Институција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Институции се организации или механизми на социјална структура што го уредуваат однесувањето на две или повеќе личности. Институциите се карактеризираат со: социјална цел и трајност, надминувајќи ги индивидуалните човечки животи и намери, како и со создавање и спроведување на правила за уредување на човечкото однесување. Како структури и механизми на социјалниот поредок меѓу луѓето, институциите се еден од главните предмети на изучување на општествените науки како социологија, политички науки и економија. Институциите се исто така клучна точка во право.