Самарканд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Самарканд
Поглед од Регистан
Поглед од Регистан
Координати: 39°39′15″ СГШ 66°57′35″ ИГД / 
Држава Узбекистан
Покраина Самарканд
Надм. вис. 702 m (2,303 ft)
Население (2008)
 • Градско 596.300
 • Градскo 643.970
 • Метро 708.000

Самарканд (узбечки:Samarqand, Самарқанд, персиски: سمرقند, транскрипција: "Samarqand"), е вториот најголем град во Узбекистан и главен град на покраината Самарканд. Градот е најпознат по неговата централна местоположба на Свилениот пат, главна делница помеѓу Кина и Европа. Градот исто така е познат по својата религиозност бидејќи тој е исламски центар и центар за веронаука во државата. Најпозната знаменитост во градот е Биби-Ханим џамијата. Поранешен центар на градот бил Регистан. Градот е додаден во листата на светско богатство на УНЕСКО.