од полска страна со многу загуби. Конфликтот продолжил и следната година, и истиот завршил со договор според кој требало да бидат сопрени ордите да ги напаѓаат полските територии, но договорот не бил почитуван. Набргу по ова, Абаз бил ослободен а султан Мурат IV започнал војна со Персија.

Војна против Сафавидското Царство[уреди | уреди извор]

Владеењето на Мурат IV е најзначајно поради Османлиско-персиската војна (1623–1639) (денешен Иран) во која османлиските сили успеале да го освојат Азербејџан, окупирајќи го Тебриз, Хамадан и го освоиле Багдад во 1638 година. Договорот од Зухаб кој следел војната генерално ги потврдил границите кои биле договорени со договорот од Амасија, при што Источна Ерменија, Источна Грузија, Азербејџан и Дагестан останале персиски, додека Западна Ерменија и Западна Грузија останале османлиски[18]. Месопотамија била неповратно изгубена за Персијците[19]. Границите утврдени како резултат на војната, се повеќе или помалку исти како и сегашната гранична линија меѓу Турција, Ирак и Иран.

За време на Опсадата на Багдад во 1638 година, градот се одржувал цели четириесет дена, но бил принуден да се предаде. Самиот Мурат IV командувал со османлиската војска во последните години од војната. По падот на Багдад погубил 30.000 војници кои побегнале од бојното поле, и уште 30.000 цивили. Во престолнината влегол триумфално, додека персиските началници биле затворени во кафез и поминувале во колоната зад него.

Во овој период започнале нападите на Грузијците. Тие нападнале на Конија и започнале да вршат насилство врз тамошните жители. Против Грузијците великиот везир го испратил беглербегот на Анадолија. Бил заробен нивниот водач Маграв заедно со синот и четириесет Грузијци. После ова анадолскиот намесник Зор паша бил испратен против туркменското племе Бин Дели. Беговите на оваа племе му се покориле на великиот везир. Истото го направиле и останатите курдски племиња.

Војна против Венеција[уреди | уреди извор]

Во 1639 година избувнала војна со Венеција. Причина за тоа било ограбувањето на Лоретското богатство од страна на алжирски и турски бродови што се случило во 1638 година. како одговор на ова венецијанскиот адмирал заробил 15 турски галии на Крф. Поради ова султанот наредил убиство на сите Венецијанци во царството како и затворање на Венецијанскиот конзул. Дошло до договор со Венецијанците на 5 септември 1638 година. Според овој договор на турските пирати им се дозволувало да пловат доколку не им штетат на венецијанските бродови, бил казнет заповедникот на Валона, на Венецијанците им се дозволувало напаѓање на турските пирати на отворено море, а како надомест на штетата требале да исплатат 250.000 златници.

Односи со Могулското Царство[уреди | уреди извор]

Додека кампувал во Багдад, познато е дека Мурат IV имал средба со амбасадорите на Могулското Царство, кои му подариле 1000 парчиња фино извезена ткаенина, па дури и оклоп. Мурат IV им дал најубаво оружје, седла и кафтани и им наредил на неговите сили да ги придружуваат до пристаништето Басра, каде што пловеле кон Сурат[20].

Архитектура[уреди | уреди извор]

Мурат IV ставил акцент на архитектурата и во неговиот период биле изградени многу споменици. Багдадскиот павилјон, изграден во 1635 година и Ереванскиот павилјон изграден во 1638 година биле изградени во локални стилови[21]. Некои од другите градби ги вклучуваат: павилјон Кавак Сарај, џамија Мејдани, градбата Бајрам-паша Дервиш, Гробница, фонтана и основно училиште.

Музика и поезија[уреди | уреди извор]

Мурат IV напишал многу песни. Тој го користел презимето „Муради“ за своите песни. Исто така, тој сакал да ги тестира луѓето со гатанки. Еднаш тој напишал песна со загатка и објавил дека секој што ќе дојде со точен одговор ќе добие дарежлива награда. Џихади-бег, кој исто така бил поет од училиштето Ендерун, дал точен одговор и тој бил унапреден[22].

Мурат IV исто така бил и композитор. Тој има композиција наречена „Узал Пешрев[23]. Семејство

Карактер[уреди | уреди извор]

Мурат поседувал неверојатна физичка сила. За Мурат посебно пишувал Евлија Челебија, кој во една прилика за султанот напишал како носел боздоган од 60 килограми без никаков проблем. Боздоганот бил омилено оружје на Мурат, заедно со лак и меч тежок околу 50 килограми. Тоа било многу чудно, ако се земе предвид дека во тоа време, мечот обично тежел 5 килограми, а оние церемонијалните до 10 килограми. Мурат секогаш барал да се изработува посебно оружје за него. Неговото оружје денеска се наоѓа во посебна одаја во музејот Топкапи-сарај и е одлично сочувано. Мурат бил најголемиот војсководец во историјата на Отоманското Царство.

Како карактер имал големи амбиции и бил многу тврдоглав и често опишуван како „Темноокиот џин“ бидејќи бил висок и силен. Бидејќи не сакал да ја доживее судбината на својот полубрат Осман II, Мурат на почетокот бил присилен големиот везир да го именува според волјата на јаничарите, но кога ја презел апсолутната власт, започнал со погубување на Топал Реџеп-паша и повеќе од 500 војници кои организирале вунт против неговата власт. Тој имал своја шпионска мрежа и надвор од престолнината, кои имале право да погубуваат на лице место, без негова согласност. Во Анадолија се смета дека убил 20,000 луѓе. Во 1635 година сакал да ги погуби сите Ерменци во Цариград, но големиот везир го предомислил во намерата.

До крајот на животот, Мурат покажал голема омраза кон жените. Тој еднаш наидел на група жени кои пееле на една ливада и наредил сите да се удават затоа што не му се допаѓало нивното пеење. Кога брод со девојчиња се приближувал до Истанбул, Мурат им наредил на своите поданици да пукаат со топовите, за да го уништат чамецот, а со тоа девојките да се удават. За да се забава, Мурат ги принудувал жените од неговиот харем да скокаат голи во базенот, кој бил многу длабок. Некои жени дури морале да скокаат горе-долу за да добијат воздух и да не се удават. Султанот исто така бил многу љубоморен, откако еден човек додал кат повеќе во својата куќа, тој бил обесен затоа што мислел дека го сторил тоа за да може да го види неговиот харем.

Мурат имал и посебно задоволство да ги обезглавува мажите кои имаат дебели вратови. Мурат ги вежбал своите вештини со аркебуза од неговата тераса и секогаш убивал луѓе кои би се осмелиле да гледаат кон неговиот харем.

Семејство[уреди | уреди извор]

Мурат IV

Браќа[уреди | уреди извор]

Мурат IV во 1635 година наредил да биде погубен неговиот полубрат Бајазит, а во 1638 година и на неговиот брат Ќасим. Еден извор наведува дека Мустафа I исто така бил погубен по наредба на неговиот внук, султанот Мурат IV, на 20 јануари 1640 година. За причината за погубувањето на своите браќа не се знае многу, но според некои извори, Бајазит бил многу силен во витешка борба, па еднаш го соборил на Мурат од неговиот коњ. Набргу потоа тој бил погубен. Од друга страна пак Ќасим бил прилично амбициозен и Мурат се исплашил да не направи бунт против неговиот престол па наредил да биде погубрн во 1638 година. Султанката Косем успеала да го сочува единствено Ибрахим, кој немал никаква закана за него поради неговото здравје.

Прудружнички[уреди | уреди извор]

Многу малку е познато за неговите придружнички, главно затоа што тој не оставил синови кои ја преживеале неговата смрт за да го достигнат престолот, но многу историчари сметаат дека Ајше султан била негова единствена утеха до самиот крај на седумнаесетгодишното владеење на Мурат. Можно е дека Мурат да имал само една придружничка до доаѓањето на втората, или пак имал повеќе но издвоил само две како Хасеки[24].

Синови[уреди | уреди извор]

Ќерки[уреди | уреди извор]

Смрт[уреди | уреди извор]

Мурат IV починал од цироза во Цариград на 27-годишна возраст во 1640 година[30].

Гласини кружеле дека на неговата смртна постела, Мурат IV наредил погубување на неговиот ментало болен брат Ибрахим (владеел 1640-48), што би значело крај на отоманската линија. Сепак, наредбата не била спроведена[31].

Кога Мурат починал во 1640 година, Отоманското Царство се наоѓало во поволна политичка ситуација: мирот во внатрешноста бил скоро целосно воспоставен, надворешните закани биле сопрени, а односите со големите западни сили биле воспоставени. Во глобала, владеењето на Мурат овозможило повтоно обновување на престижот и моќта на царството[17].

Во популарната култура[уреди | уреди извор]

Во ТВ серијата Величествениот век: Косем, Мурат IV го толкува Џаган Ефе Ак како дете, а Метин Акдулгер како султан[32].

Извори[уреди | уреди извор]

  • Roemer, H. R. (1986). „The Safavid Period“. The Cambridge History of Iran: The Timurid and Safavid Periods. VI. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 189–350. ISBN 0521200946.
  • Sakaoğlu, Necdet (2008). Bu mülkün kadın sultanları: Vâlide sultanlar, hâtunlar, hasekiler, kadınefendiler, sultanefendiler. Oğlak Yayıncılık. стр. 303.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ali Aktan, (1995), Osmanlılar İlim ve İrfan Vakfı, p. 202 (in Turkish)
  2. E. van Donzel, Islamic Desk Reference: Compiled from the Encyclopaedia of Islam, Brill Academic Publishers, p 219
  3. Robert Bator, Daily Life in Ancient and Modern Istanbul, Runestone Press, p 42
  4. Douglas Arthur Howard, The History of Turkey, Greenwood Press, p 195
  5. Sakaoğlu 2015, стр. 224.
  6. Imber 2009, стр. 99.
  7. Финкель 2012.
  8. Accounts and Extracts of the Manuscripts in the Library of the King of France. 2. R. Faulder. 1789. стр. 51. The sultan Morad put him to death in the year 1037 [AH], for some action which was contrary to the law of God.
  9. 9,0 9,1 Sakaoğlu 2015, стр. 225.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 Sakaoğlu 2015, стр. 232.
  11. Hopkins, Kate (2006-03-24). „Food Stories: The Sultan's Coffee Prohibition“. Архивирано од изворникот на 20 November 2012. Посетено на 2006-09-12.
  12. Hari, Johann (2015). Chasing the Scream: The First and Last Days of the War on Drugs. Bloomsbury USA. стр. 262. ISBN 1620408902.
  13. 13,0 13,1 Davis, William (1922). A Short History of the Far East. The Macmillan Company. стр. 259–260.
  14. McCullagh, Francis (1910). The Fall of Abd-ul-Hamid. London: Methuen & Co. Ltd. стр. 72.
  15. İnalcık, Halil; Imber, Colin (1989). The Ottoman Empire : the classical age, 1300-1600. New Rochelle, N.Y.: Aristide D. Caratzas. стр. 99. ISBN 0-89241-388-3.
  16. Traian Stoianovich (1 January 1994). Balkan Worlds: The First and Last Europe. M.E. Sharpe. стр. 57. ISBN 978-0-7656-3851-9.
  17. 17,0 17,1 Робер Мантран, Историја на Османлиското Царство, 2002. стр.282.
  18. „Genocide and the Modern Age: Etiology and Case Studies of Mass Death“. Посетено на 2014-12-30.
  19. Roemer (1989), p. 285
  20. Farooqi, N. R. (1989). Mughal-Ottoman relations: a study of political & diplomatic relations between Mughal India and the Ottoman Empire, 1556-1748. Idarah-i Adabiyat-i Delli. Посетено на 2015-06-14.
  21. Artan, Tülay (2008). „Questions of Ottoman Identity and Architectural History“. Во Arnold, Dana; и др. (уред.). Rethinking Architectural Historiography. London: Routledge. стр. 85–109, page 98. ISBN 978-0-415-36082-1.
  22. „IV. Murad ve Şairliği“. 7 July 2014. Архивирано од изворникот на 2020-09-25. Посетено на 2020-06-05.
  23. „Sultan IV. Murad - Uzzâl Peşrev“ – преку www.fikriyat.com.
  24. Leslie P. Peirce (1993). The Imperial Harem: Women and Sovereignty in the Ottoman Empire. Oxford University Press. стр. 107–108. ISBN 978-0-19-508677-5.
  25. 25,0 25,1 25,2 25,3 Hafiz Hueseyin Ayvansaray-i (2000). The Garden of the Mosques: Hafiz Hüseyin Al-Ayvansarayî's Guide to the Muslim Monuments of Ottoman Istanbul. Brill. стр. 10, 25. ISBN 978-9-004-11242-1.
  26. 26,0 26,1 26,2 Mustafa Çağatay Uluçay (2011). Padişahların kadınları ve kızları. Ankara, Ötüken. стр. 80–90.
  27. Murphey, Rhoads (January 1, 2007). Studies on Ottoman Society and Culture, 16th-18th Centuries. Ashgate Publishing Company. стр. 214. ISBN 978-0-7546-5931-0.
  28. Ayvansarayı̂, Hafız Hüseyin; Sâtı, Ali; Besîm, Süleyman (2001). Hadı̂katü'l-cevâmiʻ: İstanbul câmileri ve diğer dı̂nı̂-sivil miʻmârı̂ yapılar. İşaret. стр. 46. ISBN 978-9-753-50118-7. İsmihân Sultân bint-i Murâd Hân-ı Râbi'
  29. Kal'a, Ahmet; Tabakoğlu, Ahmet (1999). İstanbul su külliyâtı: Vakıf su defterleri : İlmühaber 4 (1856–1928). İstanbul Araştırmaları Merkezi. стр. 76–7. ISBN 978-9-758-21504-1. merhume İsmi- hân Kaya Sultân tâbe serâhâ
  30. Selcuk Aksin Somel, Historical Dictionary of the Ottoman Empire, 2003, p.201
  31. Barber, Noel (1973). The Sultans. New York: Simon and Schuster. стр. 87.
  32. „Muhteşem Yüzyıl Kösem'in 4. Murad'ı Metin Akdülger kimdir?“ (турски). Посетено на 2017-11-06.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Мурат IV
Роден(а): 27 јули 1612 Починал(а): 8 февруари 1640
Владејачки титули
Претходник
Мустафа I
Султан на Отоманското Царство
10 септември 1623 – 9 февруари 1640
со Косем султан (1623–1632)
Наследник
Ибрахим I
Духовни титули
Претходник
Мустафа I
Калиф на Отоманскиот Калифат
Османлиска династија
10 септември 1623 – 9 февруари 1640
Наследник
Ибрахим I