Општествен поредок

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Општествен поредок[уреди]

Општествениот поредок е концепт кој се користи во социологијата, историјата и други општествени науки. Се однесува на група општествени структури, општествени институции и општествените практики кои разменуваат, одржуваат и спроведуваат “нормални” начини за поврзување и однесување. Општествениот поредок претставува релативно стабилен институционален систем, структура на интеракција и обичаи кој може да ги обезбеди неопходните услови за опстанок. Овој концепт се однесува за сите факти на општеството кои со тек на време остануваат константни. Овие услови би можеле да вклучат имот, односи на размена и моќ, како и форми на културата, комуникации и идеолошки системи на вредности.

Социологија[уреди]

Општествениот поредок е историски главно прашање кое го проучува социологијата. Се смета дека Томас Хобс е првиот кој јасно го формулирал проблемот и нашол решение за него со идејата за општествен договор. Теоретичарите од општествените науки( како Карл Маркс, Емил Диркeм, Талкот Парсонс и Јирген Хабермас) имаа различни објаснувања за тоа од што се состои општествениот поредок и која е неговата реална основа. Според Карл Маркс, економската структура е основата за општествениот поредок. Според Диркем, основата на општествениот поредок е збир на општествени норми. Според Парсонс, општествениот поредок е збир на општествени институции кои го определуваат моралното однесување. Според Хабермас, општествениот поредок се заснова врз сето она што веќе беше спомнато, вклучувајќи ја воедно и комуникацијата.

Принцип на зависност[уреди]

Принципот на зависност има битна улога врз целокупниот општествен поредок. Се тврди дека колку повеќе поединецот е зависен од групата, толку е поверојатно дека поединецот ќе се прилагоди на "нормите" на групата. Ова значи дека ако групата многу му значи на поединецот, тогаш поединецот би направил сè што бара групата[1]

Принцип на видливост[уреди]

Принципот на видливост е еден од главните принципи на општествениот поредок. Принципот на видливост се однесува на степенот до кој може да се набљудува однесувањето на членовите на групата од страна на другите членови на групата. Колку е поголема стапката на набљудување, толку е поверојатно дека групата ќе ги следи нормите на групата.[1]

Примарен пример за општество со висок степен на набљудување е Јапонија. Додека вработените работат, тие може да се гледаат еден со друг и да ги слушаат оние кои им се надредени.. Степенот на видливост ги поттикнува вработените повеќе да мислат на задачата, отколку на прекорувањата од страна на надредените лица.

Принцип на опсежност[уреди]

Друг клучен фактор за општествениот поредок е принципот на опсежност. Овој принцип ги утврдува повеќето норми и колку се поважни нормите за општеството, толку повеќе овие норми ја поврзуваат и ја држат групата како целина. Добар пример за ова се помалите религии во САД, како на пример Амишите. Многу Амиши живеат во заедници и како резултат на тоа што тие ги споделуваат својата религија и вредности, ним им е многу полесно да ги подржуваат своите погледи и религијата, затоа што нормата го претставува нивниот начин на живот во заедницата.

Групи и мрежи[уреди]

Во секое општество луѓето припаѓаат на некоја група, како на пример претпријатија, цркви, семејства или соседства. Структурата внатре во овие групи го отсликува целокупното општество. Има мрежи и врски меѓу групите како и внатре во групите кои го создаваат општеството. Некои луѓе припаѓаат на повеќе од една група што понекогаш доведува до конфликт. Поединецот може да се најде во ситуација во која таа или тој мора да се одлучи за една група. Многумина кои ги проучувале овие групи веруваат дека непходно е да се имаат врски меѓу групите со цел да се зајакне општеството како целина и да се промовира гордост во рамките на секоја група. Други веруваат дека најдобро е да се имаат посилни врски во рамките на општеството со цел да се зајакнат општествените норми и вредности.

Статусни групи[уреди]

Статусните групи можат да се засноваат на карактеритиките на личноста како раса, етничка припадност, полова ориентација, религија, професија, физичка привлечност, пол, образование, возраст итн. Тие се дефинираат како “ подкултура која има прилично специфичен ранг(или статус) во рамките на системот на стратификација. Тоа значи дека општествата се стремат да вклучат хиерархија на статусни групи во која некои ќе уживаат повисока положба ,а некои пониска положба".[2] Пример за оваа хиерархија е престижната положба на учителот во споредба со положбата на ѓубреџијата. Членовите на различните статусни групи се разликуваат во однос на животниот стил. На пример, кога станува збор за празниците, еврејското семејство може да слави Ханика, додека христијанското семејство слави Божиќ. Членовите на едни статусни групи се идентификуваат со други во однос на други културни разлики како на пример јазикот и културните ритуали Во рамките нa една статусна група има многу помали статусни групи. На пример, едно лице би можело да припаѓа на статусна група која се заснова на расата и општествената класа која е заснована врз финансиската положба на поединецот. Ова би можело да предизвика судир во личноста на поединецот затоа што тој или таа чуствува дека мора да избере дали ќе застане на страната на статусната група или на страната на општествената класа. На пример, богат Афроамериканец чуствува дека мора да застане на страна за прашање за кое се поделени мислењата на сиромашните Афроамериканци и богатите Американци, односно тој или таа треба да избере меѓу класата и статусната група.

Вредности и норми[уреди]

Вредностите можат да се дефинираат како “внатрешни критериуми за оценување”. Вредностите се исто така поделени во две категории : индивидуални вредности, кои се однесуваат на она на што мислиме дека има значење, и општествени вредности . Општесетвените вредности се нашите желби, модифицирани според етичките принципи или групата со која се дружиме: пријатели, семејство или колеги. Нормите нù кажуваат што треба да направат луѓето во дадена ситуација. За разлика од вредностите, нормите се спроведуваат на екстерен начин. Општеството како целина определува норми и тие можат да се пренесуваат од генерација на генерација.

Моќ и авторитет[уреди]

Исклучок од идејата за вредностите и нормите како чувари на општествениот поредок е девијантното однесување. Секој еден во општеството не ги почитува личните вредности или нормите на групата цело време. Поради ова, неопходно е да се има авторитет во општеството. Во општествата, оние кои имаат моќ и авторитет се наоѓаат во високата класа.Секоја класа има различни норми, затоа што членовите на секоја класа израснале на различен начин и имаат различни вредности. Како резултат на тоа, меѓу високата и ниската класа можат да се создаваат тензии, кога законите и правилата не се приспособуваат кај обете класи.

Спонтан поредок[уреди]

Не е неопходно општествениот поредок да се контролира од страна на државата. Поединците кои се раководат од личниот интерес може да создадат предвидливи системи. Овие системи, кои се планираат од повеќе лица, може всушност да бидат подобри од оние кои се планирани од едно лице. Ова значи дека предвидливоста може да се постигне без владина контрола. Не значи дека овие постојани очекувања ќе резултираат со поединци кои ќе се однесуваат на начини кои се сметаат дека се корисни за богатството на групата. Земајќи го предви ова, Томас Шелинг ја проучуваше расната сегрегација.Неговите откритија покажуваат дека интеракцијата може да создаде предвидливост, но секогаш не го зголемува општествениот поредок. Во неговото истражување тој откри дека „кога луѓето ги следат своите склоности, резултатот не е интеракција, туку сегрегација". Тој ова го тврди во “Теорија на општествениот поредок” уредено од Мајкл Хехтер и Кристин Хорни. Нерегулираната интеракција на рационалната себичност има непосакуван резултат.

Општествен углед[уреди]

Општествениот углед може исто така што се однесува и за општествениот статус. Тој ги зема предвид распределбата на положбите во општеството или „дозволата, почитта, восхитувањето или разликата, кои поединецот или групата може да ги командува со помош на предноста на своите квалитети или изведби”. Најчестиот случај е дека луѓето го поврзуваат општествениот углед со положбата која поединецот ја зазема во општеството благодарение на материјалните системи и моќта. Многумина од општеството сметаат дека богатството и моќта се предмет на почит и завист кај луѓето. Кога општествениот углед се однесува на општествениот статус, тогаш тој го вклучува рангот на поединецот во рамките на стратификациониот систем. Статусот се стекнува врз основа на заслужност или со други зборови со напорна работа и успеси. Статусот може исто така што се наследи, ако положбата на поединецот не се доделува поради некоја заслуга, туку поради одредени особини надвор од нивна контрола како на пример, раса, пол или општествената положба на родителите. Пример за наследен статус би била Парис Хилтон. Пример за стекнат статус би била Опра Винфри и нејзината империја.[3] [4]

Реализирање на општествен поредок[уреди]

Денеска постојат две различни теории кои го објаснуваат општествениот поредок. Според првата теорија, која е дел од „Теориите на општествениот поредок од Хехтер и Хорни” поредокот резултира од голем број на независни одлуки со цел да се пренесат правата и слободите на поединецот во присилена држава на сметка на гаранцијата за безбедност на поединците и нивниот имот, како и како резултат на воспоставените механизми да се решаваат спорови . Според следната теорија која исто така е дел од „Теориите на општествениот поредок од Хехтер и Хорни”, основниот извор на општествениот поредок не е под надворешна контрола туку е во согласност со одредени вредности и норми кои поединците некако успеале да ги интернализираат. Аргументите и на двете теории се различни. Според едниот се тврди дека општествениот поредок е постигнат со надворешно влијание и контрола, а според другиот се тврди дека општествениот поредок може да се постигне само ако поединецот самоволно ги следи нормите и вредностите кон кои тие се привикнале и се интернализирале. Инсистирањето на Вебер да се нагласи важноста на доминантноста и симболичните системи во општествениот живот беше задржано од страна на Пјер Бордо кој ја разви идејата за општествен поредок која најпосле ја трансформира во теорија на поле.


Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Sociology: Tenth Edition by Rodney Stark, 211
  2. Sociology: Tenth Edition by Rodney Stark, 114
  3. JSTOR: Accessing JSTOR
  4. [1]


  • Hechter, M. and Horne, C. 2003. Theories of Social Order. ISBN?
  • Hobbes, T. ??. Leviathan ISBN?
  • Stark, 2007. Sociology. ISBN?
  • Weber, M. 1968. Economy and Society. ISBN