Кафез (Отоманско Царство)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Собите на престолонаследникот во Топкапи-сарај, кои биле познати како „кафез

Кафез[1] (турски: kafes или турски: şimşirlık) — дел од царскиот харем на Османлиската палата, каде што можните наследници на престолот биле чувани во форма на домашен притвор и постојан надзор од страна на чуварите на палатата[2].

Раната историја на Отоманското Царство е исполнета со војни за престолот помеѓу синовите на починатиот султан. Често новиот султан ги убивал неговите браќа, вклучувајќи ги и нивните деца. Понекогаш оваа бројка била доста голема, надминувала 15 деца. Оваа практика го намалила бројот на баратели на престолот, што довело да во неколку наврати, машката линија на Отоманската династија да биде загрозена. Поштедувањето на наследниците обезбедило дополнителна сигурност за актуелниот султан и континуитет на династијата. Со воведувањето на кафезот, бил отстранет т.н. „Закон на Султан Мехмед Фатих[3]

Прва употреба[уреди | уреди извор]

Поглед кон објектот, познат како „Собите близначки
Внатрешност на објектот

Кога Ахмет I починал во 1617 година, неговиот најстар син имал само 13 години, а за првпат во 14 генерации на престолот бил поставен братот на починатиот султан, Мустафа I, кој имал 25 години. Тој бил соборен (за првпат) следната година и станал првиот затвореник на Кафез, иако тој и другите принцови во текот на претходните генерации биле затворени и чувани во разни други места.

Правило на старост[уреди | уреди извор]

Следниот пат кога имало избор за наследување помеѓу син или помлад брат се случил во 1687 година. Потоа било освоено правилото „владеење според староста„, како правило на наследство на Отоманската династија, така што сите мажи од постара генерација биле исцрпувани пред сукцесијата на најстариот маж во следната генерација. Ова правило, исто така, во голема мера било усвоено од други исламски царства.

Така, во следниот период станала вообичаена практиката да браќата, роднините и внуците да се затвораат во кафезот, најчесто пред да влезат во пубертет. Ова, исто така, го означило и крајот на нивното образование и многу султани во следниот период застанувале на престолот, но биле лошо подготвени да бидат владетели бидејќи немале доволно образование или пак немале никакво искуство во работењето на османлискиот систем. Во кафезот најчести гости им биле службениците кои се грижеле за нив, или жените од нивните хареми.

Степенот на затворање варирал од едно до друго владеење. Абдул Азис (1861-1876) ги ограничил своите внуци кога го наследил неговиот полубрат Абдул Меџит I (нивниот татко) на престолот, но им дозволил слобода. Тој ги зел неговите двајца најстари внуци со него кога тој отпатувал во Европа во 1867 година. Во различни периоди се водела и политика да се осигури султанот дека затворениците од кафезот имаат до себе неплодни наложници. Како резултат на тоа, некои султани немале свои синови додека не пристапиле на престолот.

Некои затвореници на кафезот остареле и починале таму пред да имаат можност да успеат да застанат на престолот. Кафезот имал големо влијание врз затворениците и многумина од нив имале психолошки пореметувања. Најмалку еден срушен султан и еден наследник извршиле самоубиство во кафезот.

Подоцнежни години[уреди | уреди извор]

Последниот османлиски султан, Мехмед VI (1918-1922), бил на возраст од 56 години, кога седнал на престолот и бил или во харемот или во кафезот целиот свој живот. Тој бил ставен во кафезот од страна на неговиот чичко Абдул Азис и останал таму за време на владеењето на неговите три постари браќа. Тоа било најдолгото и последно затворање на еден султан од страна на неговите претходници.

Во подоцнежните години на Отоманската династија, кафезот станал метафора за притворање на принцовите, а не место каде што тие биле затворени. Наследникот на последниот султан имал свои простории во палатата Долмабахче, на Босфорот, каде што живеел и султанот. Последните години на последниот султански починат брат (Абдул Хамид II) бил затворен во соби по сопствен избор во Беглербеговскиот дворец во последните години и починал таму во 1918 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [Искандер] (2016). Расцвет и крах Османской империи. Женщины у власти. Москва. ISBN 5040073151. Проверете ја вредноста |authorlink= (help); Проверете ја вредноста |authorlink= (help)
  2. [Арон Давидович] (1963). История Турции: Эпоха феодализма, XI-XVIII века. Ленинградски универзитет. Проверете ја вредноста |authorlink= (help); Проверете ја вредноста |authorlink= (help)
  3. Законот гласел: Кој и да биде од моите синови што ќе го наследи престолот, веднаш да ги убие своите браќа за да го осигури мирот во земјата

Надворешни врски[уреди | уреди извор]