Ферман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ферман до кадијата на Реканската Каза со наредба до локалните власти да не го спречуваат чукањето на камбаните

Фермансултански указ, наредба од повисока власт воопшто.[1]

Ферманите биле пишувани со посебен вид арапско писмо т.н. диванија, а на почетокот стоела султанова тура (монограм, грб на османлиските султани – вешто напишано име и титула на султанот со арапски букви.

Во македонскиот разговорен јазик со зборот „ферман“ често се нарекуваат и долгите и подробни документи, како и случаите на опширна речитост.[2]

Етимологија[уреди | уреди извор]

Зборот потекнува од персискиот збор: farmân (فرمان). Значи „указ“, „декрет“ или „наредба“. Во турскиот јазик се користи и денес.

Ферманите во Османлиското Царство[уреди | уреди извор]

Во Османлиското Царство ферманите биле често користено административно средство. Со нив се давале дозволи за изградба на цркви и училишта, но и за решавање на спорови.[3]

Ферманот во македонското творештво[уреди | уреди извор]

Македонски народни песни:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ферман“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Песни стихови, цели фермани; „Чукни во дрво“ од Леб и сол
  3. „На Локум фест се читаат султански фермани од пред 170 години“. Сакам да кажам. 21.07.2019. конс. 04.11.2019. 
  4. „Ферман дојде од Стамбола“. 20.09.2008. конс. 04.11.2019.