Овој султан ги наследил и уништил реформите на Селим III во 1807 година. Мустафа IV наредил да биде убиен Селим III, но сам бил убиен по заповед на Махмуд II.
Роден во Цариград, Мустафа IV бил дете на султанот Абдул Хамид I (1774-1789) и Ајше Сенијепервер султан. Заедно со својот брат Махмуд II биле последните машки членови од Отоманската династија. По симнување од престолот на Селим, Мустафа како поголем брат го наследил[1]. И покрај тоа што на Селим Мустафа му бил омилен принц и престолонаследник, сепак тој ги симнал од власт под притисок на јаничарите.
Краткото владеење на Мустафа било турбулентно бидејќи јаничарите правеле немири во престолнината проследени со убиства и грабежи за секој кој ќе го поддржал Селим и неговите реформи. Про-реформскиот командант Мустафа Паша започнал марш од Дунав кон престолнината против новиот султан чија цел била Селим да се врати на власт, а кога разбрал за ова Мустафа наредил да бидат убиени Селим и Махмуд. Но палатата била опколена од бунтовниците и Мустафа абдицирал од престолот надевајќи се дека МАхмуд е мртов заедно со Селим. Сепак Махмуд успеал добро да се сокрие и кога бил поставен за султан наредил Мустафа да биде убиен.