Битка кај Азенкур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Битка кај Азенкур
Дел од Стогодишната војна
Schlacht von Azincourt.jpg
Битката кај Азенкур на минијатура од XV век
Датум 25 октомври 1415 (Криспиновден)
Место Азенкур, Сен-Пол (денес Па де Кале)
50°27′49″N 2°8′30″E / 50.46361° СГШ; 2.14167° ИГД / 50.46361; 2.14167Координати: 50°27′49″N 2°8′30″E / 50.46361° СГШ; 2.14167° ИГД / 50.46361; 2.14167
Исход победа на Англичаните
Завојувани страни
Royal Arms of England (1399-1603).svg Кралство Англија France moderne.svg Кралство Франција
Команданти и водачи
Сила
6,000[1]–8.100 души[2]
• Околу 56 стрелци
16 пешадиски витези во тежок оклоп
14.000–15.000 души[3] или до 25.000 со вооружените прислужници[4]
• 10.000 витези[5]
• 4.000–5.000 стрелци и самострелци[6]
• До 10.000 присутни коњички и вооружени прислужници [7]
Жртви и загуби
до 600 загинати (112 познати по име)[8][9] • 6.000 загинати (највеќето од нив француски благородници)[10][11]
• 700–2.200 заробени[12]

Битка кај Азенкур (француски: Bataille d'Azincourt, англиски: Battle of Agincourt) — битка во Стогодишната војна. Битката се одвивала на 25 октомври 1415 година (Криспиновден) во близина на Азенкур, во северна Франција. Со неочекуваната англиска победа против помоќната француска армија се зголемил англискиот морал и углед, додека Франција воено ослабела, а со тоа започнал нов период на англиска превласт во војната.

По неколку децении од релативен мир, Англичаните ја продолжиле војната во 1415 година, поради неуспехот на преговорите со Французите. Во походот што следел, многу војници починале од болест, и бројот на англиски војници се намалил; тие се обидувале да се повлечат до Калес, кое било под контрола на Англија, но се нашле со блокиран пат од значително поголема француска армија. И покрај неповолната положба, битката завршила со огромна тактичка победа на Англичаните.

Англискиот крал Хенри V ги водел своите војници во битката. Додека фрацускиот крал Шарл VI не ја командувал француската армија бидејќи страдал од психотични болести и ментална неспособност. Со Французите командувал Шарл д’Албре и разни други истакнати француски благородници од партијата Армањак. Оваа битка е значајна по употребата на велшкиот лак во многу голем број, со тоа што англиските и велшките стрелци сочинувале скоро 80 проценти од англиската армијата.

Азенкур е една од најславните победи во Англија и била еден од најважните триумфи на Англичаните во стогодишната војна, заедно со Битката кај Креси (1346) и Битката кај Поатие (1356). Битката претставува централно дело на драмата Хенри V од Вилијам Шекспир, напишана во 1599 година.

Современи извори[уреди | уреди извор]

Битката кај Азенкур е добро документирана од најмалку седум современи извештаи, од кои што три се очевидци. Приближната локација на битката никогаш не била оспорена, а локацијата останува релативно непроменета и по 600 години.

Веднаш по битката, Хенри ги повикал хералдите на двете војски што ја гледале битката заедно со главниот француски хералд Монтџој и тие се решиле за името на битката како Азенкур, по најблиското утврдено место.[13] Двете најчесто цитирани извештаи доаѓаат од бургундски извори, едно од Жан ле Февре де Сен-Реми кој бил присутен во битката и другиот од Ангеран де Монстреле. Извештајот на англискиот очевидец доаѓа од анонимниот автор на Gesta Henrici Quinti, за кое се верува дека е напишано од капелан во домаќинството на кралот, кој бил дел од позадинската единица на армијата.[14] Неодамнешната повторна проценка на стратегијата на Хенри за походот во Азенкур ги вклучува овие три извештаи и тврди дека војната се сметала за правна процедура за решавање на несогласувањето околу претензиите на францускиот престол.

Поставеност на војските[уреди | уреди извор]

Карта на Битката кај Азенкур.

Бојно поле[уреди | уреди извор]

Прецизно каде била локацијата на битката не е познато. Може да биде во тесната лента на отворено земјиште формирано помеѓу шумата Трамекур и Азенкур (близу до денешното село Азенкур). Сепак, недостатокот на археолошки докази на оваа локација довело до идејата дека се водела на запад од Азенкур.[15] Во 2019 година, историчарот Мајкл Ливингстон, исто така поставил можна локација, западно од Азенкур, врз основа на преглед на извори и рани мапи.[16]

Англиската поставеност[уреди | уреди извор]

На почетокот на 25 октомври, Хенри ја поставил својата војска (приближно 1.500 витези и 7.000 стрелци ) на 690 метри долг дел од пролазот. Армијата била поделена во три групи, со десното крило предводено од Едвард, Војвода од Јорк, центарот предводен од самиот крал и левото крило под водство на стариот и искусен барон Томас Камојс. Со стрелците командувал Сер Томас Ерпингам.[17] Веројатно е дека Англичаните ја користеле својата вообичаена борбена линија на стрелци од дветете крила, со витези во центарот. Можно е и да распоредиле некои стрелци во центарот на линијата. Англиските витези биле поставени рамо до рамо. Англиските и велшките стрелци на крилјата поставиле дрвени колци во земјата под агол за да ја принудат коњаницата да се оддалечи. Оваа употреба на колци можно е да била инспирирана од Битката кај Никопол во 1396 година, каде што Отоманското Царство ја користеле тактиката против француската коњаница.

Француската поставеност[уреди | уреди извор]

Француската армија имала 10.000 витези[18][19][17] и околу 4000–5000 разни пешаци, вклучувајќи стрелци[19] вкупно 14.000-15.000 војници. Веројатно секој воен напад би бил придружуван од вооружен слуга, додавајќи на уште 10.000 потенцијални борци,[18] иако некои историчари ги изоставиле од бројот на борци.[18]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Barker 2015, стр. xvi–xvii, xxi, 220, 229, 276, 388–392; Rogers 2008, стр. 42, 114–121; Sumption 2015, стр. 441, 814 (n. 11)
  2. Mortimer 2009, стр. 566.
  3. Rogers 2008, стр. 57, 59 (n. 71); Mortimer 2009, стр. 565, 566; Sumption 2015, стр. 449, 815 (n. 20); Curry 2000, стр. 102
  4. Rogers 2008, стр. 60–62.
  5. Rogers 2008, стр. 57–59; Sumption 2015, стр. 452–453; Mortimer 2009, стр. 429; Curry 2000, стр. 181
  6. Rogers 2008, стр. 57, 62–63; Mortimer 2009, стр. 422, 565
  7. Rogers 2008, стр. 57, 60–62.
  8. Curry 2000, стр. 12.
  9. Barker 2005, стр. 320.
  10. Curry 2005, стр. 187, 192, 233, 248.
  11. Sumption 2015, стр. 459, 461.
  12. Barker 2005, стр. 337, 367, 368.
  13. Keegan 1976.
  14. Curry 2000.
  15. Sutherland (2015)
  16. Livingston, Michael (2019). „Where was Agincourt Fought?“. Medieval Warfare. IX (1): 20–33. ISSN 2211-5129.
  17. 17,0 17,1 Sumption 2015.
  18. 18,0 18,1 18,2 Rogers 2008.
  19. 19,0 19,1 Mortimer 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]