Шехзаде Омер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шехзаде Омер
Династија Отоманска династија
Татко Осман II
Мајка Мелика Султан
Роден(а) 20 октомври 1621
Топкапи-сарај, Цариград, Отоманско Царство
Починал(а) 5 февруари 1622 (на 3 месеци)
Одрински сарај, Одрин, Отоманско Царство
Вероисповед ислам

Шехзаде Омер (османски турски: شہزادہ عمر; роден на 20 октомври 1621 во Цариград – починал на 5 февруари 1622 година во Одрин — отомански принц, син на султанот Осман II.

Раѓање[уреди | уреди извор]

Шехзаде Омер е роден на 20 октомври 1621 година во Топкапи, додека Осман водел војна против Полска. Неговата мајка била Мелика султан, со руско потекло[1]. По враќањето на Осман, тој ја примил веста дека има син и дека сега како татко, имал наследник и претставувал закана против неговите браќа. Поради тоа бебето Омер бил повикан во Одрин. За да го прослави сомнителниот момент и можеби да ја импресионира, тој наредил да се одржи тридневна свеченост, да го прослави неговото враќање од кампањата, како и неодамнешното раѓање на неговиот син[2].

Смрт[уреди | уреди извор]

Во прославите, имитацијата на борбените сцени била дел од претставата. Сепак, незамисливото се случило и бебето одеднаш починало на 5 февруари 1622 година, во неочекувани околности. Според венецијанскиот бајло, кога Осман и Мелика, заедно со нивниот син и други жени припадници на династијата, ја гледале полската кампања на султанот, организирана како големо шоу во палатата, еден од оние што ја играл улогата од полски војник го испразнил пиштолот. Неговиот залутен куршум го убил принцот Омер веднаш. Ова претставувало голема траума за Осман. Тој не само што бил уништен, туку започнал да покажува и побрутален карактер. Се известува дека, во текот на првите три дена откако го изгубил својот син, султанот не кажал ниту збор и останал настрана од јавноста додека размислувал[3].

Некои историчари го објаснуваат овој настан со шокот што го имал новороденчето поради звуците на топовите. Хамер дава зачудувачка причина за смртта на бебето: „За да се зголеми радоста, се одржуваа свечености и беа изведени некои сцени од војната во Полска. Принцот беше присутен на овие игри и одеднаш случајно тоа беше рането и веднаш почина.[1]

По оваа трагична загуба, Осман често патувал одел по улиците на главниот град и казнувал многу престапници, вклучително и неколку офицери од јаничарите и обичните луѓе[4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Yalcin, Erdal K. Who Killed Sultan Osman? Remembering What Tuği Forgot (PDF). стр. 31.
  2. Çiçek 2014, стр. 58.
  3. Çiçek 2014, стр. 60.
  4. Çiçek 2014, стр. 78.
  • Çiçek, Fikri (2014). An examination of daily politics and factionalism at the Ottoman Imperial court in relation to the regicide of Osman II (r. 1618-22). Istanbul Şehir University.