Палата Ајналикавак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Палата Ајналикавак
Aynalıkavak Kasrı
İstanbul - Aynalıkavak Kasrı - Mart 2013 - r2.JPG
Општи податоци
Стил Османлиска архитектура
Град Истанбул
Земја Турција
Почната 18 век

Палатата Ајналикавак (турски: Aynalıkavak Kasrı) — отоманска резиденција која се наоѓа во Бејоглу, Истанбул, Турција. Овој објект бил изграден во времето на султанот Ахмед I со неколку измени со текот на годините[1].

Во оваа палата бил потпишан истоимениот договор меѓу Руската и Османлиската Империја во 1779 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Палатата Ајналикавак претставувала отоманска резиденција, изградена во времето на султанот Ахмед I со неколку измени со текот на годините. За ова место постојат извори според кој местото претставувало и место за одмор на византиските императори. По освојувањето на градот познато е дека овде одмарале османлиските благородници. Познатиот патеписец Евлија Челебија наведува дека објектот бил изграден во времето на султанот Мехмед II. Комплексот бил реновиран во времето на Селим III (1789-1807) и го добил денешниот изглед.

Ајналикавак е единствениот кој постои денес од целиот комплекс како и еден од последните изградени во класичен османлиски стил.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. * Sema Öner. Aynalıkavak Pavilion. TBMM. Istanbul, 1994

Надворешни врски[уреди | уреди извор]