Мустафа Челебија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мустафа Челебија
Татко Бајазит I
Мајка Султан Хатун
Роден(а) 1380
Починал(а) мај 1422

Мустафа Челебија (1380 - мај 1422 година), исто така наречен Дузмеџе Мустафа — отомански принц (турски: шехзаде) кој се борел да го добие престолот на Отоманското Царство во раниот 15 век. Тој бил султан на Румелија двапати во текот на јануари 1419 - 1420 и јануари 1421-мај 1422 година.

Позадина[уреди | уреди извор]

Мустафа бил еден од синовите на османлискиот султан Бајазит I, а негова мајка била Девлетшах Хатун, ќерка на гермијанскиот шах Сулејман. Мустафа учествувал во Битката кај Анкара во 1402 година со својот татко. Османлиската војска била поразена, а Мустафа и Бајазит I биле заробени од Тимур. Додека неговите четворица браќа се бореле едни со други за време на Отоманскиот интеррегнум, тој бил заробеник во Самарканд (во денешен Узбекистан). По смртта на Тимур, тој се вратил во Анадолија во 1405 година и се скрил на териториите на турските бејлици.

Прво востание[уреди | уреди извор]

По крајот на грѓанската војна, како победник излегол неговиот брат Мехмед I. Но веднаш по качувањето на престолот се појавил Мустафа во Румелија (европскиот дел на Отоманското Царство) со помош на византискиот цар Мануел II Палеолог. Тој имал поддршка и од Мирчо I од Влашко и од Џунајд-бег, владетел на Ајдин. Мустафа го замолил на Мехмед, кој неодамна ги победил своите браќа, да го подели царството со него. Мехмед го одбил ова барање и лесно ги победи силите на Мустафа во борба. Мустафа се засолнил во византискиот град Солун во 1416 година. Откако постигнал договор со Мехмед, византискиот цар Мануел го протерал на островот Лемнос[1][2].

Второ востание[уреди | уреди извор]

По смртта на Мехмед I во 1421 година, Мустафа почувствувал дека може лесно да го победи својот внук Мурат, син и наследник на Мехмед. Со помош на византијците, тој ги освоил Галиполи, тврдината што го контролирала теснецот на Дарданелите, а откако го окупирал и Одрин, европската престолнина на царството, тој започнал да владее со Румелија. Следно, тој докажал дека е навистина син на Бајазит и ја добил поддршката од османлиските провинциски гувернери во Румелија. Иако Мурат испраќал трупи преку теснецот на Босфорот за да го поразат на Мустафа, дури и овие трупи им се придружувале на неговите сили. Растејќи во недоверба на неговите способности, Мустафа решил да ги премине Дарданелите и да го заврши освојувањето на азиската страна на царството во Анадолија.

Сепак, во Анадолија, Михалоглу (потомок на Ќосе Михал), приврзеник на Мурат кој бил многу познат во Румелија, ги охрабрил сојузниците на Мустафа да го предадат и наместо тоа да го поддржат Мурат. Понатаму, некои сојузници на Мустафа, особено Џунајд-бег, го напуштиле. Мустафа се откажал од надежите за освојување на Анадолија и побегнал во Румелија. За да го премине теснецот на Дарданелите, Мурат побарал помош од бродовите на Џенова, за што платил преголема цена. Силите на Мурат наскоро го фатиле Мустафа и го заробиле[3][4].

Погубување[уреди | уреди извор]

Мустафа бил осуден на смрт и бил обесен во 1422 година. Иако меѓу-династиските погубувања биле вообичаени во Отоманската династија, бесењето не бил вообичаен третман за член на династијата; нормално се користеле повеќе „достоинствени“ методи на погубување. Се смета дека Мурат сакал да ја испрати пораката дека Мустафа не е неговиот чичко (иако бил), туку измамник. Така, современите отомански историчари го нарекле дузмеџе („лажен“, „измамник“) Мустафа[5].

Еден турски претендент кој тврдел дека е Мустафа бил активен на венецијанската страна за време на Опсадата на Солун (1422–1430).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye Tarihi Cilt II, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 p 86-88
  2. Barker, John (1969). Manuel II Paleologus (1391–1425): A Study in Late Byzantine Statesmanship. Rutgers University Press. стр. 340–344. ISBN 0-8135-0582-8.
  3. Prof. Yaşar Yüce-Prof. Ali Sevim: Türkiye Tarihi Cilt II, AKDTYKTTK Yayınları, İstanbul, 1991 p 92-96
  4. Joseph von Hammer: Osmanlı Tarihi Vol I (condensation: Abdülkadir Karahan), Milliyet yayınları, İstanbul. p 74-78
  5. Halil İbrahim İnal: Osmanlı İmparatorluğu Tarihi,İstanbul, 2008,ISBN 9789944174374, p 125