Плашт (хералдика)
Плашт (или мантија) — хералдички елемент на грбот во облик на наметка прикачена за шлемот над штитот. Таа игра улога на позадина на штитот. Нацртана на хартија, ова е приказ на заштитното платно кое витезите го носеле зад шлемовите за да го заштитат металот од временските прилики, но и за да го омекнат ударот од противничките мечеви. Токму од оваа причина плаштот е прикажан раскинат на разни места. Поретко платното се среќава цело, во кој случај најчесто се работи за свештеник кој користи шлем и плашт (што означува дека свештеникот не бил во битка, иако прусиството на шлемот е извесно противречие само по себе). Ова е обично уметнички избор на уметникот, и со себе не носи симболично значење.
При блазонирањето, плаштот се опишува од обете страни. Една од нив е во боја (петте главни бои се црвената, сината, зелената, зрната и пурпурната—постојат и други, но тие се многу ретки), а другата во метал (бело или жолто). Плаштот обично е во претежната боја на штитот, или пак во некоја службена боја која ја симболизира функцијата на носителот на грбот. Постојат и исклучоци, како на пример употреба на други поретки бои, надворешната страна е расечена со две бои, или пак обете се расечени. Уште поретко се среќаваат други поделби во плаштот, или случаи каде целиот плашт е во една иста боја. Грбовите на монарсите честопати претставуваат исклучок - грбот на Обединетото Кралство и грбот на јапонскиот цар Акихито, каде плаштот е со злато, поставено со ермелин[1]. За ваквите мантии се смета дека прилегаат само на владетели.
Во раните денови на развојот на челенката, пред венецот, биле измислени круни и капи, и така челенката честопати продолжувала во плаштот каде што било изводливо (на пр. ако челенката е во вид на половина човечка фигура или животно, чија облека или крзно продолжува во плаштот). Овој обичај е особено присутен во Германија.
Постојат ретки примери каде плаштот се блазонира со надополнување на самиот грб, имитирајќи ги ординариите и фигурите од штитот. Прикажаните фигури на плаштот најчесто се посеани врз неа, [1] Архивирано на 28 септември 2007 г..
Плаштот низ вековите
[уреди | уреди извор]-
првобитен плашт — почеток на XIV век
-
плашт од XV век
-
плашт од почетокот на XVI век
-
плашт од крајот на XVI век
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Грб на царот Акихито Архивирано на 26 декември 2008 г. (англиски)