Сулејман Величествениот

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Сулејман I)
  
Сулејман Величествениот
Сулејман Законодавецот
سلطان سليمان اول
Султан на Отоманското Царство
Чувар на двете свети џамии
Калиф
Емир
ПериодТериторијално проширување на Отоманското Царство
Крунисување30 септември 1520
Полно имеСулејман бин Селим Хан
Роден6 ноември 1494(1494-11-06)
МестоТрабзон
Починал7 септември 1566 (на 71 година)
МестоСигетвар, Унгарија
ПогребанСулејманова џамија, Цариград[1][2] (денешен Истанбул)
ПретходникСелим I
НаследникСелим II
СопружникРокселана
Wives
Хасеки Хурем султан
Махидевран султан
ПотомствоШехзаде Махмуд (1511–1521)

Шехзаде Мустафа (1515–1553)
Шехзаде Мехмед (1521–1543)
Шехзаде Абдула (1522-1524)
Михримах султан (1524–1578)
Шехзаде Селим (1525–1574)
Шехзаде Бајазит (1527–1561)

Шехзаде Џихангир (1535–1553)
СемејствоОтоманска династија
ДинастијаОтоманска династија
ТаткоСелим I
Валиде султанАјше Хафса султан

Сулејман I (османски турски: سلطان سليمان اول‎, Sultān Suleimān-i evvel или قانونى سلطان سليمان‎‎, Kānūnī Sultān Suleimān, турски: I. Süleyman) — десеттиот султан на Отоманското Царство со кое управувал во периодот од 1520 до 1566 г. и со тоа најдолго се задржал на престолот од сите султани. Во европската традиција е познат како Сулејман Величествениот[3] а во источната како Законодавецот (турски: Kanuni; арапски: القانونى‎, al‐Qānūnī) главно поради воведување на реформи во законодавниот систем на земјата. Освен законодавни, тој спровел и административни, воени, судски, даночни и образовни реформи. Во текот на неговото владеење империјата се протегала од Будимпешта на Дунав до Асуан и реката Нил, заедно со реките Еуфрат и Тигар до Грузија и Гибралтар.

Сулејман бил истакнат поет а исто така и голем заштитник на културата, литературата и архитектонскиот развој[4]. Тој зборувал пет јазици: отомански, арапски, чагатаи, персиски и српски јазик.

Во последните дваесет години бил под влијание на неговата омилена Рокселана, која успеала да стане законска жена на султанот, нешто што не можела да постигне ниту една од наложниците во изминатите два века. Започнувајќи кампања во Унгарија, Сулејман не доживеал да победи. Неговата смрт била скриена и раководењето со империјата продолжило без султанот, но во негово име, додека да дојде на престолот неговиот син од Рокселана - Селим II, со кој започнала ерата на падот на империјата.

Рани години[уреди | уреди извор]

Сулејман во млади години

Сулејман е роден во Трабзон на 6 ноември 1494 година[5]. Негова мајка била Ајше Хафса султан која починала во 1534 година. Кога имал седум години Сулејман бил испратен да проучува наука, историја, литература, теологија и воени тактики во училиштата на Топкапи-сарај. Како млад човек, тој се спријателил со Ибрахим Паргали кој подоцна му станал еден од најдоверливите соработници[6]. На 17 години бил назначен за управител на Кафа и Маниса (тогаш Сарухан) а кратко време бил управител и на Едрене[7]. По смртта на неговиот татко Селим I (1465-1520) Сулејман влегол во Цариград каде бил прогласен за десеттиот султан на Османлиското Царство. Некои историчари тврдат дека во младоста Сулејман се восхитувал за Александар Велики[8][9]. Тој бил под влијание на визијата на Александар на градење на светска империја, кои ќе ги опфати истокот и западот.

Воени и политички настани[уреди | уреди извор]

1520 — 1529[уреди | уреди извор]

По наследувањето на неговиот татко, Сулејман започнал серија воени освојувања. Сулејман го започнал своето владеење со давање на пари на јаничарите и ослободил околу 600 египетски затвореници и некои трговци кои неговиот татко неправедно ги казнил. Високи офицери обвинети за суровост биле осудени и погубени. На почетокот од неговото владеење во 1521 година било задушено востанието на османлискиот управител на Дамаск. По ова Сулејман ги освоил двете места кои Мехмед Освојувачот не успеал да ги освои, Белград во 1521 и Родос следната година. Падот на Белград во 1521 година претставувал третиот обид за освојување на унгарската тврдина од Османлиите[10]. Сулејман своите сили ги мобилизирал во мај 1521 година. За разлика од претходните два напади, во овој напад Османлиите одлучиле да нападнат преку реката Сава. За да се оствари овој напад, Османлиите најпрво морале да го заземат Срем. Бранителите упорно пружиле отпор но нивните ресурси биле доста исцрпени па градот морал да биде предаден на 29 август. Падот на Белград ја покажала неспособноста на Кралство Унгарија да се спротивстави на растечката османлиска моќ. Следната 1522 година Османлиите го зазеле Родос од Рицарите на Свети Јован[11]. По 145 дена преживеаните витези капитулирале и им било дозволено да го напуштат Родос, тие потоа скитале пет години сè додека не си нашле дом на Малта[12]. Османлиите со зазимањето на островот ја обезбедиле целосната контрола над источното Средоземје.

Во 1522 година починал пашата Кајр Бег како управител на Египет. На негово место бил ставен Хаин Ахмед-паша во 1523 година. Ахмед-паша бил разочаран од оваа одлука на султанот бидејќи сметал дека треба да биде избран за главен везир чие место му било отстапено на неговиот соперник Паргали Ибрахим-паша. Така тој се самопрогласил за султан на Египет како независен од Османлиското Царство. Тој започнал да кова монети со својот лик со цел да ја легитимира својата власт. Сулејман веднаш испратил свои агенти кои извршиле неуспешен атентат во неговата бања, по кој настан тој се обидел да побегне од Каиро но набргу бил фатен и погубен. По неговата смрт, големиот везир Ибрахим-паша Паргали спровел обемни административни реформи од 1525, со кои отоманската власт во Египет се зацврстила и траела речиси три века. По три години без војна јаничарите на се побуниле и го пљачкосале еврејскиот кварт во Истанбул и куќите на офицерите. На Сулејман му се заканувала опасност, но бунтот бил потиснат, водачите биле погубени, а други ги загубиле своите позиции. Повеќето од јаничарите се смириле со подароци во пари и нов воен поход.

Во април 1526 година султанот заедно со Ибрахим-паша заминале кон Унгарија. Унгарците доживеале катастрофален пораз во Мохачката битка[13]. Унгарските аристократи исто како и во опсадата на Белград биле повторно неподготвени. Унгарската војска била поделена на три групи: во Трансилванија на чело со Јанош Заполски, главната група која ја предводил самиот крал и една мала група под раководство на Кристоф Франкопан. Вкупниот број на војници на христијанските сојузници бил околу 35.000 луѓе наспроти 50.000 Османлии. Во почетокот на битката христијаните постигнале успех, но во следниот период таа била обиколена а унгарскиот крал сакал да побегне од бојното поле но се удавил во реката. Поголемиот дел од унгарските аристократи или загинале или биле погубени од султанот. Се смета дека повеќе од 14.000 Унгарци биле убиени во битката. По крајот на битката бил означен крајот на независноста на Кралство Унгарија. Така Бохемија, северна и западна Унгарија станале дел од Светото Римско Царство на чело со Фердинанд I, а Османлиите завладеале со централна и јужна Унгарија како и дел од Трансилванија, поставувајќи го на чело на вазалската земја Јован Запола.

Во меѓувреме Туркмените во Анадолија се побуниле. Во време кога во империјата доживеала финансиски тешкотии поради воените дејствија, па биле зголемени државните давачки. Додека Сулејман бил на воен поход во Унгарија, Календар Челеби успеал да собере армија од 30.000 луѓе. Сулејман го испратил својот везир Ибрахим-паша по кое востанието било крваво задушено.

По Мохачката битка, Османлиите биле принудени да се повлечат од Панонската низнина, главно поради ангажирањето на армијата во другите делови од имеријата. Најмногу од повлекувањето на Османлиите искористил Фердинанд I, поради неговите претензии да стане крал на Унгарија. Во 1527 година тој го поразил османлискиот вазал и ги зазел Будим, Комаром и Секешфехервар (1528). Во тој период османлискиот султан и покрај молбата на неговиот вазал, тој не покренал нов воен поход.

Кога Сулејман му објавил војна на Фердинанд во јануари 1529 година, тој, исто така, сакал да го освои и западниот дел на Средоземјето, и затоа повторно дал поддршка на Хајредин Барбароса да отпатува кон Алжир. Барбароса добил поддршка од 2.000 јаничари, како и голема финансиска помош и ја зазел шпанската тврдина.

Султан Сулејман и Хурем Султан. Портрет од Антон Хикел

Фердинанд бил во сојуз со царот Карло V. Забавена со дождови и поплави, османлиската војска на Сулејман морала да се откаже од опсадата на Виена во октомври 1529 година[14]. Околу 40.000 Турци и 20.000 христијани биле убиени во бескорисната војна. Сулејман повел поход против царските сили во 1532, но се соочил со тврдоглав отпор од страна на градот Гунс. Акинџи коњицата и татарските сојузници ја ограбиле Штаерска во Австрија додека Сулејман се повлекувал назад кон Белград. Фердинанд испратил пратеник и било склучено примирје во 1533.

1530 — 1539[уреди | уреди извор]

По крајот на опсадата на Виена, Сулејман повел поход против царските сили во 1532, но се соочил со тврдоглав отпор од страна на градот Гунс. Акинџи коњицата и татарските сојузници ја ограбиле Штаерска во Австрија додека Сулејман се повлекувал назад кон Белград. Фердинанд испратил пратеник и било склучено примирје во 1533 година.

Во меѓувреме во 1532 година започнала Османлиско-персиската војна[15]. Војната била предизвикана од територијалните спорови помеѓу двете империи, особено кога бегот од Битлиш одлучил да се стави себеси под персиска заштита. Исто така, Тахмасп го убил управителот на Багдад кој бил на страната на Сулејман. Персија во текот на војната сакала да направи сојуз со Хабсбуршката династија со кое Османлиското Царство ќе биде нападната на два фронта. Во конфликтот, најпрвин Ибрахим-паша, а подоцна и самиот султан Сулејман започнале успешно да го зазимаат денешен Ирак, каде во 1534 година го зазеле Багдад. Конфликтот завршил со потпишување на договорот во Амасија во 1555 година меѓу двата владетели. Договорот ја дефинирал границата меѓу двете земји и истиот бил проследен со дваесетгодишен мир. Со овој договор, Ерменија и Грузија биле поделени меѓу двете земји подеднакво, Османлиите го добиле поголемиот дел од Ирак заедно со Багдад кој им овозможил излез на Персискиот Залив, а Персија го задржала својот поранешен главен град Тебриз[16]. Османлиите според договорот им дале дозвола на персиските верници да одат слободно во светите места Мека и Медина.

Во Персија отоманскиот благајник Челеби имал лоши односи со везирот Паргали Ибрахим-паша бидејќи бил обвинет од него за проневера. Пред да биде погубен, Челеби му напишал писмо на Сулејман обвинувајќи го Ибрахим за предавство бидејќи себеси се нарекувал султан. Ибрахим, некогаш христијанин и сѐ уште роб на Сулејман, бил осомничен за непочитување на Куранот, за заговор со Франција, и бил омразен поради неговото огромно богатство. Во 1536 Сулејман го поканил Ибрахим на вечера, и везирот бил пронајден убиен следното утро.

Отоманската морнарица имала галии кои ги веслале воени заробеници. На успешниот пират Кајр ал-Дин му била дадена команда и Тунис бил освоен во 1534 година[17]. Овој град бил нападнат и од страна на царот Карло V и неговата армада предводена од адмирал Андреа Дорија. Кајр ал-Дин, познат како Барбароса поради неговата црвена брада избегал, а потоа облекувајќи ги неговите луѓе како Шпанци и под тоа знаме ги ограбувал Балеарските Острови, земајќи 5.700 затвореници од Порт Махон во Менорка. Во 1536 Османлиите изградиле двесте бродови со цел да ја нападнат Италија и Отранто бил заземан следната година. Десет илјади Италијанци биле продадени на пазарите за робови во Истанбул. Во 1537 Венецијанците и се придружиле на "светата лига" на кралски сили против Турците но отоманската морнарица ги поразила доволно на Крф и во заливот Арта за да им овозможи на Турците да доминираат на Средоземјето во наредната третина на векот. Тие се согласиле на примирје во 1540 година, но Венеција морала да се откаже од Мореја(Пелопонез) и нејзините егејски острови.

Во 1538 година била организирана првата поморска експедиција кон Индиски Океан. По експедициите на Васко де Гама, моќната португалска морнарица ја презела контролата на Индискиот Океан. Бахадур Шах апелирал до Цариград за заедничка акција против португалската морнарица[18]. Сулејман I ја искористил оваа можност за да ја провери португалската доминација во Индискиот Океан и го именувал Хадим Сулејман-паша како адмирал на неговата флота[19][20][21] . Поморските сили биле составени од околу 90 галии. Во 1538 година тој пловел кон Индија преку Црвеното и Арапското Море, само за да дознаее дека Бахадур Шах бил убиен за време на судирите со португалската морнарица и неговиот наследник направил сојуз со Португалија. Во 1538 година од страна на Османлиите бил окупиран Аден, на чело со Сулејман-паша. Османлиската флота на 4 септември 1538 година престигнала пред градот Диу. Ова претставувала најголемата османлиска флота некогаш пуштена по водите на Индиски Океан. Диу бил опсаден со 130 топови. И покрај постојаните напади, опсадата не успела. По неуспешната опсада, Османлиите се вратиле во Аден, каде се утврдиле со своите оружја. Сулејман-паша наредил да се започне втора опсада на Диу, но тоа не се случило. Во 1540 година, Португалците ги испратиле своите сили во Црвено Море, напаѓајќи ги Суакин и Кусајар, обидувајќи се да го заземат Суецкиот Канал со флота од 72 бродови. Во следните години следувале постојани битки помеѓу двете светски сили.

1540 — 1552[уреди | уреди извор]

Опсадата на Острогон (1543)

Во 1541 царот Карло V не успеал да го освои Алжир, а две години подоцна Кајр ал-Дин (Барбароса) ги опустошил Неапол и Сицилија. По нивното закотвување во Марсеј, Французите дозволиле Отоманската морнарица да оди во Тулон, но Турците пустошејќи ги француските села предизвикале многу да избегаат. Во 1544 епидемија убила многу робови од галиите, и Турците заробувале француски христијани за да ги заменат. Франсоа I советувал да се нападне Ница, која била под власт на сојузникот на кралот, Војводата од Савоја, чиј замокот бил отпуштен. Кајр ал-Дин (Барбароса) починал во 1546 година.

Конечно во 1554 Франсоа го раскинал овој сојуз со поткуп на Турците со подароци. Тургут, кој бил заробен и поминал четири години години како роб на галија пред да биде ослободен, на крајот станал Отоманската адмирал и го презел Триполи од витешкиот ред на Свети Јован во 1551[22], но тие се одмаздиле кога Тургут бил убиен во неуспешната опсада на Малта во 1565. Јован Заполоја, натеран од унгарскиот националист Мартинуци, се оженил со полската принцеза Изабела кратко време пред неговата смрт во 1540 година. Нивниот едногодишен син Стефан бил прогласен за крал на Унгарија, но Османлиите сѐ уште ја окупирале неговата земја.

Во 1541 година бил опсаднат градот Будим. Опсадата резултирала со заземање на градот Будим. По оваа победа, Османлиското Царство воспоставила контрола над централна Унгарија. Битката е дел од т.н. Мала војна во Унгарија. Победата претставува една од најзначајните на Османлиите против Фердинанд I, најмногу поради тоа што градот во следните 150 години бил под нивна контрола[23]. Откако Фердинанд се обидел да ја презеде Пешта, Сулејман во 1543 година се вратил во Унгарија и ја претворил катедралата во Будим во џамија. На крајот бил постигнат договор во 1547 година, во кој биле вклучени Франција, Венеција, и папа Павле III; Во 1543 година се случила неуспешната опсада на Ница во сојуз со Франција. Фердинанд се согласил да му исплаќа на султанот 30.000 дукати на годишно ниво. Ова му овозможило на Сулејман повторно да ја нападне Персија, да го поврати Тебриз и да го преземе градот Ван во наредната година.

Во 1551 монахот Мартинуци ја убедил Изабела да му ја предаде Трансилванија на Фердинанд, како дел од Австрија, во замена за земјиште во Шлеска. Сулејман на ова реагирал со затворање на австрискиот пратеник две години, но Мартинуци бил прогласен за архиепископ и кардинал. Султанот го испратил Мехмед-паша Соколиќ со армија да ја преземе власта и поставил гарнизон во Липа во Трансилванија. Фердинанд ја опсадил Липа и го убил Мартинуци поради заговор со гарнизонот. Турските трупи извршиле инвазија и повторно го поразиле Фердинанд во 1552. Наредната година Сулејман заминал на неговата последна персиска кампања, во која повторно го освоил Ерзурум и ја опустошил персиската земја по Горен Еуфрат. Примирјето довело до договор за мир во Амасија во 1555 година.

Откако Карло V разбрал за поразот на неговиот брат, тој тргнал да се одмазди во Алжир. Алжир бил под контрола на Османлиите се нашол од 1529 година кога Сулејман I го зазел на чело со Хајредин Барбароса. Барбароса ја напуштил земјата во 1535 година, бидејќи бил избран за Голем адмирал на Османлиското Царство во Цариград, па така тој бил заменет од страна на Хасан Ага. Силите на Хабсбуршката монархија многу доцна тргнале во војна, на 28 септември 1541 година. Тоа се случило тогаш, главно поради проблемите во Германија и Фландрија. Целата флота се собрала во заливот кај Мајорка. Таа броела околу 500 бродови и 24.000 војници. По големото невреме кое ги зафатило регионите околу Мајорка и Алжир, флотата пред преговите на Алжир престигнала на 19 октомври. Во нападот учествувал и Ернан Кортес, т.н. освојувач на Мексико. Војската на Карло на копно стапнала на 23 октомври, каде по ова бил формиран штабот. Војската главно била составена од Шпанци, Германци и Италијанци, во придружба на 150 витези од Малта. Поради големата сила која ја имал донесено царот во Алжир, се сметало дека градот многу бргу ќе падне во рацете на христијаните. Но во следните денови започнало да врне силен дожд и регионот бил зафатен од силно невреме. Голем дел од галиите потонале или биле оштетени . По ова започнал напад на Османлиите и царот бил опкружен. Тој бил извлечен со помош на Малтешкиот витешки ред. Андреа Дорија успеал да побегне во Кејп Матифу, на околу 5 милји од Алжир. Тој му предложил на својот царот да се засолни заедно со него во Матифу. По долгите патувања, на 3 декември конечно царот пристигнал во југоисточниот дел од Шпанија, кај Картагина.

Во 1551 година Османлиите го зазеле Триполи. Триполи станал важен центар на империјата и престолнина на османлиската провинција Триполитанија. Подоцна во 1560 година од страна на христијаните бил направен обид за враќање на градот, но истиот завршил со неуспех.

1553 — 1566[уреди | уреди извор]

Во 1553 година се случила окупација на островот Корзика заедно со Франција. Островот имал значително стратешко значење во западниот дел на Средоземјето, претставувајќи го центарот на комуникација на Хабсбуршката мрежа помеѓу денешна Шпанија и Италија. Заземањето на островот било од огромно значење за Франција, која го окупирала а по ова и го зазела под своја контрола. Османлиите ја опсадиле Малта во мај 1565 година и 700 Витези на Свети Јован биле држени внатре сè додека не пристигнале Шпанците во септември и не ги принудиле Турците да заминат. Повеќе од 20.000 Турци загинале или се бореле со болеста, додека 7.000 Малтежани и Шпанци ги загубиле своите животи. По неуспешната опсада на Малта, Сулејман освен војните со Португалија во Индиски Океан ги обновил и војните со Фердинанд со сила од околу 200.000 војници. Целта бил грофот Николај Зрински, кој го убил миленикот Мухамед од Трикала во Сиклос во 1552 година.

Османлиската империја за време на смртта на Сулејман I

Битката кај Сигетвар била последната на Сулејман I. Битката се случила во 1566 година против силите на Хабсбуршката монархија на чело со хрватскиот бан Никола Шубиќ. Претходно османлиската војска била засолнета во Будим и Белград. Големиот везир Мехмед-паша Соколовиќ го советувал на султанот најпрвин да се зазеде Сигетвар, а потоа да се продолжи кон Токај. Опсадата завршила со освојување на тврдината на градот од страна на Османлиите. Самиот султан Сулејман I не го дочекал паѓањето на градот, бидејќи починал во неговиот камп на 5 септември 1566 година.

Големиот везир Мехмед-паша Соколовиќ ја сокрил смртта на султанот, го убил докторот за да остане смртта во тајност и дал телото на Сулејман да се балсамира и наредил телото да не се закопа сè додека битката не биде добиена.

Културни и економски настани[уреди | уреди извор]

Сулејман бил пофален од страна на царскиот пратеник Бузбек за неговата правда и за именување на способни и заслужни мажи за владините позициии. Во 1535 везирот Ибрахим направил договор со Французите што им овозможило да тргуваат слободно со дел од Отоманското Царство[15] . Империјата на Сулејман вклучувала дваесет различни етнички групи и 21 влади, повеќето од нив биле во муслиманската Азија, но тој ги третирал европските христијани со извесна толеранција по нивното освојување. Османлиските закони биле осовременети од Мула Ибрахим од Алеп и ослободени од традиционалните исламски закони. Христијаните се нашле под Кодексот за рајата и нивниот десеток и данокот од капитација биле толку умерени што некои селани избегале од христијанските господари во Унгарија за да бидат под османлиска власт. Казните биле модернизирани со парична казна како замена за физичкото казнување, осакатувањето и смртта во многу случаи, иако напорите за здобивање на чест сѐ уште можеле да значат сечење на рака за лажно сведочење, фалсификување, или дистрибуција на фалсификувани пари. Каматните стапки биле ограничени на 11%. Животните кои се користат за работа требало да бидат третирани љубезно. Сулејман бил многу богат со годишен приход од околу дванаесет милиони дукати; неговите војни биле плаќани од пленот (вклучувајќи ја и продажбата на многу луѓе како робови) и од данокот од христијанските вазали. Подоцна во неговото владеење тој почнал да бара подароци од службениците кои ги назначил на повисоки позиции. Судиите (кадии и муфтии) биле имуни на оданочување и конфискација на нивниот имот, што ги правело привилегирана елита. Осум колеџи се состанувале во главните џамии и во училиштата се студирала граматика, синтакса, логика, метафизика, филологија, метафизика, реторика, геометрија, астрономија и астрологија[4][24]. Високото образование обично го нагласувало исламскиот закон.

Најпознат архитект во времето на Сулејман I бил Мимар Синан. Тој создал една нова ера не само во османлиската архитектура туку и во светската, создавајќи вкупно 334 градби во различни градови. Првата позначајна градба му била џамијата Шехзаде од 1548 година, Сулејмановата џамија од 1557 година, и Селимовата џамија во Едрене.

Семејни настани[уреди | уреди извор]

Султанот Сулејман имал четри жени. Од првата, Фулан хатун се родил во 1512 година се родил Махмуд кој починал по девет години. Во 1511 година се оженил со Ѓулфем хатун, која му родила син но починал по само неколку месеци. Од бракот со Махидевран султан се родиле Разије султан и Мустафа, и како прв син бил воспитуван како наследник на престолот. Целата работа се променила со пристигнувањето на украинката Александра Лисовска во харемот како поклон на султанот од Паргали Ибрахим-паша[25]. Нејзината харизма го привлекувала секој во харемот, поради кое го добила името Хурем кое во превод значи насмеана. Таа бргу по пристигањето во харемот во палaтата Топкапи-сарај станала султанов сопатник во креветот. Бидејќи не служила само за сексуално задоволување и како мајка на можните машки наследници, таа се покажала и како добар оратор и искрен пријател. По големата кавга меѓу Махидевран и Рокселана, Сулејман ја протерал Махидевран и нејзиниот син Шехзаде Мустафа во градот Маниса. По ова Рокселана станала омилена на султанот, односно хасеки. Во 1522 година Рокселана го родила принцот Шехзаде Мехмед. Во 1526 година се родила Михримах султан, која подоцна била омажена за Рустем-паша. Од Рокселана, на султанот му се родиле и Селим, Бајазит и Џихангир. Рокселана станала една од најсилните жени во харемот. Таа настојувала да ги исполни сите желби на Сулејман. Тој бил спремен да се ожени со неа и да ја прогласи за султанија, нешто што никогаш претходно не се било случило од настанувањето на империјата[26]. Така свадбата се случила во 1530 година.[27].

Се смета дека Паргали Ибрахим-паша бил погубен поради големото влијание во империјата[28][29] , но за неговата смрт најмногу одговорна била Рокселана. Сулејман започнал да се плаши и за неговиот престол па поради ова бил погубен. По смртта на Ибрахим-паша, на Сулејман како доверлив човек му останал само Рокселана. Како прв роден син, Мустафа бил наследник на османлискиот престол но според некои историчари по женидбата на Сулејман со Рокселана тој како свој наследник го гледал Шехзаде Мехмед, најстариот син на Рокселана. Сулејман му овозможил повеќе прилики на Мехмед и според тоа тој го подготвувал за престолонаследник. По овие случувања, Мустафа доживеал и втор шок од страна на неговиот татко по неговото преместување од Маниса во Амасија. Владеењето во Маниса му било доделено на Мехмед. И покрај тоа што бил преместен во Амасија, Мустафа добил декрет според кој неговиот татко сѐ уште во него гледал како иден султан.

Во 1547 година во времето на Османлиско-сефевидската војна, Сулејман се сретнал со своите три синови на различни места за да разговара за политичката ситуација во земјата. По ова следувала трка кон престолот меѓу тројцата браќа, вклучувајќи го Селим. Во 1544 година Селим бил испратен во Маниса како управител.

Животот на Мустафа бил во опасност посебно по смртта на Паргали Ибрахим-паша и новиот сојуз меѓу Рустем-паша и Рокселана. Рокселана според повеќе извори направила заговор за убивање на Мустафа. Во текот на еден поход, Рустем-паша испратил еден од најдоверливите негови луѓе да извести дека султанот Сулејман не бил на чело на армијата, по кое војниците сметале дека дошло времето принцот Мустафа да го зазеде престолот. Султанот на ова многу се налутил. Така, во текот на Иранскиот поход, армијата на Сулејман заминала во градот Ерегли. Додека тој бил во Ергели, Руштем-паша му понудил на Мустафа да се приклучи кон армијата на неговиот татко. Претходно пак, Рустем го предупредил на султанот дека Мустафа се подготвувал да дојде во Ергели и да го убие на Сулејман.

Мустафа ја прифатил понудата на Рустем-паша и заедно со својата војска заминал кон градот Ергели. Сулејман овој потег го видел како закана и решил Мустафа да го убие. Кога Мустафа влегол во шаторот на Сулејман за да се сретнат, стражарите на Сулејман го нападнале и по долгата борба го убиле на принцот. По неговата смрт, јаничарите и војниците на Мустафа протестирале против одлуката на Сулејман, и главно ги обвинувале Рокселана и Рустем-паша.

По смртта на Мустафа, Сулејман останал со своите два сина Бајазит и Селим. Селим бил управител на Маниса а Бајазид на Ќутахија. Двата града биле речиси еднакво оддалечени од Истанбул. Сулејман го видел соперништвото меѓу своите два сина па затоа решил да ги смени од нивните должности. Така на Селим му била доделена Конија а на Бајазит Амасија. Но на ова се спротивставил Бајазит, а Селим со поддршка на неговиот татко и на чело со Мехмед-паша Соколовиќ го поразил својот брат во близина на Конија на 31 мај 1559 година[30]. На Бајазит не му останало ништо друго туку да се врати во Амасија, но успеал да побегне во Персија заедно со своето семејство. Иако шахот во почетокот му посакал добредојде на младиот принц сепак подоцна по барање на Сулејман тој решил да ги предаде. Наместо тоа, на 25 септември 1561 година Бајазид заедно со неговите четири сина биле погубени во Персија по налог на османлискиот султан[31].. Така единствен наследник на Сулејман останал Шехзаде Селим.

Везири[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Encyclopædia Britannica, Vol.7, Edited by Hugh Chisholm, (1911), 3; Constantinople, the capital of the Turkish Empire...
  2. Britannica, Istanbul Архивирано на 18 декември 2007 г.:When the Republic of Turkey was founded in 1923, the capital was moved to Ankara, and Constantinople was officially renamed Istanbul in 1930.
  3. Merriman.
  4. 4,0 4,1 Atıl, 24.
  5. Clot, 25.
  6. Barber, Noel (1973). The Sultans. New York: Simon & Schuster. стр. 36. ISBN 0-7861-0682-4.
  7. Clot, 28.
  8. Lamb, 14.
  9. Barber, 23.
  10. Imber, 49.
  11. Kinross, 176.
  12. The History of Malta
  13. Kinross, 187.
  14. Turnbull, Stephen (2003). The Ottoman Empire 1326 – 1699. New York: Osprey Publishing. стр. 50.
  15. 15,0 15,1 Imber, 51.
  16. Sicker, 206.
  17. Crowley, p.56
  18. „History cooperative“. Архивирано од изворникот 2012-08-03. Посетено на 2012-08-03.
  19. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Özcan1997.
  20. http://jis.oxfordjournals.org/content/7/1/32.extract
  21. Naimur Rahman Farooqi (1989). Mughal-Ottoman relations: a study of political & diplomatic relations between Mughal India and the Ottoman Empire, 1556-1748. Idarah-i Adabiyat-i Delli. Посетено на 30 September 2012.
  22. Cervantes in Algiers: a captive's tale by María Antonia Garcés p. 25 [1]
  23. Garnier, p.200
  24. Russell, The Age of Sultan Suleyman.
  25. Ahmed, 43.
  26. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Kinross236.
  27. Mansel, 86.
  28. Margaret Rich Greer, Walter Mignolo, Maureen Quilligan. Rereading the Black Legend: the discourses of religious and racial difference in the Renaissance empires., University of Chicago Press, 2007. ISBN 978-0-226-30722-0, p. 41: "Ibrahim Pasha, his intimate and grand vezir, a Greek from Parga in Epirus"
  29. Willem Frederik Bakker.Studia Byzantina et Neohellenica Neerlandica. BRILL, 1972. ISBN 978-90-04-03552-2 ,p. 312
  30. Prof. Dr. Yaşar Yücel-Prof. Dr. Ali Sevim: Türkiye Tarihi II (History of Turkey), AKDTYK yayınları, İstanbul,1990 p. 299-300
  31. Joseph von Hammer:Osmanlı Tarihi Vol II (condensation: Abdülkadir Karahan), Milliyet yayınları, İstanbul. p 36-37