Јован Јоновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јован Јоновски
Herald Jovan Jonovski.jpg
Роден 7 август 1971
Скопје, СФРЈ денес Македонија Македонија
Занимање Хералдичар, Теолог, Историчар, Физичар

Јован Јоновски (Скопје, 7 август 1971) — хералдичар, хералд и претседател на Македонското грбословно друштво[1], историчар, теолог и физичар, најпознат по своите активности во хералдиката, вексилологијата и фалеристиката.

Животопис[уреди | уреди извор]

Јоновски е роден на 7 август 1971 година во Скопје, каде што дипломира на природно-математичкиот факултет, на институтот по физика. Теологија студира во Будимпешта, Лондон и Нови Сад, каде магистрира во 2008. Во 2014 г. магистрира Историја во Скопје на Институтот за национална историја. Докторира во 2018 исто на ИНИ со темата Сонцето и лавот како симболи во хералдиката и вексилологијата на Македонија.

Јоновски е претседател и хералд на Македонското грбословно друштво од основањето во 2003 г. (до 2018 г. наречено Македонско хералдичко здружение). Придружен член на Меѓународната академија на хералдика, член на Интернационалната комисја за витешки редови, член на комисијата за одликувања на Претседателот на Република Македонија, како и член на голем број национални хералдички здруженија.

Уредник е на „Македонски Хералд“, член на уредничкиот одбор на „Херолд“ од Софија. Автор на поставката „Грбовите на Македонија“ во НУ „Музеј на Македонија“.

Книги[уреди | уреди извор]

  • Симболите на Македонија, Силсон, 2015.
  • Историја на евангелско-протестантските цркви во Македонија, Изгрев, 2017.
  • Сонцето и лавот како симболи во хералдиката и вексилологијата на Македонија, Македонско грбословно друштво, 2019.

Наводи[уреди | уреди извор]