Хералд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хералди со табарди во поворка кон капелата „Св. Ѓорѓија“ во Виндзорскиот замок, за годишната служба на Редот на подвеската во 2006 г.

Хералд (од старофр. herault = „гласник“) — грбовен службеник, по ранг помеѓу персевант и грбовен крал. Честопати оваа титула погрешно се употребува за сите грбовни службеници.

Хералдите најпрвин биле гласници кои ги испраќале владетелите или благородниците за да носат пораки или да разгласуваат објави, и во овој смисол тие се претходници на денешните дипломати. За време на Стогодишната војна, француските хералди го предизвикале англискиот крал Хенри V на борба. Во текот на Битката кај Азенкур, англискиот и францускиот хералд Монжоа, ја гледале Битката заедно од еден соседен рид; обајцата се согласиле дека Англичаните се победници. Потоа Хенри V, како победник, го добил правото да ја именува битката, и тогаш Монжоа му го препорачал името на блискиот замок.[1]

Како и другите грбовни службеници, хералд носи шинел наречен табард, украсен со грбот на неговиот господар. Хералдите најверојатно почнале да се занимаваат со грбови во доцниот Среден век кога имале за задача да ги регулираат грбовите на витезите кои учествувале во турнири. Со намалувањето на улогата на ладното оружје, хералдиката добила уште повеќе на важност, бидејќи сега хералдичките обележја станале главен начин на идентификација на род, семејство и потекло. Низ вековите хералдиката претрпела разни регулации. Така, главната задача на хералдот денес е да биде експерт по грбови. Во Обединетото Кралство хералдите сѐ уште се повикуваат да читаат јавни прогласи, носејќи табард извезен со кралскиот грб.

Хералдите денес[уреди | уреди извор]

Денес во неколку земји постојат активни државно-назначени хералди, меѓу кои и Обединетото Кралство, Република Ирска, Канада и ЈАР. Во Англија и Шкотска највеќето хералди се вработени од владетелот со полно работно време и се нарекуваат „Редовни хералди“ (Heralds of Arms in Ordinary). Хералдите во привремена служба се нарекуваат „Вонредни хералди“ (Heralds of Arms Extraordinary). Овие се ангажираат за големи државни свечености, како крунисување. Покрај ова, Хералдичкиот орган на Канада има создадено посебен вид на херад наречен „Почесен хералд“ (Herald of Arms Emeritus), што претставува посебна почесна титула која се доделува на истакнати хералдичари со голем стаж. Во Шкотска, некои поглавари на кланови, сѐ уште имаат свои приватни грбовни службеници кои се занимаваат со случаи од генеалошко значење за членовите на кланот, иако овие службеници обично се само персеванти.

Во Македонија[уреди | уреди извор]

Во Република Македонија има три хералди на Македонското грбословно друштво: [2]Главен хералд, д-р Јован Јоновски, Вардарски хералд, д-р Иван Нацевски, и Еригонски хералд, д-р Павле Арсоски.

Англиски хералди[уреди | уреди извор]

Хералдот Жан ле Февр пишува летописи, околу 1450 г.

Англиски редовни хералди[уреди | уреди извор]

Англиски вонредни хералди[уреди | уреди извор]

Шкотски хералди[уреди | уреди извор]

Шкотски редовни хералди[уреди | уреди извор]

Шкотски вонредни хералди[уреди | уреди извор]

Баварскиот кралски хералд Јерг Руген, околу 1510 г.

Канадски хералди[уреди | уреди извор]

Канадски редовни хералди[уреди | уреди извор]

Канадски вонредни хералди[уреди | уреди извор]

Канадски почесни хералди[уреди | уреди извор]

Хералдот на Македонското хералдичко здружение, м-р Јован Јоновски облечен во табардот на службата држи предавање за хералдиката

Македонски хералди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Keegan, John. The Face of Battle, 1983, Penguin Classics, ISBN 0-14-004897-9, стр. 74, 77, 104-105
  2. Македонско грбословно друштво

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]