Прејди на содржината

Шехзаде Мехмед (син на Ахмед I)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шехзаде Мехмед
Саркофагот на принцот Мехмед, Султан Ахмедова џамија, Истанбул, Турција
Роден(а)11 март 1605
Топкапи-сарај, Цариград, Отоманско Царство
Починал(а)12 јануари 1621
Топкапи-сарај, Цариград, Отоманско Царство
Почивалиште
ТаткоАхмед I
МајкаКосем
Вероисповедислам

Шехзаде Мехмед (османски турски: شہزادہ محمد; роден на 11 март 1605 во Цариград – починал на 12 јануари 1621 година во Цариград — отомански принц, син на султанот Ахмед I[1] и неговата сопруга Косем[2] .

Шехзаде Мехмед е роден на 11 март 1605 година во Истанбул. Тој бил втор син на султанот Ахмед I и прв на Косем. Во јануари 1609 година, Мехмед го започнал своето образование под старателство на Хаџе Омер Ефенди, заедно со неговиот постар брат, Осман (иден султан Осман II).

Според современите европски набудувачи, мајката на Мехмед имала идеја за негово поставување на престолот по смртта на Ахмед. Насух​-паша кој бил голем везир (1611-14), особено по бракот со Ајше Султан, ќерка на Ахмед и Косем во 1612 година, станал близок сојузник на својата свекрва, која очигледно сметала дека Насух може да биде од помош во обезбедувањето на наследството на Мехмед.

По смртта на татко му во 1617 година, кога Мехмед имал дванаесет години, неговиот чичко Мустафа I се искачил на престолот. Сепак, тој наскоро бил сменет и заменет од Осман во 1618 година[3].

Осман го замолил шејк-ул-исламот Есад Ефенди за правно мислење за погубување на неговиот брат. Сепак, Есад Ефенди одбил да издаде правно мислење. Главниот судија на Румелија, Кемаледин Ефенди наместо него, го потврдил погубувањето на принцот[4]. И така, на 12 јануари 1621 година, Мехмед бил погубен. Кога извршителите му го стегале јажето околу вратот, тој извикувал[5][6]:

Осман, ти посакувам да не бидеш благословени на овој престол


Дванаесет дена по неговата смрт, силен снег паднал во Истанбул, што се сметало за порака на Алах кон Осман бидејќи го убил својот брат. Осман наредил погубување на Мехмед пред да го напушти главниот град и да замине во полската кампања[7][8].

Мехмед бил погребан покрај неговиот татко во неговиот мавзолеј кој се наоѓа во Сината џамија, Истанбул[9]

  1. Börekçi, Günhan (2010). Factions And Favorites At The Courts Of Sultan Ahmed I (r. 1603-17) And His Immediate Predecessors (Thesis). Ohio State University. стр. 117, 142.
  2. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  3. A ́goston, Ga ́bor; Masters, Bruce Alan (21 May 2010). Encyclopedia of the Ottoman Empire. Infobase Publishing. стр. 409. ISBN 978-1-438-11025-7.
  4. Çiçek 2012, стр. 32-33.
  5. Yılmaz, Coşkun (2008). Uluslararası Üsküdar Sempozyumu V, 1-5 Kasım 2007: bildiriler, Volume 2. Üsküdar Belediyesi. стр. 493. ISBN 978-9-944-58075-5.
  6. Çiçek 2012, стр. 32.
  7. Gabriel Piterberg (2003). An Ottoman Tragedy: History and Historiography at Play. University of California Press. стр. 20, 21, 85, 89. ISBN 978-0-520-93005-6.
  8. Çiçek 2012, стр. 33.
  9. Bey, Mehmet Süreyya; Aktan, Ali; Yuvalı, Abdülkadir; Keskin, Mustafa (1995). Tezkire-i meşâhir-i Osmaniyye. Sebil Yayınevi. стр. 68. ISBN 978-9-757-48083-9.
  • Çiçek, Fikri (2014). An examination of daily politics and factionalism at the Ottoman Imperial court in relation to the regicide of Osman II (r. 1618-22). Istanbul Şehir University.