Долмабахче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Долмабахче
Dolmabahçe Palace.JPG
Поглед кон Долмабахче од Босфорот
Општи податоци
Тип палата (1453-1853)
Стил барок
Место Истанбул, Турција
Координати 41°02′22″ СГШ 29°00′06″ ИГД / 
Почната 1843
Завршена 1856
Нарачател отомански султани
Сопственик Турција
Проектирање и изградба
Архитект Гарабет Балјан

Долмабахче (турски: Dolmabahçe Sarayıдворец кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Дворецот, кој денеска служи како музеј се наоѓа на европскиот дел на градот во реонот на Бешикташ. Овој објект бил изграден во времето на османлискиот султан Абдул Меџит I во периодот помеѓу 1842 и 1853 година. Во периодот од 1856 до 1887 година и во периодот од 1909 до 1922 година, дворецот служел како резиденција на османлискиот султан. По 1922 година во него живеал Кемал Ататурк каде починал во 1938 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Поглед кон Селамлик

До средината на 19 век, резиденцијата на Отоманското царство, односно на султанот се наогало во Топкапи Сарај, кој бил изграден главно во средновековен стил. Во времето кога царството своите контакти ги проширило со земјите од Западна Европа, султанот решил дека треба да биде изградена палата по европски стил. Така, по наредба на султанот Абдул Меџид I, ерменските архитекти Карабет и Балијан ја изградиле новата резиденција.

Изградбата на палатата започнала во 1843 година додека завршила до 1856 година целосно. Трошоците кои биле потрошени за изградбата на Долмабахче биле околу 5 милиони лири, кое одговарало на приближно 1/4 од годишните даноци или 35 тони злато, или пак на околу $ 1,5 милијарди долари во денешна вредност[1][2]. Финансирањето на објектот се одвивало преку печатење на книжни пари. Според некои извори, се говори дека тогашниот министер за финансии му соопштил на султанот дека изградбата на палатата чини околу 3,500 пиастри, но всушност тоа била сумата која била неопходна за печатењето на парите. Самата изградба довела да царството се доближи до банкрот и да стане финансиски зависна од надворешни извори односно земји. Поголемиот дел од следните султани ги претпочитале помалите новоизградени палати по Босфорот. Оваа палата се користела и од страна на Мустафа Кемал Ататурк, каде починал на 10 ноември 1938 година по подолг период на боледување.

Комплекс[уреди | уреди извор]

Дворецот е поделен на три основни делови: Мабејн-и Хумајун, Муаједе и Харем.

Свечена сала со лустерот подарен од кралица Викторија
Кристалните скалила
Амбасадорската сала (Süfera Salonu)
Султанскиот амам
Сина сала
Розева сала

Мабејн-и Хумајун[уреди | уреди извор]

Мабејн-и Хумајун позната и како Селамлик е објектот каде се одвивале државните работи и каде државните службеници ги спроведувале своите работи. Посетата на палатата започнува преку главниот влез Медхал, кое претставува предворие на Мабејн-и Хумајун или Селамик. На влезот од палатата постои многу голема сала со кристални скали и други декоративни елементи. Собите кои следуваат по влезот од Медхал се обрнати или кон морето или кон внатрешноста. Оние кон морето биле користени од официјалните османлиски власти, од Големиот везир и од министрите. Оние кон внатрешноста биле за администрацијата на палатата. По ова следува салата на чиновниците која се наоѓа на десната страна од Медхал. Овде се наоѓа најголемата слика во колекцијата на палатата, од Стефано Уси која прикажува поворка која тргнала од Истанбул кон Мека. Освен оваа слика, овде се наоѓа и слика на австрискиот уметник Рудолф Ернест со пожарот на Државниот театар во Париз и слика на Деландре наречена Германско селско девојче. Освен уметнички слики, во салата се наоѓаат и неколку ценети порцелански вазни. Декорацијата на салата е во типичен француски стил. Салата Суфера, каде биле пречекувани странските амбасадори, и Црвената сала која се користела од султанот како приемна биле декорирани на начин на кој се потенцирала големината на царството денеска претставуваат едни од најспектакуларните декорирани објекти во Долмабахче. Од салата Зулвехејн на вториот спрат се овозможува премин кон харемот на султанот во делот од Мабејн-и Хумајун. Во овој апартман има кабинет, соби за одмор и бања која е декорирана со египетски мермер. Овде се наоѓа и библиотеката на палатата.

Муаједе[уреди | уреди извор]

Едно од најзабележителните објекти во палатата е салата Муаједе, кој се наоѓа помеѓу Мабејн-и Хумајун и харемот. Овој дел е највисокиот и највеличествениот од целиот комплекс како голема плоштадна сала со монументални размери и зафаќа површина од 2.000 квадратни метри, со висина од 36 метри и 56 столбови. Овде се наоѓа и најголемиот лустер во светот, со 750 светилки, кој бил подарок од страна на британската кралица Викторија и кој бил изработен во Англија со тежина од 4,5 тони. Подот, кој зафаќа површина од 124 м2 е покриен со килим од европски дизајн. Во оваа сала се одржувале церемонии од најразличен вид, како политички така и од религиозен карактер. Горните галерии биле користени од страна на странските амбасадори кои биле поканувани на религиозни церемонии, но исто така и од оркестарот при специјални прилики. Во зимскиот период оваа сала била загревана преку топол воздух кој доаѓал преку системот за греење на долниот кат преку 56 високи столбови. Поради големината на салата, било потребно три дена за загревање на објектот пред да започне некоја церемонија.

Харем-и Хумајун[уреди | уреди извор]

Харем-и Хумајун претставувал приватниот дел на султанот и неговото семејство и бил поврзан со Мабејн-и Хумајун преку долг ходник кој бил под надзор во секое време. Харемот како приватен простор на султанот е интегриран во целост со целиот комплекс така што не претставува одделен објект од палатата. Во харемот било строго забранет влезот освен на султанот и неговите евнуси. Тој се состои од неколку сали, соби и бањи. Така имало посебни соби за официјалните жени, апартманите на султанот, валиде султан, омилените и наложниците како и за младите деца на султанот. Меѓу најимпресивните карактеристики на харемот се т.н. сина и розова сала.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Долмабахче е најголемиот дворец во Труција по плоштина. Местото каде се наоѓа дворецот било залив на Босфорот, и често била користена како градина за прошетка на султаните. Од овде доаѓа и името на палатата, dolma „затворена, исполнета“, a bahce - „градина“. Должината на фасадата на палатата е 600 метри по должина на европскиот дел од Босфорот со вкупно 285 соби, 6 амами, 68 тоалетни и 1427 прозорци. 14 тони злато и 40 тони сребро биле употребени за декорација на таваните кои зафаќаат 45 000 м2, додека пак целиот комплекс има плоштина од 110,000 квадратни метри, заедно со паркот каде се наоѓа и саат кулата.

Самата фасада ја покажува класична европска зграда со две страни. Сепак, внатрешноста на зградата е со типичен отомански стил. Дизајнот на палатата е по западен образ и вклучува елементи од барок, рококо и неокласицизам, преплетени со традиционалното отоманско искуство и култура. Едно од најзабележителните работи во палатата се техничките услуги кои биле воведени во времето, преку гасоводното осветлување, тоалети со вода, централно затоплување и лифт. Таваните се украсени со злато. При изградбата стаклото како материјал нема голема намена, туку бил користен кристалот.

Постојат две монументални порти и тоа: Трезорската порта, пред која се наоѓа саат кулата и Султанска порта. Од страната на морето постои Босфорска порта. При посета на Долмабахче, дозволено е да се разгледа само неговиот административен дел или само харемот.

Порти[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

Султанска библиотека
  • Yücel, İhsan; Sema Öner (1989). Dolmabahçe Palace. Istanbul: TBMM National Palaces Trust. ASIN B000GYA5C8. 
  • Akat, Yücel (1988). The Dolmabahçe Palace. Istanbul: Keskin Color. ASIN B000GW7QYA. 
  • Yücel, İhsan (1995). Dolmabahçe Palace. Istanbul: TBMM Department of National Palaces. ISBN 975-7479-42-X. 
  • Gülersoy, Çelik (1990). Dolmabahçe Palace and its environs. Istanbul: İstanbul Kitaplığı. стр. 257. ISBN 978-975-7687-03-0. 
  • Keskin, Naci (1975). The Dolmabahçe Palace. Istanbul: Keskin Color. ASIN B000OSH36M. 
  • Dolmabahçe Palace. Istanbul: Do-Gu Yayınları. 1998. ASIN B000E1S49O. 
  • İskender Pala. The Jewel on the Bosphorus; Dolmabahçe Palace. TBMM Milli Saraylar Yayınları, Istanbul, 2006.
  • İhsan Yücel, Sema Öner, F. Yaşar Yılmaz, Cengiz Göncü, Hakan Gülsün. Dolmabahçe Palace. TBMM Milli Saraylar Yayınları, Istanbul, 2005.
  • İpek Fitöz. European Lights In Dolmabahçe Palace. TBMM Milli Saraylar Yayınları, Istanbul, 2007.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]