Грб е специјална фигура, симболичко обликување, белег или амблем. Тоа е наследен, непроменет, постојан знак, составен според правилата на хералдиката, којшто служи за разликување на одделно лице, род, општество, институција, град, област, народ, држава, корпорација, стопанска или црковна организација.