Косем (султанија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Косем султан
Махпејкер султан
Регент на Османлиска империја
1-во регенство 10 септември 1623 – 1632
Претходник нема
Наследник себеси
Султан Мурат IV
2-ро регенство 8 август 1648 – 3 септември 1651
Претходник себеси
Наследник Турхан Хатиџе султан
Султан Мехмед IV
Валиде султан на Османлиска империја
На престол 10 септември 1623 – 3 септември 1651
Претходник Халиме султан
Наследник Турхан Хатиџе султан
Хасеки султан на Османлиска империја
На престол 26 ноември 1605 – 22 ноември 1617
Претходник Сафије султан
Наследник Ајше хатун
Сопружник султан Ахмед I
Деца
Мурат IV
Ибрахим I
Шехзаде Сулејман
Шехзаде Ќасим
Ајше султан
Фатма султан
Џеверхан султан [1]
Ханзаде султан[2]
Роден(а) околу 1589–1590
Тинос, Ејалет Мореја, Османлиска империја[3]
(денеска територија на Грција)
Починал(а) 3 септември 1651
Цариград, Османлиска империја
Почивалиште Фатих, Истанбул, во мавзолејот на нејзиниот сопруг Ахмед I
Вероисповед ислам, претходно православие

Косем султан (целосно име: Девлетлу Исметлу Махпејкер Косем Валиде султан Алијету Шан Хазретлери, или позната како Махпејкер султан[4]; 15903 септември 1651) — една од наjмоќните жени во Османлиската империја.[4][5][6][7]. Таа била сопруга на султанот Ахмед I (владеел 1603-1617), кога извршила влијание во политичкиот живот на империјата, како и преку неговите наследници, односно преку нејзините синови Мурат IV (владеел 1623-1640) и Ибрахим I (владеел 1640-1648), и конечно преку нејзиниот внук Мехмед IV (владеел 1648-1687), продолжувајќи ја политичката моќ на жените во султанскиот дворец, период познат како Султанат на жените. Во времето на владеењето на нејзините синови Мурат IV и Ибрахим I, Косем султан ја извршувала функцијата [Валиде султан]. Така Косем султан станала една од највлијателните жени во историјата на Османлиската империја, која управувала самостојно два пати, од 1623 до 1632 година и од 1648 до 1651 година преку регентство. По нејзината смрт, таа била позната под имињата Валиде-Мактуле (мајката-убиец) , и "Валиде-Шехиде (мајката-маченик).[8].

Рани години[уреди | уреди извор]

Косем имала грчко потекло[9][10][11][12]родена околу 1589 година како ќерка на свештеник од островот Тинос. Нејзиното родено име било Анастасија и била одведена како роб во Истанбул од страна на босанскиот бејлербег[13] кога имала 15 години, каде попаднала во харемот на султанот Ахмед I и многу бргу станала негова омилена наложница. Кога го примила исламот, таа го променила своето име во Махпејкер, додека од страна на султанот Ахмед и било дадено името Косем.[12].

По смртта на Ахмед I во 1617 година Косем била преместена во Стариот дворец, каде обично се праќале жените на покојните султани. Во 1623 година Косем се вратила како Валиде султан на својот син Мурат IV (1623-1640).

Прво регентство[уреди | уреди извор]

Поради фактот што тој бил малолетен, Косем султан започнала и да управува самостојно како негов единствен регент, до неговото стекнување на полнолетство во 1632 година. Така таа останала во историјата како единствена жена која официјално и самостојно владеела со некоја исламска империја. Во поголемиот дел од нејзиното владеење, Косем управувала ефикасно и лично присуствувала на состаноците на диванот дури и откако била ослободена од регентското место.

Второ регентство[уреди | уреди извор]

Мурат IV, кој додека бил жив го забранил алкохолот, починал во 1640 година од цироза на црниот дроб. По неговата смрт на престолот се качил душевноболниот брат Ибрахим I, кој поради ментални проблеми не можел да управува самостојно со огромната империја. Ова и овозможило на Косем да продолжи да ја диктира политиката на Отоманската империја. Ибрахим I сепак бил убиен поради заговор, на чело на кој застанал главниот муфтија. По убиството на својот син Косем за нов султан го прогласил својот внук Мехмед IV. И овој пат Косем се прогласила за единствен регент на малолетниот султан и како таква таа управува од 1648 до 1651 година.

Смрт[уреди | уреди извор]

Најголем непријател на Косем се покажала мајката на султанот, Турхан Хатиџе султан која наредила да се убие Косем султан откако таа подготвувала план за отстранување на Мехмед IV од престолот. Косем султан била задавена со јаже од дворската стража на 13 септември 1651 година.

Нејзиното тело било испратено најпрвин во Старата палата, а потоа закопано во мавзолејот на нејзиниот сопруг Ахмед I. Нејзината смрт била проследена со тридневна жалост во престолнината.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Singh, Nagendra Kr (2000). International encyclopaedia of Islamic dynasties. Anmol Publications PVT. стр. 423–424. ISBN 81-261-0403-1. „Преку нејзината убавина и интелигентност, Косем валиде султан била доста привлечна за Ахмед I, на која му родила четири синови: Мурат, Сулејман, Ибрахим и Ќасим како и три ќерки: Ајше, Фатма и Џавхархан. Нејзините ќерки биле искористени во консолидација на нејзиното политичко влијание преку бракови со султанските везири.“ 
  2. Peirce, Leslie P. (1993), The Imperial Harem: Women and Sovereignty in the Ottoman Empire, Oxford University Press, стр. 365, ISBN 0195086775 
  3. http://www.dr.com.tr/kitap/kara-kralice-kosem/demet-altinyeleklioglu/edebiyat/roman/turkiye-roman/urunno=0000000413240
  4. 4,0 4,1 Douglas Arthur Howard, The official History of Turkey, Greenwood Press, isbn= 0-313-30708-3, p. 195
  5. Bator, Robert, – Rothero, Chris (2000). Daily Life in Ancient and Modern Istanbul. Twenty-First Century Books. стр. 42. ISBN 0-8225-3217-4. „When such a son became sultan, his slave mother would become the most powerful woman in the Ottoman Empire. The Macedonian slave Kösem earned this distinction“ 
  6. Akbar, M. J. (2002). The Shade of Swords: Jihad and the Conflict Between Islam and Christianity. Routledge. стр. 89. ISBN 0-415-28470-8. „His mother, Valide Kosem, said to be the most powerful woman in the history of the dynasty, ruled in his name.“ 
  7. Westheimer, Ruth Karola, – Kaplan, Steven (2001). Power. University of Virginia: Madison Books. стр. 19. ISBN 1-56833-230-0. „Maypeyker Sultan, better known as Kösem Sultan, is remembered by the Turks as the most powerful woman of her time“ 
  8. Necdet Sakaoğlu (2007). Famous Ottoman women. Avea. стр. 129. 
  9. al-Ayvansarayî, Hafiz Hüseyin  ; Crane, Howard (2000). The garden of the mosques : Hafiz Hüseyin al-Ayvansarayî's guide to the Muslim monuments of Ottoman Istanbul. Brill. стр. 21. ISBN 90-04-11242-1. „Kosem Valide Mahpeyker, known also simply as Kosem Sultan (c. 1589–1651), consort of Sultan Ahmed I and mother of Murad IV and Ibrahim I. Greek by birth, she exercised a decisive influence in the Ottoman state“ 
  10. „Kosem Sultan (Ottoman sultana) – Britannica Online Encyclopedia“. Britannica.com. http://www.britannica.com/eb/article-9046105/Kosem-Sultan. конс. 11 март 2012 г. 
  11. Gibb, Sir Hamilton Alexander Rosskeen (1954). The Encyclopaedia of Islam. Brill. стр. 597. ISBN 90-04-07026-5. „Kosem [qv] Mahpeyker, a woman of Greek origin (Anastasia, 1585–1651)“ 
  12. 12,0 12,1 Davis, Fanny (1970). The Palace of Topkapi in Istanbul. Scribner. стр. 227–228. OCLC 636864790. „Kosem was said to have been the daughter of a Greek priest of one of the Aegean islands, probably captured during one of the Ottoman-Venetian maritime campaigns. Her name was Anastasia but was changed after her conversion, no doubt on her admission to the palace, to Mâh-Peyker (Moon-Shaped), and later by Sultan Ahmet to Kosem“ 
  13. Amila Buturović, İrvin Cemil Schick (2007). Women in the Ottoman Balkans: gender, culture and history. I.B.Tauris. стр. 23. ISBN 1-84511-505-8. „Kösem, who was of Greek origin. Orphaned very young, she found herself at the age of fifteen in the harem of Sultan Ahmed I.“ 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Сафије султан
Хасеки султан
26 ноември 1605 – 22 ноември 1617
Наследник
Ајше хатун
Претходник
Халиме султан
Валиде султан
10 септември 1623 – 3 септември 1651
Наследник
Турхан Хатиџе султан
Претходник
нема
Регент
10 септември 1623 – 1632 and
8 август 1648 – 3 септември 1651
Наследник
Турхан Хатиџе султан