Значка (хералдика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Таканареченото „Перје“ — значката на Принцот од Велс.
Тјудорската роза како значка на династијата Тјудори

Значкаамблем или лично обележје во хералдиката кое означува припадност кон или сопственост на некој поединец или семејство.

Физичките значки биле честа појава во средниот век, особено во Англија. Тие биле изработени од метал и се носеле на облеката од страна на следбениците на некое лице. Се носеле како во битка, така и по други поводи каде требало да се прикаже верност или припадност кон некому. Значката била везен или пришиван на бајраците (стандардите), коњската опрема, ливреите (униформите), и други предмети.

Употреба во средновековието[уреди | уреди извор]

Настанок[уреди | уреди извор]

Стандард на Хенри Стафорд, Втор Војвода од Бакингем, околу 1475. На него се гледа стафордски јазол и бунски значки со лебеди.

Во XIV, XV и XVI век, славни значки носеле следбеници, слуги и поддржувачи прочуени и моќни личности и семејства, токму поради тоа што тие биле познати и јасни. (За разлика од тоа, грбот го користел само поединецот кому му припаѓал.)

Значките понекогаш се преземаат од некоја фигура од грбот на лицето, или пак на некој воочлив начин се однесуваат на тие фигури. Уште почесто значките претставувале потсетник за некој исклучителен подвиг, семејна или феудална припадност, или пак означувале некакви територијални права или претензии. Некои значки се всушност ребуси, со каламбури или игри на зборови означувајќи го името на сопственикот.

Во тие времиња неретко се случувало едно исто лице или семејство да користи повеќе значки; покрај ова, две или повеќе значки често пати се носеле во комбинација, и сочинувале едно посложено обележје.

Возобнова[уреди | уреди извор]

По завршетокот на Средниот век, со промената на општествените прилики хералдичките значки престанеле да се користат. Многу векови подоцна, во 1906 г., грбовниот крал Алфред Скот-Гати направил напори за значката да се врати во Колегијатот на грбови, и оттогаш значките се доделуваат покрај самиот грб. Значката се смета за дополнување по избор на клиентот, и се плаќа дополнително. Доделената значка се илустрира на матрикулата со доделениот грб, како и на стандардот (знамето).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]