Лемнос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лемнос
Λήμνος
Мирина
Лемнос се наоѓа во Грција
Лемнос
Координати: 39°55′ СГШ 25°15′ ИГД / 
Земја Грција
Област Северен Егеј
Округ Лимнос
Површина
 • Општина 477,6 km2 (1,844 sq mi)
Најг. вис. 470 m (1,540 ft)
Најм. вис. 0 m (0 ft)
Население (2011)[1]
 • Општ. 16.992
 • Општ. густина 3.6/km2 (9.2/sq mi)
Часовен појас EET (UTC+2)
 • Лете (DST) EEST (UTC+3)
Пошт. бр. 81400
Повик. бр. 22540
Рег. таб. MH, MY
Мреж. место www.limnos.gr

Лемнос (грчки: Λήμνος) — грчки остров во северниот дел на Егејското Море. Административно островот формира посебна општина во рамките на регионалната единица Лемнос, која е дел од Северниот Егејски регион. Главен град на островот и седиште на општината е Мирина[2]. На 477.583 квадратни километри[3], Лемнос е 8-тиот најголем остров на Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Лемнос е претежно рамен (со повеќе од 30 песочни плажи), но на запад, а особено на северозападниот дел е планински. Највисоката точка е планината Скопија на надморска височина од 430 метри[4]. Главните градови се Мирина на западниот брег, и Мудрос на источниот брег на островот. Мирина (исто така наречена Кастро, што значи „замок“) има добро пристаниште, кое е во процес на надградба преку изградба на западен морски ѕид. Пристаништето е седиште на сите трговски врски со копното. На падините на островот се наоѓаат пасишта за овци. Лемнос има стара традиција во изработка на млечните производи како сирење направено од овчо и козјо млеко и јогурт. Најпознат млечен производ е Калатаки Лимну[5]. Овошјето и зеленчукот што растат на островот вклучуваат бадеми, смокви, дињи, лубеници, домати, тикви и маслинки. Главните култури се пченица, јачмен, сусам. Лемнос исто така произведува мед, но, како што е случај со повеќето производи од локална природа во Грција, произведените количини се малку повеќе од доволни за локалниот пазар. Мускатското грозје се одгледува во голема мера и се користи за производство на вино. Од 1985 година, сортата и квалитетот на вина во голема мера се зголемиле.

Клима[уреди | уреди извор]

Климата во Лемнос е главно медитеранска. Зимите обично се благи, но повремено има снег. Силните ветришта се карактеристика на островот, особено во август и во зимско време. Температурата е обично 2 до 5 степени целзиусови помалку отколку во Атина, особено во лето.

Климатски податоци за Лемнос
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 18.8
(65.8)
19.0
(66.2)
22.0
(71.6)
25.8
(78.4)
29.8
(85.6)
34.4
(93.9)
39.4
(102.9)
35.8
(96.4)
32.8
(91)
31.2
(88.2)
24.0
(75.2)
19.2
(66.6)
39.4
(102.9)
Прос. висока °C (°F) 10.7
(51.3)
10.9
(51.6)
12.9
(55.2)
17.3
(63.1)
21.9
(71.4)
26.8
(80.2)
29.0
(84.2)
28.2
(82.8)
25.2
(77.4)
20.1
(68.2)
15.3
(59.5)
12.5
(54.5)
19.2
(66.6)
Сред. дневна °C (°F) 7.5
(45.5)
7.9
(46.2)
9.9
(49.8)
13.8
(56.8)
18.4
(65.1)
23.3
(73.9)
25.5
(77.9)
24.6
(76.3)
21.4
(70.5)
16.6
(61.9)
12.3
(54.1)
9.3
(48.7)
15.9
(60.6)
Прос. ниска °C (°F) 4.2
(39.6)
4.7
(40.5)
6.2
(43.2)
8.8
(47.8)
12.8
(55)
16.8
(62.2)
19.7
(67.5)
19.8
(67.6)
16.4
(61.5)
12.4
(54.3)
9.1
(48.4)
6.1
(43)
11.4
(52.5)
Најниска забележана °C (°F) −5.0
(23)
−4.2
(24.4)
−6.0
(21.2)
1.0
(33.8)
3.4
(38.1)
3.4
(38.1)
12.0
(53.6)
12.8
(55)
8.8
(47.8)
1.6
(34.9)
−1.0
(30.2)
−3.6
(25.5)
−6.0
(21.2)
Прос. врнежи мм (ин) 72.3
(2.846)
44.1
(1.736)
51.6
(2.031)
32.3
(1.272)
23.3
(0.917)
21.9
(0.862)
10.3
(0.406)
7.5
(0.295)
19.6
(0.772)
35.9
(1.413)
75.4
(2.969)
80.2
(3.157)
474.4
(18.677)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1.0 mm) 7.5 6.2 5.2 4.2 3.4 2.6 1.2 1.2 1.6 3.8 7.0 8.4 52.3
Прос. релативна влажност (%) 77.0 75.4 75.9 73.4 68.8 61.0 57.6 62.5 66.8 72.8 77.9 78.6 70.6
Извор: NOAA[6]
Ереро
Плажа


Историја[уреди | уреди извор]

Митологија[уреди | уреди извор]

За античките Грци, островот бил свето за Хефест, бог на ковачката вештина, кој - како што се вели во Илијадата - паднал на Лемнос кога Зевс го фрлил настрана од Олимп. Таму, тој бил згрижен од страна на Синтите, или од Тетида.

Најраните жители се вели дека биле тракиски племиња, кои Грците ги нарекувале Синти, „разбојници“. Името Лемнос е споменато од Хекатеј[7]. Обожавањето на Кибела било карактеристично за Тракија, каде што се проширило од Мала Азија во многу рано време. Хипсипила и Мирина (името на еден од главните градови) се амазонски имиња, кои секогаш се поврзани со обожување на азиски кибели.

Според Библиотека, кога Дионис ја пронашол Аријадна во Наксос, тој ја довел во Лемнос и таму биле родени Тоас, Стафил, Енопион и Пепарет. Плиниј Постариот во својата Naturalis historia зборува за извонреден лавиринт во Лемнос, кој во денешно време не е идентификуван.

Според една хеленска легенда, сите жени биле напуштени од нивните сопрузи за тракиските жени, а за одмазда го убиле секој човек на островот. Од овој варварски чин, изразот „Лемниски дела“ станал доста користен за Старите Грци. Според Аполониј од Родос, Аргонаутите често доаѓале овде откако ги пронашле единствено жените на островот.

Праисторија[уреди | уреди извор]

Градба во Полиохни.
Ѕвездата од Лемнос.
Антички театар.

Урнатините од најстарата населба во Егејските ОСтрови пронајдени при археолошките ископувања на Лемнос од страна на тим од грчки, италијански и американски археолози се наоѓаат на местото на Уријакос на брегот на Лори во Фисини во општината Мудрос. Ископувањето почнало во почетокот на јуни 2009 година и пронајдените откритија, кои главно се состоеле од висококвалитетни камени алатки, се од епипалеолитскиот период, што укажува на населба од 12 милениум пред нашата ера.

Една правоаголна зграда на југозападната страна на ридот на Полиохни, датира од младото бронзено време и е веројатно користена како еден вид на булевтерион.

Во август и септември 1926 година, членовите на италијанскиот археолошки факултет во Атина спровеле пробни ископувања на островот[8]. Целта на ископувањата била да се расветли пред-хеленската цивилизација на островот, по откривањето на Ѕвездата од Лемнос, со натпис на етрурски јазик. Ископувањата, со тогашните политички призми, биле спроведени на местото на градот Хефистија, каде што Пеласгијците, според Херодот, се предаваат на Милтијад од Атина во 510 година п.н.е., иницирајќи социјално и политичко хеленизирање на островот. Таму била откриена некропола (околу 9 - 8 век п.н.е.), откривајќи бронзени предмети, саксии и над 130 мали костури. Костурниците содржеле очигледно машки и женски погребни орнаменти. Машките содржат ножеви, додека женските содржат обетки, бронзени иглички, ѓердани, златни дијадеми и нараквици. Украсите на некои златни предмети содржеле спирали од микенско потекло, но немаат геометриски форми. Според нивната орнаментика, садовите откриени на местото се од Геометрискиот период. Сепак, саксиите укажуваат на микенска уметност.

Антика[уреди | уреди извор]

Хомер зборува дека постои еден град на островот наречен Лемнос. Во класичниот период имало два града, Мирина (исто така наречена Кастро) и Хефеиста[9], кој бил главен град. Монети во Хефеиста биле пронајдени во значителен број најчесто со ликот на божицата Атена и религиозни симболи. Неколку монети од Мирина припаѓаат на атичкиот период. Исто така, познати се и неколку монети кои го носат името на целиот остров, а не на ниту еден град.

Во 197 п.н.е., Римјаните го прогласиле островот за слободен, но во 166 п.н.е., го предале на Атина, која задржала номинално владеење, додека цела Грција не биде претворена во провинција на Римската Република во 146 п.н.е. По поделбата на Римската империја во 395 година, Лемнос бил во составот на Византија.

Среден век[уреди | уреди извор]

Карта на Лемнос, 1809

По падот на Цариград, и благодарение на застапувањето на Критовул од Имброс, поседувањето на Лемнос и Тасос од страна на Дорино I биле признаени од страна на султан Мехмед II, во замена за годишен данок од 2,325 златни монети. Кога Дорино починал во 1455 година, неговиот син и наследник Доменико го добил само Лемнос[10]. Во 1456 година, Мехмед II ги нападнал и окупирал териториите на Доменико во Тракија. За време на последователните преговори со Доменико, грчкото население на Лемнос било против помладиот брат на Доменико, Николо, и се предало на султанот, кој го назначил Хамза-бег како гувернер[11]. Мехмед во тоа време му доделил специјална правна повелба на Лемнос, Имброс и Тасос, подоцна ревидирано и од Селим I во 1519 година[10]. Во 1457 година, островот бил заробен од страна на папската флота на чело со кардиналот Лудовико Тревисан. Папата Каликст III се надевал дека ќе воспостави нов воен орден на островот, кој го контролирал излезот на Дарданелите, но ништо не се случило, бидејќи Лемнос наскоро повторно бил освоен од султанот[11].

Во 1464 година, за време на Првата отоманско-венецијанска војна, Лемнос и другите поранешни поседи биле заземени од страна на Венецијанците, но биле вратени на Османлиите со Цариградскиот договор од 1479 година[11]. По ова, Гедик Ахмед-паша, ги поправил утврдувањата на островот и донел доселеници од Анадолија. Во тоа време, администрацијата на островот била исто така реформирана и усогласена со отоманската пракса, со гувернер, судија (кадија) и старешини (коџабашија) кои раководеле со локалните грчки жители[10]. Во доцниот 16 век, Лемнос бил запишан, заедно со Хиос, како „единствениот просперитетен остров на Архипелагот“. Имал 74 села, од кои 3 биле населени од муслимани[10].

Во јули 1656 година, за време на Петтата отоманско-венецијанска војна, Венецијанците повторно го зазеле островот по големата победа над отоманската флота. Османлиите на чело со Топал Мехмед-паша го вратиле една година подоцна, на 15 ноември 1657 година, откако го опседнале главниот град за 63 дена. Во 1770 година, Кастро бил повторно опколен 60 дена од страна на грофот Орлов за време на Руско-турската војна од 1768-1774 година. Отоманската флота ги натерала на руските бродови да се повлечат (24 октомври 1770).

Под османлиско владеење, Лемнос првично припаѓал на санџаците Галиполи, но подоцна бил конституиран како посебен санџак по реформите во средината на 19 век, најдоцна до 1846 година. Санџакот постоел сè до освојувањето на островот од страна на Грците во 1912 година.

Современ период[уреди | уреди извор]

Дијаграм од француската „Илустрација“, каде е прикажана грчката и отоманската флота и воените бродови што учествувале во битката за Лемнос
Поглед на Мудрос за време на Дарданелската кампања, .

На 8 октомври 1912 година, за време на Првата балканска војна, Лемос станал дел од Грција. Грчката морнарица на чело со Павлос Кантуриотис го превзел островот без жртви од турскиот отомански гарнизон, кој бил претходно вратен во Анадолија. Питер Харанис, роден на островот во 1908 година, а подоцна и професор по византиска историја на Универзитетот Рутгерс, раскажува како островот бил окупиран, а грчките војници биле испратени во селата и стационирани на јавните плоштади. Некои од децата трчале да видат како изгледаат грчките војници. „Што гледаш?“, прашал еден од нив. „Во Елините“, одговориле децата. „Дали сте Елени?“, возвратил војникот, „Не, ние сме Римјани[12].

Заливот Мудрос станал важен дел за грчката флота. Двата обиди на Отоманците да го вратат островот биле неруспешни. За време на Првата светска војна, сојузниците на почетокот на 1915 година го искористиле островот за да го освојат Дарданелискиот теснец, на околу 50 километри од островот. Ова било направено главно од страна на Британците и главно преку ентузијазмот на Винстон Черчил. Пристаништето во Мудрос било ставено под контрола на британскиот адмирал Рослин Вемис, на кој му било наредено да го подготви тогашното неискористено пристаниште за операции против Дарданелите.

Пристаништето било доволно широко за британските и француските воени бродови, но немало соодветни воени капацитети. Војниците наменети за Галиполи морале да тренираат во Египет; и на пристаништето било тешко да се справат со жртвите на лошата кампања за Галиполи. Кампањата била откажана по евидентниот неуспех на крајот од 1915 година. Значајноста на Мудрос се намалило, иако останала сојузничка база за блокада на Дарданелите за време на војната. Градот Лемнос во Австралија, основан во 1927 година бил именуван според островот. На островот постојат три гробишта од оваа војна[13].

Кон крајот на октомври 1918 година, во Мудрос бил потпишан договор помеѓу Отоманското Царство и Сојузниците.

По победата на Црвената армија во Руската граѓанска војна, многу козаци побегнале од земјата. Значајна точка на евакуација бил и грчкиот остров Лемнос каде што дошле 18.000 бегалци, иако многу подоцна починале од глад и болести. Повеќето го напуштиле островот по една година.

Денес островот Лемнос има околу 30 села и населби. Провинцијата го вклучува островот Ајос Ефстратиос на југозапад.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. http://www.statistics.gr/documents/20181/1210503/resident_population_census2011rev.xls. 
  2. Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (на el). National Statistical Service of Greece. архивирано од изворникот на 21 септември 2015 г.. https://web.archive.org/web/20150921212047/http://dlib.statistics.gr/Book/GRESYE_02_0101_00098%20.pdf. 
  4. Nigel Wilson (31 October 2013). Encyclopedia of Ancient Greece. Routledge. стр. 421. ISBN 978-1-136-78800-0. https://books.google.com/books?id=8pXhAQAAQBAJ&pg=PA421. 
  5. „Recognition of Protected Designation of Origin“. World Intellectual Property Organization. http://www.wipo.int/wipolex/en/details.jsp?id=1842. 
  6. „Limnos Island Climate Normals 1961-1990“. National Oceanic and Atmospheric Administration. ftp://dossier.ogp.noaa.gov/GCOS/WMO-Normals/RA-VI/GR/16650.TXT. посет. 29 јануари 2013 г. 
  7. Bryant, Jacob (1807). A New System: Or, An Analysis of Antient Mythology. J. Walker. стр. 420. https://books.google.com/books?id=UlUS7-9vvj4C&pg=PA420. посет. 12 август 2016 г. 
  8. A short account of their excavations appeared in the Messager d'Athènes for January 3, 1927.
  9. „Hephaistia“. Pleiades, directory of Ancient Places. http://pleiades.stoa.org/places/550569. 
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 Шаблон:EI2
  11. 11,0 11,1 11,2 Kramers, J. H.. (1987). „Limni“. E.J. Brill's first encyclopaedia of Islam, 1913–1936, Volume V: L–Moriscos: 27–28. Leiden: BRILL.
  12. Kaldellis, Anthony (2008). Hellenism in Byzantium: The Transformations of Greek Identity and the Reception of the Classical Tradition. Cambridge, UK: Cambridge University Press. . pages 42-43
  13. Ottoman military graveyard found on Greek island off Gallipoli

Надворешни врски[уреди | уреди извор]