Шехзаде Јахија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1585
Маниса, Отоманска Империја
Починал 1649
Татко Мехмед III

Шехзаде Јахија (1585-1649) бил третиот син на османлискиот султан Мехмед III. Неговата мајка била принцеза од комненската византија. Кога неговиот татко Мехмет станал султан тој присуствувал на егзекуцијата на неговите чичковци. Неговата мајка била загрижена дека ова еден ден може да се случи и со Јахија. Поради ова тој побегнал во Грција и Бугарија каде наводно бил покрстен и го примил христијанството. Таму тој живеел во наредните осум години[1].

Битка за тронот[уреди | уреди извор]

Кога неговите двајца браќа загинале во 1603 година неговиот помлад брат Ахмед I станал отомански султан. Јахија верувал дека како најстар син тој требал да го зазеде тронот во Константинопол па поради ова остатокот од својот живот го посветил на стекнување на престолот. Сепак според османлиската пракса, децата на султанот се стекнувале најпрвин со управување на провинциски области и градови а по смртта на султанот тие придружувани од своите мајки се трудиле да соберат поголем број на приврзаници, а по погребот на нивниот татко тие се бореле меѓу себе додека еден не излезе победник.

Од 1603 па натаму, Јахија патувал во северна и западна Европа за да добие поддршка. Така тој бил во посета на Фиренца, Мадрид, Рим, Краков, Антверпен, Прага и други градови. Помеѓу 1614 и 1617 тој стапил во контакт со српските православни христијански владици во Косово и римокатоличките бискупи и лидери, како дел од неговата стратегија да се здобие со престолот. Тој наводно ветувал дека доколку стапи на престолот христијанството ќе го направи официјална религија во империјата. Неколку години подоцна, со помош на руските и украинските козаци, тој предводел една флота од 130 брода кои го нападнале Истанбул. Тој конечно починал во 1649 на брегот на Црна Гора, кога бил бил вмешан во бунт организиран од римокатоличките епископи во Скадар[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kosovo, A Short History (1998), Noel Malcolm -- Harper Perennial - pp. 121 - 122 ISBN 978-0-06-097775-7
  2. Kosovo, A Short History (1998), Noel Malcolm -- Harper Perennial - p. 124 ISBN 978-0-06-097775-7