Дејвид Селар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Личен грб на Дејвид Селар.

Дејвид Селар (англиски: David Sellar, 27 февруари 1941 - 26 јануари 2019) — шкотски адвокат и грбовен службеник. Дипломирал историја на Оксфордскиот универзитет и право на Единбуршкиот универзитет. Правник од 1966 г. Во 1968 се вработил во Правниот факултет на Единбуршкиот универзитет каде е почесен член. Има издавано литература на тема владетелството на островите и за потеклото на многубројни семејства од Шкотските Гори (т.н. „Хајлендери“), меѓу кои и клановите Кемпбел, Мекдоналд, Мекдугал, Меклауд, Ламонт, Меклахлан, Мекнил и Мекникол. Членувал во Одборот за древни знаменитости на Шкотска и бил потпретседател на Друштвото на старинарите на Шкотска. Служел и во Советот на Шкотското генеалошко друштво и Хералдичко друштво на Шкотска. Ја вршел хералдичката функција Персевант Бјут од 2001 г. Во 2008 г. бил назначен за грбовен крал Лорд Лајон, што е врховниот хералдичка функција во Шкотска, и на неа се задржал до 2013 г. Со завршувањето на службата, во 2014 г. бил награден со Кралскиот викторијански орден[1][2][3] По пензионирањето, му била доделена титулата Вонреден хералд Ајла.

Починал на 26 јануари 2019 г.[4] Погребан е во крематориумот „Вористон“ во Единбург, по што следел прием во библиотеката „Плејфер“ Единбуршкиот универзитет.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Хералдички функции
Претходник
Робин Блер
Грбовен крал Лорд Лајон
2008 – 2014
Наследник
Џозеф Мороу