Иван Нацевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван Нацевски
Роден 1985 (воз. 38–39 г.)
Куманово, СР Македонија, СФРЈ
Занимање Хералдичар, стоматолог,

Иван Нацевски (Куманово, 1985 година) — хералдичар, хералд и потпретседател на Македонското грбословно друштво,[1] стоматолог, најпознат по своите активности во хералдиката и вексилологијата.

Животопис[уреди | уреди извор]

Д–р Иван Нацевски е роден во 1985 година во Куманово каде таму го завршил своето основно образование. По завршувањето на Средното стручно медицинско училиште во Скопје, студирал стоматологија во Пловдив каде што и дипломирал во 2010 година.

Специјализирал на Стоматолошкиот факултет во Скопје под менторство на проф. д–р Никола Гиговски.

Во 2009 година станал член на Македонското хералдичко здружение (МХЗ) и активно учествувал во неговата работа како член на стручен совет. Хералдика узучувал под водство на д–р Јован Јоновски при што активно се интересирал и занимавал со хералдика. Особен интерес покажувал во областа на воената и месната хералдика, како и фалеристиката.

Нацевски е потпретседател и Вардарски хералд на Македонското грбословно друштво.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]