Грбовен крал
Грбовен крал (или хералдички крал) — грбовен службеник со виш чин. Во многу хералдички традиции, само хералдичкиот крал има право да доделува грбови и ознаки. Кај други традиции пак, ова право го имаат други службеници од сличен ранг.
Хералдички должности
[уреди | уреди извор]Во Англија, пред да се додели еден грб истиот треба најпрвин да биде формално одобрен од Ерлот Маршал во облик на повластица. Функцијата на Ерлот Маршал е формална. На чело на Колегијатот на грбови стои Главниот грбовен крал на Подвеската кој воедно е и највисокиот грбовен службеник во Англија. Во земји како Република Ирска ова право го има главен хералд кој јаима истата улога како традиционалниот крал. Канада исто така има главен хералд, но тој доделува грбови во име на генералниот гувернер како претставник на Кралицата. Во Шпанија, авторитетот го има функцијата крониста (Летописец на грбови).
Англиските и шкотските грбовни кралеви се единствените службеници кои имаат посебна службена круна, која се носи на свечености како крунисување и сл. Ликовно претставени, овие круни се прикажани само со дел од листовите и зборовите на нив.
Грбовни кралеви и хералдички органи
[уреди | уреди извор]Англиски грбовни кралеви
[уреди | уреди извор]Шкотски грбовни кралеви
[уреди | уреди извор]Главни и државни хералди
[уреди | уреди извор]- Главен хералд на Канада
- Главен хералд на Ирска
- Национален хералд (порано Државен хералд) на ЈАР
- Државен хералд (Statsheraldiker) на Шведска, кој е главен на огранок на Националните архиви на Шведска
Шпански кронисти
[уреди | уреди извор]- Крониста - Главен кралски хроничар на грбови
Поврзано
[уреди | уреди извор]Обележја на хералдичките кралеви
[уреди | уреди извор]-
Грб на Главниот грбовен крал на Подвеската
-
Грб на Хералдичкиот крал Кларансо
-
Грб на Хералдичкиот крал Норој и Алстер
-
Кралскиот стандард на Шкотска, обележје на Лордот Лајон
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Суд на Лордот Лајон Архивирано на 7 јуни 2014 г. (англиски)
- Колегијат на грбови (англиски)
- Канадски хералдички орган Архивирано на 10 март 2007 г. (англиски)
- Главен хералд на Ирска Архивирано на 16 август 2007 г. (англиски)
|