Социологија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Социологија е наука за човечките општества.[1] Таа е општествена наука (што е и всушност нејзин неформален синоним) која користи разновидни методи на емпириско истражување[2] и критичка анализа[3] за развивање и обработување тело на знаење и теорија за човечката општествена дејност, често со цел да се примени таквото знаење за проследување на општествената благосостојба. Предметот на проучување се движи од микро ниво на агенси и интеракција до макро ниво на системи и општествени структури.[4]

Социологијата е тематско и методолошки многу пространа дисциплина. Во нејзини традиционални фокуси спаѓаат, општествената стратификација (како класните релации), религијата, секуларизацијата, современоста, културата и девијацијата, а нејзините приоди вклучуваат квалитативни и квантитивни истражувачки техники. Многу од она што го прават луѓето спаѓа во рамките на категоријата на општествената структура и агенси, социологијата постепено го проширува својот фокус кон понатамошни субјекти, како медицинските, воените и казнените институции, интернетот, а дури и улогата на општествената активност во развојот на научното знаење. Опсегот на општествено научните методи во голема мера се има проширено. Лингвистичките и културните пресврти во средината на XX век довеле до повеќе толкувачки, херменевтички и филозофски пристапи кон анализа на општеството. Спротивно на тоа, последниве децении го сведочат порастот на нови математички и изчислителни ригорозни техники, како што е агентско моделирање и анализа на социјалната мрежа.[5][6]

Содржина

Историја[уреди]

Потекло[уреди]

Огист Конт

Општественото размислување му претходи на основањето на дисциплината. Општествената анализа води потекло од вообичаените сфери на западњачко знаење и филозофија и истата се врши најрано уште од пред времето на Платон. Потеклото на прегледот, односно збирката на информации од примерок на испитаници, може да се утврди дека датира уште од времето на книгата „Последниот суд“ од 1086 година, кога важни филозофи, како на пример, Конфучие, пишувале за важноста на општествените улоги. Постојат податоци за најрана социологија во средновековниот ислам. Некои го сметаат Ибн Калдун, арапски стручњак (учено лице) по ислам од 14-иот век од северна Африка, за прв социолог; неговата книга Mugaddimah веројатно била првото дело кое ги унпредило општествено-научните размислувања за општествената кохезија и општествениот конфликт.

Зборот социологија потекнува од латинските зборови socius што значи „придружник“ и ology, „проучување на“, и од грчкиот збор logos, што значи „збор“ и „знаење“.Тој првпат е употребен како кованица во 1780 година од францускиот есеист Емануел-Јозеф Сијес (1748-1836) во еден необјавен ракопис. Подоцна социологијата беше дефинирана одделно од страна на францускиот научен филозоф Огуст Комт (1798-1857), во 1838 година. Комт порано го имаше користено терминот „општествена физика“, кој подоцна беше користен и од други, особено од белгискиот статистичар Адолф Кетеле. Комт се обидел да ги соедини историјата, психологијата и економијата преку научно разбирање на „кралството“ на општественото. Пишувајќи непосредно по неспокојот доведен од Француската револуција, тој тврдел дека општествените проблеми би можеле да се санираат преку општествен позитивизам, еден епистемолошки (епистемологија: наука за спознанието) пристап изнесен во Правци во позитивната филозофија (1830-1842) и во Оптш преглед на позитивизмот (1848). Комт верувал дека фазата на позитивизмот ќе биде конечното доба, по претпоставените теолошки и метафизички фази, во напредувањето на човековото сфаќање. Во проучувањето на кружната зависност на теоријата и набљудувањето во науката, а и по извршено класифицирање на науките, Комт може да се смета за првиот научен филозоф во модерната смисла на зборот.

Комт изврши значително влијание врз развојот на социологијата, влијание кое донесе плодови во подоцнежните децении на деветнаесеттиот век. Тврдејќи го ова, секако не тврдиме дека француските социолози, како на пример, Дуркеим, биле посветени следбеници на високиот свештеник на позитивнизмот. Но, со самото инсистирање на неменливиот карактер на секоја од неговите науки, односно, неможноста тие да се сведат на некоја конкретна наука над сите науки, која е претпоставена во хиерархијата, како и со нагласување на природата на социологијата како научно проучување на општествените феномени, Комт ја стави социологијата на врвот на пиедесталот. За посигурни податоци, почетоците на социологијата можат да се померат уште поназад, пред Комт, сè Монтескје и Кондорсе, а да не зборуваме и за Сен Симон, непосредните претходници на Комт. Но, Комтовото очигледно прифаќање на социологијата како одделна наука, со свој сопствени особености, го оправда Дуркеим, кој го сметаше Комт како татко или основач на оваа наука, и покрај фактот дека Дуркеим не ја прифатил идејата на трите држави и го критикувал пристапот на Комт кон социологијата.

Карл Маркс

И Конт и Карл Маркс (1818 -1883) се нафатија да создадат научно оправдани системи на прагот на европската индустријализација и секуларизација, информирани од различните а клучни движења во филозофиите на историјата и науките. Маркс го отврли позитивизмот на Комт, но, во неговиот обид да создаде наука за општеството, тој сепак денес се прифаќа како основач на социологијата, бидејќи самиот збор носеше пошироко значење. Според Исаија Берлин, Маркс може да се смета за „вистински татко“ на модерната социологија, иако секој може да се бори за таа титула.

Давањето на јасни и унифицирани одговори со познати емпириски термини на оние теоретски прашања кои најмногу ги окупирале умовите на луѓето во тоа време и извлекувањето од нив на јасни практични изведени заклучоци, без создавањето на очигледно вештачки врски помеѓу овие два елементи, тоа било основното достигнување на Марксовата теорија. Социолошкиот третман на историски и морални проблеми, кои Комт, а по него и Спенсер и Таин, ги имаат дискутирано и зацртано, стана една прецизна и конкретна студија само откако нападот врз милитантниот марксизам ги претвори нејзините заклучоци во горливи теми, со што ја направи потрагата по докази уште пожестока, а вниманието насочено кон методата уште посилно.

Херберт Спенсер

Херберт Спенсер (17 април 1820 - 8 декември 1903) бил еден од најпопуларните и највлијателни социолози од 19-иот век. Проценето е дека тој продал еден милион книги во текот на својот животен век, далеку повеќе од кој било друг социолог во неговото време. Неговото влијание било толку силно што голем број на други мислители од 19-иот век, вклучувајќи го и Емил Дуркеим, ги дефинирале своите идеи во однос на него. Дуркхамовата струја наречена Трудот во општеството е во значителна мера една проширена дебата со Спенсер од чија социологија, многу коментатори сега се согласни, Дуркеим значително многу позајмувал. Бидејќи бил и познат биолог, Спенсер ја создал кованицата „преживување на најдобрите“.Додека марксистичките идеи го дефинирале едно од гледиштата на социологијата, Спенсер бил критичар на социјализмот како и силен агитатор за стил на владеење од типот „пушти ги да прават што ќе прават“.Неговите идеи беа значително проучувани од страна на конзервативните политички кругови, особено во САД и во Англија. Основите на академската дисциплина

Емил Диркем

Формалната академска социологија ја основа Емил Дуркеим (1858 - 1917), кој го разви позитивизмот како основа за практично проучување на општеството. Дуркеим ја основа правата европска катедра за социологија во универзитетот во Бордо во 1895 година, со објавување на неговото дело Правилата на социолошката метода. Во 1896 година тој го започна журналот Социолошка година. Антолошката монографија на Дуркеим Самоубиство (1897), проучување на стапката на самоубиства меѓу римските католици, еврејската и протестантската популација, ја оддели социолошката анализа од психологијата или филозофијата. Таа исто така претставуваше значителен допринос кон теоретскиот концепт на структуралниот функционализам. Тој се обиде да ги примени социолошките наоди во потрагата по политичка реформа и општествена солидарност. Според Дуркеим, социологијата би можела да се опише како „наука на институции, нивната генеза и нивно фунцкионирање“.

Првиот факултетски предмет под име „Социологија“ го предаваше во САД на Јеил универзитетот во 1875 година Вилијам Греам Самнер. Во 1883 година Лестер Ф. Ворд, првиот претседател на Американското социолошко здружение, го објави делото Динамична социологија - или применета општествена наука заснована врз статичката социологија и поедноставните науки, со што ја нападна социологијата на „пушти ги да прават што ќе прават“ на Херберт Спенсер и Самнер. Вордовата книга од 1 200 страници беше употребена како базичен материјал на многу од првичните предавања за социологијата во Америка. Во 1890 година започна најстариот, до денес постоечки, курс (предмет) во модерната традиција, на универзитетот во Канзас, кој го предаваше Френк В. Блекмар. Катедрата за социологија на универзитетот во Чикаго беше основана во 1892 година од Албион Смол. Џорџ Херберт Мед и Чарлс Кули, кои се запознаа на универзитетот во Мичиген во 1891 година (заедно со Џон Дјуи), се преселија во Чикаго во 1894 година. Нивното влијание доведе до појавата на социјалната психологија и симболичниот интеракционизам на модерната чикашка школа. Американски социолошки журнал беше првпат издаден во 1895 година, и беше следен од Американско социолошко друштво (АСД) основано во 1905 година. Социолошкиот „канон на класиците“, предводен од Дуркеим и Макс Вебер, му должи делумно и на Талкот Парсонс, на кој му се припишува и запознавањето на американската јавност со нив двајцата (Дуркеим и Вебер). Парсонс ја консолидираше социолошката традиција и ја утврди агендата за американската социологија во мигот кога таа имаше најголем подем во полето на дисциплините. Социологијата во Соединетите Држави беше историски помалку под влијание на марксизмот отколку истата во Европа, и до ден денес таа воглавно останува постатична во својот пристап.

Писта на Фердинанд Тоние во Хузум, Германија

Првата катедра за социологија основана во Обединетото Кралство беше во Лондонскиот факултет за економија и политички науки (домот на Британски журнал за социологија) во 1904 година. Леонард Трелони Хобхаус стана предавач во дисциплината на универзитетот во Лондон во 1907 година. Во 1909 година беше основано Германско социолошко друштво од Фердинанд Тоние и Макс Вебер, помеѓу другите. Вебер ја основа првата катедра во Германија на универзитетот Лудвиг Максимилијан во Минхен во 1919 година, презентирајќи нова, влијателна антипозитивстичка социологија. Во 1920 година Флоријан Знаниечки ја основа првата катедра во Полска. Институто за социолошки истражувања на универзитетот во Франкфурт (подоцна стана франкфуртска школа за критика теорија) беше основан во 1923 година. Меѓународната соработка на поле на социологијата започна во 1893 година, кога Рене Вормс го основа Меѓународен социолошки институт, институција која подоцна беше фрлена во сенка од далеку поголемото Меѓународно социолошко друштво (МСД) основано во 1949 година. Социологија еволуираше како академски одговор на предизвиците на модерното доба, како што беа индустриализацијата, урбанизацијата, секуларизацијата и истакниот процес на сеопфатниот рационализам. Полето почна да доминира во континентална Европа, при што британската антропологија и статистика обично следеше, но на одделна траекторија. Сепак, до почетокот на 20-иот век, многу теоретичари беа активни во англосаксонскиот свет. Малкумина од раните социолози беа стриктно заинтересирани за споменатата тема, влегувајќи во интеракција со економијата, правните науки, психологијата и филозофијата, при што теориите беа одделени во мноштво на различни полиња. Споредено со почетокот, социолошките епистемологии (епистемологија = наука за спознанието), методи и рамки на истражување значително се развија и разгранаа.

Дуркеим, Маркс и Вебер најчесто се цитираат како трите основни творци на науката за општеството. Херберт Спенсер, Вилијам Греам Самнер, Лестер Ф. Ворд, Вилфредо Парето, Алексис де Токвевил, Вернер Зомбрат, Торстајн Веблен, Фердинанд Тониз, Георг Зимел и Карл Манхајм повремено се вклучуваат во академските наставни програми како теоретичари основачи. Хариет Мартино, англиски преведувач на Комт, се наведувам како првата жена социолог. Секоја клучна фигура се поврзува со некоја конкретна перспектива и ориентација. Маркс и Енгелс го поврзаа појавувањето на модерното општество пред сè со појавата на капитализмот; за Дуркеим тоа беше особено поврзано со индустријализацијата и новата општествена поделба на трудот до која дојде со неа; за Вебер модерното општество требаше да биде тесно поврзано со појавата на еден особен начин на размислување, рационалното калкулирање кое тој го поврза со протестантската етика (помалку или повеќе, она за што зборуваа Маркс и Енгелс во смисла на „оние ледени бранови на егоистички калкулации“.Заедно, делата на овие големи класични социолози укажуваат на она што неодамна Гиденс го опиша како „мултидимензионален аспект на институциите на модернизмот“, кој ги нагласува не само капитализмот и индустријализмот како клучни институции на модернизмот, но исто така и „надзорот“ (во смисла, „контрола на информациите и општествен надзор“) и „воена моќ“ (контрола на средствата на насилство во контекст на индустријализација на војната).

Позитивизам и анти-позитивизам[уреди]

Позитивизам[уреди]

Доминантниот методолошки принцип на позитивизмот е да се шири социологија на воглавно ист начин како и природните науки. Се бара воспоставен акецент врз емпиризмот и научната метода, за да се обезбедат проверени темели за социолошки истражувања засновани врз претпоставката дека единственото автентично знаење е научното знаење и дека таквото знаење може да дојде само со позитивна афирмација, преку научна методологија. „Нашата главна цел е проширување на научниот рационализам врз човечкото однесување. Она што нашиот позитивизам бил нарекуван е само последица на овој рационализам.“

Во првичната Комтова примена, „позитивизам“ грубо речено значел примената на научни методи за откривање на законите според кои се случуваат и физичките појави и оние врзани со човекот, додека „социологија“ беше онаа сеопфатна наука која би го синтетизирала сето тоа знаење, со цел на подобрување на општеството: „Најважно нешто за одредување беше природниот редослед во кој се подредени науките - не како можат да се подредат, туку како мораат да бидат подредени, без оглед на желбите на луѓето. Ова Комт го постигнал со тоа што како критериум за позицијата на нештата го земал оној степен кој тој го нарекол „позитивност“, што е едноставно кажано, степенот до кој појавите можат точно да се одредат. Ова, како што веќе и се гледа, е и мерило за нивната релативна комплексност, бидејќи прецизноста на една наука е обратнопропорционална со нејзината сложеност. Степенот на точност или позитивност е, плус тоа, она ниво до кое таа може да биде подложена на математичко демонстрирање, па затоа математиката, која сама по себе не е конкретна наука, е општото мерило според кое треба да се одредуваат науките. Вршејќи такво генерализирање, Комт утврдил дека постојат пет големи групи на појави со еднаква класификациона вредност, но со последователно намалувачка позитивност. Тие полиња тој ги нарече астрономија, физика, хемија, биологија и социологија.“

Оттогаш терминот престана да го носи ова значење; нема помалку од 12 различни епистемологии кои се нарекуваат позитивизам. Голем број од овие пристапи не се самоидентификуваат како „позитивист“, од кои некои поради тоа што се јавија како опозиција на старите форми на позитивизмот, а некои зашто таквото етикетирање со време стана термин на злоупотреба поради тоа што грешно се поврзувал со атеорискиот емпиризам. Степенот на антипозитивистичка критика исто така се има изменето (разидено), при што многумина ја отфрлаат социјалната епистемологија која е на научен „погон“, а други само се стремат за нејзино изменување до степен таа да претставува одраз на новите развои во 20-иот век во сферата на филозофијата. Меѓутоа, позитивизмот (широко сфатен како научен пристап кон науката за општеството) останува доминантен во современата социологија, особено во САД.

Луа Вакон разликува три главни струи во позитивизмот: Дуркеимска струја, Логична и Инструментална струја. Ниту еден од овие струи не е еднаква со оние воспоставени од Комт, кој беше оригинален меѓу социолозите со неговото пропагирање на една формулација со толку рестриктивна епистемологија и грандиозна телеологија. Додека Емил Дуркеим отфрли голем број на детали во Комтовата филозофија, тој ја задржа и ја префини неговата метода. Дуркеим тврдеше дека општествените науки се логичен продолжеток на природните науки, одејќи во царството на човековите активности, и инсистираше на тоа дека тие треба да ја задржат истата објективност, рационализам и пристап кон каузалноста. Тој го разви поимот на објективни „општествени факти“ за да прикаже еден оригинален емпириски објект кој би го проучувала науката социологија.

Разновидноста во позитивизмот кој останува доминантен денес се нарекува инструментален позитивизам. Овој пристап ги одбегнува епистемолошките и метафизичките прашања (како што се природата на општествените факти) во корист на методолошките дебати за јасноста, репликабилноста (способноста за правење на копии од нешто, за умножување), поузданоста и валидноста. Овој позитивизам е повеќе или помалку синонимен со квантитативното истражување и така прилега само на постарите позитивистички гледишта во практиката; бидејќи тој не носи никаква експлицитна филозофска заложба, неговите применувачи можат да имаат кое било од мноштвото гледишта, вклучувајќи го позитивизмот и антипозитивизмот. Институционализацијата на овој вид на социологија честопати му се припишува на Пол Лазарсфелд, кој беше предводник на обимни студии и испитувања и кој разви статистички техники за нивно анализирање. Овој пристап е соодветен за она што Роберт К. Мертон го нарече „теорија од среден домен“:апстрактни тврдења кои произлегуваат од некои одделни претпоставки и емпириски регуларности, а не кои почнуваат со некоја апстрактна идеја за една општествена целина.

Антипозитивизам[уреди]

Реакциите против општествениот емпиризам започнаа кога германскиот филозоф Хегел се прогласи за опозиција како на емпицизмот, кој тој го отфрли како некритички, така и на детерминизмот, за кого сметаше дека е прекумерно механистички. Методологијата на Карл Маркс го позајми Хегеловиот дијалектизам, но исто така го отфрли позитивизмот за сметка на критичката анализа, трагајќи по дополнение на емпириското сфаќање на „фактите“ со елиминирањето на илузиите. Тој тврдеше дека надворешните изгледи (надворешноста) треба да бидат критички разгледани, а не само едноставно документирани. Раните херменеутичари (херменеутика: проучување на теоријата на толкување) како што е Вилхелм Дилти, ја воведоа поделбата помеѓу природните и општествените науки. Различни нео-Кантовски филозофи, феноменолози и научници од сферата на хуманитарните науки, дополнително теоретизираа за тоа како анализата на општествениот свет се разликува од онаа на природниот свет поради ненамалливите сложени аспекти на човековото општество, култура и битие.

На почетокот на 20. век, првата генерација на германските социолози и формално го воведе методолошкиот антипозитивизам, предлагајќи истражувањето на човековите културни норми, вредности, симболи и општествени процеси гледани од една изразито субјективна перспектива. Макс Вебер полемизираше дека социологијата може грубо да се опише како наука, бидејќи истата може да ги идентификува каузалните односи во човековото „општествено дејствување“ - особено помеѓу „идеалните типови“, или хипотетичките симплификации (упростувања) на сложени општествени појави. Сепак, како непозитивист, Вебер барал односи кои не се толку „аисториски, непроменливи или генерализирачки“ како оние со кои се бават природните науки. Сограѓанецот, германскиот социолог Фердинанд Тонис, теоретизирал за два суштински апстрактни концепти, со неговата работа на Заедница и Општество. Тонис повлекол остра линија помеѓу царството на концепти и реалноста на општественото делување: првото треба да биде третирано аксиоматски (аксиоматика: збир или систем на аксиоми) и на дедуктивен начин („чиста социологија“), додека вториот емпириски и на индуктивен начин („применета социологија“).

Макс Вебер

Социологијата е... наука чиј предмет претставува толкувањето на значењето на општественото делување, со што се дава едно каузално објаснение на начинот на кој дејствијата продолжуваат како и на ефектите што тие ги произведуваат. Под „дејствија“ во оваа дефиниција се мисли човековото однесување кога и до она ниво кога дејствувачите (вршителите на дејстовото) гледаат на дејствијата како на нешто со субјективно значење... , при што значењето за кое се зборува може да биде или (а) значењето кое е фактички утврдено или од еден индивидуален дејствувач во однос на некој конкретен историски настан, или од неколку дејствувачи од еден приближен просек и во еден даден број на случаи, или (б) значењето му се придава на дејствувачот или дејстувачите, како типови, во еден чист тип конструиран во апстрактот. Во ниту еден од обата случаи, значењето не смее да се земе како нешто објективно „точно“ или „правилно“ според некој метафизички критериум. Ова е разликата помеѓу емпириските науки на делување, како што се социологијата и историјата, и кој било вид на приоритетна дисциплина, како што е правната наука, логиката, етиката или естетиката, чија цел е да се извлече од конкретната тема нешто со значење „точно“ или „валидно“.

И Вебер и Георг Зимел ја предводеле Verstehen (или, „толкувачката“) метода во општествените науки; еден систематски процес со кој некој набљудувач однадвор се обидува да воспостави контакт со некоја одредена културна група или домородечка група, според услови поставени од групата и според нејзини сопствени гледишта. Преку работата особено на Зимел, социологијата се здобила со карактеристика далеку над позитивистичкото собирање на податоци. Релативно оддалечен од социлошката академија во текот на својот живот, Зимел презентирал идиосинкретички анализи на модерното што потсетуваат на феноменолошките и егзистенцијалните писатели повеќе отколку на Комт и Дуркеим, обрнувајќи особено внимание на формите на општествената индивидуалност и можностите за појава на истата. Неговата социологија навлегла во една нео-Кантовско трагање по границите на перцепцијата, прашувајќи се „Што е општество?“, како директна илузија на прашањето на Кант, „Што е природа“?

Георг Зимел

Најдлабоките проблеми на модерното живеење произлегуваат од обидот на индивидуата да ја задржи самостојноста и индивидуалноста на своето постоење, наспроти силните сили на општеството, наспроти тежината на историското наследство и надворешната култура и техника на живеење. Антагонизмот претставува најмодерна форма на конфликт кој примитивниот човек морал да го води со природата, за да опстане. 18-иот век можеби побара ослободување од сите врски кои историски се појавија во политиката, религијата, моралното и во економијата, за да се дозволи оригиналната природна вредност во човекот, која е еднаква кај сите луѓе, да се развие без никакви ограничувања; 19. век можеби бараше подобрување не само на човековата слобода, туку и на неговата индивидуалност (што е поврзано со поделбата на трудот) и со неговите достигнувања, кои го прават човекот уникатен и незаменлив, но кои истовремено го прават толку многу позависен од актуелната активност на другите; Ниче можеби ја уочил безмилосната борба на индивидуалецот како еден предуслов за негово потполно развивање, додека социјализмот ја најде истата таа појава во потиснувањето на секаков вид на конкуренција - но во секој од овие случаи делуваше истиот фундаментален мотив, имено, спротивставувањето на индивидуата да влезе во урамниловка, да биде проголтана од општествено-технолошкиот механизам.

Теориски рамки[уреди]

Функционализам[уреди]

Почетоците

Во раните децении од 20 век израснува еден вид систематско проучување за општествениот живот кое е именувано како функционализам. Тоа во себе ги содржи суштествените елементи на холистичките и органистичките теории, но согледано е како ново затоа што вклучува и некои нови согледувања во пристапот на проучувањата на општествата, како и за нивните базични карактеристики. Се јавува прво во антропологијата, во вид на воопштувања за животот на малите племенски општества, засновани на теренски истражувања кои се спроведуваат во мали примитивни општества во оддалечените острови на Тихиот Океан, а потоа, во периодот на Втората светска војна (малку пред неа и по неа), и во социологијата - како настојување да се изградат теориски модели за општествата како системи, кои понатаму ќе бидат ставени во служба на емпириските истражувања на современите комплексни општества. Првиот чекор во овој обем е направен во 1906 г. со престојот на Афред Редклиф-Браун на Андаманските Острови. Потоа следува престојот на Бронислав Малиновски на островите на Меланезија во 1914 г. Од овие престои произлегуваат повеќе научни трудови, какви што се : Андаманските Островјани и Структура и функција на примитивните општества на Редклиф-Браун и Аргонаутите на Западниот Пацифик и Научната теорија на културата на Малиновски. Во контекст, пак, на социологијата, првата првата појава на овој план е делото на Талкот Парсонс Структура на општествената акција (1937).

Теорија на конфликт[уреди]

Функционализмот се стреми само кон некои општи перспективи од кои ќе се изведуваат општествените науки. Методолошки, обично нејзините принципи се во спротивност со оние пристапи кои го нагласуваат „микрото“, како што се интерпретивизмот или симболичкиот интеракционизам. Сепак, нејзиниот акцент врз „системите на кохезија“ исто така создржи политички последици. Теориите на функционалистите се затоа честопати во спротивност со „теориите на конфликт“, кои го критикуваат сеопфатниот и доминантниот општествено-политички систем, или ја нагласуваат нееднаквоста на некои одредени групи. Делата на Дуркеим и Маркс претставуваат пример за политичките, но и теоретските разлики помеѓу функционалната, односно конфликтната мисла.

Стремењето кон цивилизација над тие норми, овозможено со врските во околната животна средина, ќе има за резултат една ослободена јанѕа во општеството во кое живееме. Колективната активност не може да се поттикнува над точката утврдена со состојбата на општествениот организам, без да се подрине неговото „здравје“.

Историјата на целото досега постоечко општество е историја на класни борби. Слободните луѓе и робовите, патрицијте (аристократите) и плебејците (сиромашните), господарите и слугите, мајсторот занаетчија и чиракот, со еден збор, потлачувачот и потлачениот, сите тие биле во постојана спротивставеност, воделе помеѓу себе непрекината, повремено прикриена а повремено отворена борба, борба која секој пат завршувала или со револуционерна реконструкција на општеството во целина, или со заедничко пропаѓање на спротивставените класи.

Современа општествена теорија[уреди]

Движењето на функционалистите го достигна својот максимум во 1940-тите и 1950-сеттите години, но во 1960-тите години тоа почна брзо да слабее. До 1980-тите години, функционализмот во Европа беше значително заменет со пристапи кои беа ориентирани кон конфликт. Додека некои од критичките пристапи исто така се здоби со популарност во САД, главниот правец на дисциплината се преусмери кон најразлични емпририско-ориентирани теории со среден опсег, без некоја сèопфатна теориска ориентираност. За многумина во таа дисциплина, функционализмот сега се смета за застарен и конзервативен.

Како што започна да опаѓа влијанието и на функционализмот и на максизмот во 1960-тите години, лингвистичките и културните струи водеа кон мноштво на нови движења во општествените науки: „Според Гиден, ортодоксниот консензус заврши во доцните 1960-ти и 1970-ти години, бидејќи средните стури, кои ги делеа воглавно конкурентни ставови, им отстапија место и беа заменети со едно изобилие на најразновидни конкурентни гледишта. Оваа трета „генерација“ на теории за општеството вклучува феноменолошки инспирирани пристапи, критички теории, етнометодолгија, симболички интеракционизам, структурализам, постструктурализам, како и теории напишани во традицијата на херменевтиката и обичната јазична филозофија.“

Движењето на структурализмот потекна од лингвистичката теорија на Фердинанд де Сосур, а подоцна беше проширена на општествените науки од страна на теоретичари како што е Клод Леви Штрос. Во овој контекст, „структура“ се однесува не на „општествена структура“, туку на семиотското (семиотика: теорија за знаци и симболи) сфаќање на човековата култура како систем на знаци. Може да се одделат четири централни принципи (начела) во структурализмот: Прво, структурата е она што ја одредува структурата на целината. Второ, структуралистите веруваат дека секој систем има структура. Трето, структуралистите се интересираат за „структуралните“ закони кои се бавав со коегзистирањето, а не со промените. И на крај, структурите се „она вистинското“ под површината, или појавата на значењето. Постструктуралистичката мисла имала за тенденција да ги отфрли „хуманистичките“ претпоставки при спроведувањето на општествената теорија. Михаел Фоколт дава една силна критика во неговата археологија на хуманитарните науки, иако и Хаберма и Рорти полемизираат дека Фоколт само врши замена на еден таков систем на мисли со друг систем. Дијалогот помеѓу овие интелектуалци го нагласува трендот во последниве години за вкрстосување на одредени школи на социологијата и филозофијата. Антихуманистичката позиција се поврзува со „постмодернизмот“, термин користен во специфични контексти, за да опише доба на појави, но повремено и толкуван како метода.

Структура и независност (самостојност)[уреди]

Структурата и независноста (самостојноста) претставуваат една постојана онтолошка дебата во општествените теории: „Дали општествената структура го одредува нечие однесување, или тоа е човековата независност?“ Во овој контекст, „независност“ подразбира можноста на лицата да делуваат независно и да вршат слободен избор, додека пак „структура“ подразбира факторите кои ги ограничуваат или влијаат врз тие избори и постапки на лицата (како што се општествените класи, религијата, полот, етничката припадност итн.) Дискусиите за тоа која иам предност, структурата или независноста, се поврзани со суштината на социолошката епистемологија („Од што се состои општествениот свет?“, „Која е каузата во општествениот свет, а кој е ефектот?“). Општиот став на неверување (скептицизам) кон структуралната или независната мисла довел до развивање на мултидимензионални теории, од кои највпечатлива е теоријата на структурирањето на Талкот Парсонс и Антони Гиденс.

Методологија на социолошките истражувања[уреди]

Податотека:Lazarsfeld.jpg
Пол Лазарсфелд

Пол Лазарсфелд е наречен „основач на модеранта емпириска социологија“ за неговите бројни доприноси во полето на методологијата. Методите на истражување на општеството можат да се поделат во две пошироки категории:

  • Квантитативните методологии кои им приоѓаат на општествените појави преку квантитативно измерливи докази. Тие пестопати се потпираат врз статистички анализи на многу случаи (или преку за таа намена креирани третмани во некој експеримент) за да се изработат валидни и сигурни (поуздани) општи податоци.
  • Квантитативните методологии го исктакнуваат сфаќањето на општествените појави преку директно набљудување, комуникација со учесниците, или анализа на текстови, и ја потенцираат контекстуалната и субјективната прецизност пред генералната.

Социлозите се поделени во групи за поддршка на некои конкретни истражувачки техники. Овие расправии се поврзани со епистемолошките дебати во историското јадро на општествената теорија. Иако се многу различни од повеќе аспекти, и квалитативните и квантитативните пристапи вклучуваат систематска интеракција помеѓу теоријата и податоците. Квантитативните методологии заземаат доминантно место во социологијата, особено во САД. Во двата најчесто цитирани журнали на оваа дисциплина, написите за квантитативниот пристап се побројни од оние за квалитативниот пристап за еднаш или двапати. (Повеќето написи објавени во најголемите британски журнали пак, од друга страна, се со квалитативен пристап.) Повеќето учебници за методологијата на истражувањето на општеството се напишани од квантитативна перспектива, а самиот термин „методологија“ честопати се користи како синоним со зборот „статистика“.Практично сите докторатски програми во САД во полето на социологијата бараат добра обученост во сферата на статистичките методи. Исто така, поголемиот дел од јавноста ја смета работата што ја вршат квантитативните истражувачи за „нешто на што може повеќе да му се верува“ и за „непристрасна“, иако оваа оценка постојано е на удар на антипозитивистите.

Изборот на метода честопати зависи во голема мера од тоа што конкретно истражувачот намерава да истражува. На пример, еден истражувач кој е засегнат со изработка на енда статистичка генерална табела за една цела популација, може да подготви прашалник за еден репрезентативен примерок на испитаници од популацијата. Наспроти него пак, истражувачот кој трага по целосно контекстуално разбирање на постапките на едно лице во општеството, може да се реши за етнографско набљудување на испитаниците, или отворени интервјуа. Проучувањата обично ги комбинираат или ги „триангулираат“ квантитативните и квалитатитните методи, како дел од „мултистратешкиот“ пристап. На пример, едно квантитативно проучување може да се изврши со цел на добивање на статистички шеми или некој целен примерок, а потоа да се комбинира со квалитативни интервјуа, за да се одреди улогата на факторот независност (самостојност).

Одбирање на примерок[уреди]

Галтоновата кутија (машина за демонстрирање на теоремата на централно ограничување и нормалната распореденост), е изработена од методологистот истражувач на општеството Сер Франсис Галтон, за прикажување на нормалната распореденост, што е важен елемент за поголемиот број на квантитативни испитувања на хипотезите.

Квантитативните методи честопати се користат за поставување на прашања за една популација која е многу голема, кога спроведувањето на попис или детално пребројување на сите членови во таа популација е практично неизводливо. „Примерокот“ тогаш претставува еден поддел од таа популација, со кој може да се барата. При квантитативното истражување, се користи статистиката за да се донесат заклучоци од тие примероци за целата популација во целина. Процесот на селектирање на примерок испитаници се нарекува „одбирање на примерок. Додека најчесто е најдобро да се врши избирање на примерок по принципот на случаен избор, прашањата поврзани со разликите помеѓу специфични подпопулации понекогаш изискуваат слоевито одредување на примероци. Обратно, неможност за спроведување на избирање по принципот на случаен избор понекогаш изискува одбирање по принципот на неверојатност, како што е одбирањето на испитаници по желба на истражувачот или т.н. верижно одбирање на испитаници (кога веќе постоечките испитаници одбираат дополнителни испитаници од редовите на свои пријатели или познаници).

Методи[уреди]

Следниов список на методи за истражување ниту е единствен ниту е краен:

  • Архивско истражување или историска метода: се потпира врз секундарни податоци кои се наоѓаат во историските архиви и евиденција, како што се биографии, мемоари, журнали итн.
  • Анализа на содржината: Содржината на интервјуа и други контексти систематски се анализира. Честопати податоците се „кодираат“ како дел од пристапот на теоријата на цврсти податоци, за кој се користи софтвер за анализа на квалитативни податоци, како што е софтверот NVivo.
  • Експерименталено истражување: истражувачот издвојува еден општествен процес и го репродуцира истиот во лабораторија (на пример, создавајќи ситуација каде е можно несвесно презентирање на сексистички ставови), сакајќи така да утврди дали одредени општествени варијабли можат или не можат да доведат до или да зависат од други варијабли (на пример, утврдување на тоа дали чувствата на луѓето во врска со традиционалните улоги на половите можат да бидат манипулирани со активација на спротивни стереотипови за половите). Учесниците се одредуваат по принципот на случаен избор во одредени групи кои или служат како контролни групи - делувајќи како референтни точки, зашто тие се тестираат во однос на зависната варијабла, иако не биле изложени на какви било варијабли од интерес - или добиваат еден или повеќе третмани. Случајниот избор овозможува истражувачите да бидат сигурни дека какви било разлики во резултатите помеѓу групите се резултат на третманот.
  • Истражување за добивање преглед/анализа: Истражувачот собира податоци преку интервјуа, прашалници или слични материјали со повратна информација, од група на луѓе одбрани по случаен избор од одредена популација од интерес. Темите во едно испитување со интервју или прашалник можат да бидат или отворени или затворени. Податоците од испитувањата (анкетите) обично се анализираат статистички со компјутер.
  • Надолжна студија (испитување): Обимно испитување на некое конкретно лице или група во подолг временски период.
  • Набљудување: Користејќи податоци од пописи, истражувачот може да евидентира информации за општествените појави или однесување. Техниките на набљудување можат, но не мораат да вклучуваат учествување. Во набљудувањето на учесникот, истражувачот оди на терен (како што е, на пример, некоја заедница, или некое работно место) и учествува во активностите на теренот во текот на подолг временски период, за да се здобие со подобро разбирање на работите. Податоците добиени со овие техники можат да се анализираат или квантитативно или квалитативно.

Компјутерска (пресметкувачка) социологија[уреди]

Дијаграм на една социјална мрежа која се состои од лица (или „јазли“) поврзани со еден или повеќе одредени типови на заемна зависност.

Социолозите сè повеќе се ослонуваат на компјутерските методи за анализирање и моделирање на општествените појави. Со помош на компјутерски симулации, вештачка интелигенција, сложени статистички методи и нови аналитички пристапи како што е анализата на општествените мрежи, компјутерската социологија развива и испитува теории за сложени општествени процеси преку моделирање на општествените интеракции од дното па кон горе. Иако тематиката и методологиите во општествената наука се разликуваат од оние во природните науки или компјутерската наука, неколку од пристапите кои се користат во современите симулации на општество потекнуваат од полиња како што се физиката и вештачката интелигенција. На ист начин, некои од пристапите кои потекнуваат од компјутерската социологија се внесени во природните науки, како што се мерењата на централитетот (централната позиција) на мрежата од анализите на полињата на општествената мрежа и науката за мрежата. Во релевантната литература, компјутерската социологија честопати се поврзува со проучување на комплексноста на општеството. Поимите за комплексност на општеството како што се комплексни системи, нелинеарната интеракција меѓу макро и микро процесите и појавување, веќе влегоа во речникот на компјутерската социологија. Еден практичен и добро познат пример е конструирањето на компјутерски модел во форма на „вештачко општество“, со кој истражувачите можат да ја анализираат структурата на општествениот систем.

Практични примени на истражувањата на општеството[уреди]

Истражувањето на општеството им дава информации на политичарите и творците на политиките, едукаторите, планерите, законодавците, администраторите, деловните магнати, менаџерите, социјалните работници, невладините организации, непрофитните организации и сите луѓе заинтересирани за решавање на општествените прашања општо. Честопати постои голема мера на преклопување помеѓу истражувањето на општеството, истражувањето на пазарот и некои други статистички полиња.

Опсег и теми[уреди]

Култура[уреди]

Макс Хоркхајмер лево, напред), Теодор Адорно (десно, напред) и Јирген Хабермас (десно, назад) 1965 година. За Симел, културата се оденсува на „култивирање на индивидуални лица преку примена на надворешни форми кои биле објективизирани во текот на историјата.“ Додека најраните теоретичари како Дуркеим и Маус беа влијателни во полето на антропологијата, социолозите на културата обично се разликуваат по нивната фокусираност врз модерното (а не кон примитивното или древното) општество. Културната социологија ретко е емпириска, претпочитајќи ја хеременевтската анализа на зборовите, артефактите и симболите. Ова поле е тесно поврзано со критичката теорија на Теодор В. Адорно, Валтер Бенјамин и други членови на франкфуртската школа. Незначително поинакво од социологијата е полето на проучување на културата. Теоретичарите од бирмингамската школа како Ричард Хогарт и Стјуарт Хол ја ставија под знак на прашање поделбата помеѓу „произведувачи“ и „потрошувачи“ очигледна во првичните теории, каде се нагласува реципроцитетот во производството на текстови. Културолошките студии се стремат кон проучување на темите поврзани со културата, во однос на културните практики и нивниот однос со моќта. На пример, една студија на некоја подкултура (како на пример, белата работна класа во Лондон) би проучувала како социјалните практики на таа група се поставени во однос на доминантната класа. „Културниот пресврт“ во 1960-тите години воведе структуралистички и таканаречени постмодерни пристапи кон науката за општеството.

Криминалитет, девијантности, закон и казна[уреди]

Криминолозите ја анализираат природата, причините и контролирањето на криминалните дејствија, потпирајќи се врз методи од социологијата, психологијата и бихејвиористичките науки. Социологијата на девијантноста се сосредоточува врз постапки или видови на однесување кои ги прекршуваат нормите, вклучувајќи како порано пропишани правила (на пример, во криминалот), и неформални прекршувања на културните норми. Социолозите имаат должност да проучуваат зошто овие норми постојат; како тие се менуваат со времето; како се пропишуваат со закон истите. Концептот на девијантност е централен во современиот структурален функционализам и теоријата на системи. Роберт К. Мертон изработил типологија на девијантности и исто така ги утврдил термините „модел кој треба да се следи“, „ненамерни последици“ и „остварување на предвидувањата“.

Проучувањето на законот играше значајна улога во формирањето на класичната социологија. Дуркеим е познат по неговото дефинирање на законот како „видлив симбол“ на општествената солидарност. Социологијата на правото се однесува како на поддисциплините во социологијата, така и на пристапот во рамките на полето на правните науки. Социологијата на правото е инакво поле на проучување кое ги проучува заемните делувања помеѓу законот и другите аспекти на општеството, како што се развојот на правните институции и влијанието на законите врз општествените промени и обратно. На пример, едно влијателно истражување во тоа поле се потпира врз статистички анализи за да полемизира дека порастот во затворските казни во САД во текот на изминатите 30 години се должи на промени во правото и политиката, а не на пораст во криминалот; и дека овој пораст значително допринесува за задржување на расното раслојување.

Економска социологија[уреди]

Терминот „економска социологија“ беше првпат употребен од Вилијам Стенли Џевонс во 1879 година, а подоцна применет како кованица во делата на Дуркеим, Вебер и Симел помеѓу 1890 година и 1920 година. Економската социологија се издигна како нов пристап кон анализата на економските појави, нагласувајќи ги класните односи и модернизмот како филозофски концепт. Односот помеѓу капитализмот и модернизмот е значајно прашање, веројатно најдобро прикажан во Веберовото дело Протестантската етика и духот на капитализмот (1905) и Симеловото Филозофијата на парите (1900). Современиот период на економската социологија, исто така познат како нова економска социологија, беше консолидирана со делото на Марк Грановетер од 1985 година со наслов „Економски дејствија и општествена структура: Проблемот на вграденост (вклопеност, вгнезденост) Ова дело го обработи концептот на вграденост, според кој економските односи помеѓу одделни лица или фирми се одвиваат во рамките на постоечки општествени односи (и така се структурирани според овие односи, како и според поголемите општествени структури од кои тие односи претставуваат дел). Анализата на општествената мрежа е примарната методологија за проучување на оваа појава. теоријата на Грановетер за силата на слабите врски и концептот на Роналд Барт за структуралните дупки се две најпознати теоретски доприноси во ова поле.

Животна средина[уреди]

Социологијата на животната средина е проучување на заемното делување помеѓу општеството и животната средина, ставајќи најчесто акцент врз општествените фактори кои предизвикуваат проблеми во животната средина, влијанието на овие проблеми врз општеството и напорите за нивно разрешување. Исто така, внимание се дава и на процесите преку кои условите во животната средина стануваат дефинирани и познати за општеството.

Образование[уреди]

Социлогијата на образованието е проучување на тоа како образовните институции ги одредуваат општествените структури, искуства и други исходи. Таа особено ги проучува образовните школски системи во модерните, индустриски општества. Една класична студија од 1966 година во ова поле од Џејмс Колман, позната како „Колмановиот извештај“, го анализирала однесувањето на преку 150 000 студенти, и утврдено е дека потеклото на студентите и нивниот социјално економски статус се многу поважни во утврдувањето на образовните резултати отколку претходно утврдените разлики во ресурсите на училиштата (на прм, трошоци по учени). Контраверзноста околу „ефектите од училиштата“ кои започнаа тогаш со таа студија, сè уште продолжуваат и до ден денес. Со студијата исто така се утврдило дека црните студенти од социјално пониска класа имале повеќе корист од образованието во расно помешани класови, со што служеле како катализатори на процесот на десегрегација во американските јавни училишта.

Семејство, пол и сексуалност[уреди]

„Ковачката Рози“ беше иконски симбол на американскиот домашен фронт и на одделувањето од половата поделеност на работите, поради воените околности.

Семејството, полот и сексуалноста формираат широко поле на истражување проучувано во голем број на подполиња во социологијата. Социологијата на семејството го проучува семејството, како институција и како единица на социјализирање, со посебен соврт кон релативно модерното историско појавување на семејството клетка и неговите јасно издиференцирани полови улоги. Поимот „детство“ е исто така важен. Како една од поважните институции на кои може да се применат социолошките перспективи, социологијата на семејството е заедничка компонента во воведните академски наставни програми. Феминистичката социологија пак, од друга страна, е едно нормативно подполе кое ги набљудува и критикува културните категории на полот и сексуалноста, особено во однос на моќта и нееднаквоста. Основната преокупација на феминистичката теорија е патријархатот и систематскиот притисок врз жените очигледен во многу општества, како на пониско ниво на интеркација, така и во смисла на пошироката општествена структура. Социјалната психологија на полот, од друга страна пак, применува експериментални методи со цел да ги разоткрие микропроцесите во половото раслојување. На пример, една неодамнешна студија покажа дека жените понекогаш се критикувани за нивното мајчинство, додека мажите се пофалувани за нивното татковство. Друга група на експерименти покажа дека мажите чија сексуалност е под знак на прашање го компензираат тоа со изразвуање на поголеми симпатии кон воени интервенции и спортски возила, како и дека се поголеми противници на бракови меѓу хомосексуалци.

Здравје и болест[уреди]

Социологијата на здравјето и болеста се сосредоточува врз социјалните ефекти од и јавните мислења за болестите, хендикепите и процесот на стареење. Медицинската социологија, за контраст, се сосредоточува врз внатрешните работи на медицинските организации и клинички институции. Во Британија, социологијата беше воведена во медицинската наставна програма по Извештајот на Гуденоу (144).

Интернет[уреди]

Интернетот е интересен за социолозите од повеќе аспекти, но пред сè како алатка за истражување и платформа за дискусии. Социологијата на Интернетот, во поширока смисла, се бави со анализа на заедниците на интернетот (на пример, новинарски групи, сајтови на социјални мрежи) и виртуелни светови. Онлајн заедниците можат да се проучуваат статистички преку анализа на мрежите или да се толкуваат квалитативно преку виртуелна етнографија. Организациската промена се катализира преку новите медиуми, со што се влијае врз општествените промени на повисоко ниво, веројатно со тоа формирајќи ја мрежата за трансформации од едно индустриско во информативно општество. Еден упадлив текст е Интернет галаксија на Мануел Кастел. Самиот наслов формира едно меѓутекстуално упатување на Галаксијата Гутенберг на Маршал МекЛуан.

Знаење и наука[уреди]

Социологијата на знаење е проучување на односите помеѓу човековата мисла и општествениот контекст во рамките на кој таа се родила, како и на ефектите кои доминантните идеи ги имаа“ врз општествата. Терминот најпрво почна да се применува широко во 1920-тите години, кога одреден број на теоретичари од германското говорно подрачје, особено Макс Шелер и Карл Манхајм, почнаа да пишуваат опширно за него. Со доминацијата на функционализмот во текот на средината на дваесеттиот век, социологијата на знаење покажуваше тенденција да остане на периферијата на главната социолошка мисла. Таа беше повторно пронајдена и применувана повеќе во секојдневниот живот во 1960-тите години, особено од Петер Л. Бергер и Томас Лукман во Општествената конструкција на реалноста (1966), и сè уште е најважна за методите кои се бават со квалитативно сфаќање на човековото општество (споредете со општествено конструирана реалност). „Археолошките“ и „генеалошките“ проучувања на Микел Фоколт имаат значително влијание во современите текови. Социологијата на наука вклучува проучување на науката како една општествена активност, особено кога се бави „со општествените услови и влијанија на науката, и со општествените структури и процеси во научната активност.“ Важни теоретичари во социологијата на наука се Роберт К. Мертон и Бруно Латур. Овие гранки на социологијата допринеле кон формирањето на научни и технолошки студии.

Медиуми[уреди]

Како што е случајот и со проучувањето на културата, проучувањето на медиумите е една одделна дисциплина која е резултат пред сè на конвергенцијата (сличноста) на социологијата со другите општествени и хуманитарни науки, особено литературниот критицизам и критичката теорија. Иако процесот на производство или критиката на естетските форми не е во доменот на социолозите, анализите на социјализирачките фактори, како што се идеолошките влијанија и приемот од публиката (јавноста), произлегуваат од социлошката теорија и метода. Така, „социологијата на медиумите“ не е некој поддисциплина per se (сама по себе), туки медиумите се честопати една вообичаена и неодминлива тема.

Воена[уреди]

Воената социологија се стреми кон систематско проучување на воените сили како една општествена група, а не како некоја организација. Таа е едно високо специјализирано подполе, кое проучува теми поврзани со услужниот кадар, како една одделна група која принудно делува заедно, пред сè поради споделени интереси поврзани со опстанокот во струката и во борба, со цели и вредности кои се подефинирани и потесни од оние во граѓанското општество. Воената социологија исто така се бави и со односите граѓанско-воено, како и со заемните влијанија помеѓу овие две групи или некои владини агенции. Темите ги вклучуваат доминантните претпоставки кои ги застапуваат оние во војската, промени во подготвеноста на војската да се бори, синдикализација на војската, воениот професионализам, позачестената застапеност на жените, воениот индустриско-академски комплекс, зависноста на војската од истражувањата, како и институционалната и организационата структура на војската.

Политичка социологија[уреди]

Јурген Хабермас

Политичката социологија е проучување на односите помеѓу политичките организации и општеството. Едно типично истражувачко прашање од ова поле би било: „Зошто толку малку Американци се решаваат да гласаат„? Прашањата за формирањето на политичкото мислење доведоа до некои пионерска употреба на статистичките истражувања од страна на Пол Лазарсфелд. Едно од поголемите подполиња на политичката социологија се ослонува врз компаративната историја, за да се анализираат општествено-политичките трендови. Полето се има развиено од делата на Макс Вебер и Моиси Острогорски, додека пак од современите теоретичари може да се споменат Роберт К.Дал, Сејмор Мартин ЛИпсет, Теда Скоспол, Лук Ботлански и Никос Пуланцас.

Некои од главните полиња на истражување врз кои се сосредоточува современата политичка социологија се: (1) Општествено-политичките формации на модерната држава; (2) „Кој владее“?Како општествената нееднаквост помеѓу групите (класа, раса, пол, итн.) влијае врз политиките. (3) Како јавните личности, општествените движења и трендови надвор од формалните институции со политичка моќ влијаат врз политиката, и (4) односите во моќта во рамките на и помеѓу општествените групи (на пример, во семејствата, на работното место, во бирократијата, медиумите итн.)

Расни и етнички односи[уреди]

Социологијата на расните и етнички односи е она поле на дисциплината кое ги проучува општествените, политичките и економските односи помеѓу расите и етничките целини на сите нивоа во општеството. Ова поле ги опфаќа проучувањето на расизмот, раслојувањето во живеалиштата и други комплексни општествени процес помеѓу различни расни и етнички групи. Ова истражување честопати заемно делува со други полиња на социологијата, како што се раслојувањето и општествената психологија, како и постколонијалната теорија. На ниво на почитичка политика, етничките односи се дискутираат во смисла на или асимилационизам или мултикултурализам. Антирасизмот формира друг стил на политика, особено популарна во 1960-тите и 1970-тите години.

Религија[уреди]

Социологијата на религијата се бави со практиките, историската позадина, развоите, универзалните теми и улоги на религијата во општеството. Особено се нагласува повратената улога на религијата во сите општества и во текот на евидентираната историја. Социологијата на религијата се разликува од филозофијата на религијата во тоа што социолозите не се обидуваат да ја оценат валидноста на религиозните тврдења; наместо тоа, тие заземаат став кој Петер Л. Бергер го опиша како позиција на „методолошки атеизам“. Може да се каже дека модерната формална дисциплина на социологијата започна со анализата на религијата во Дуркеимовата студија од 1897 година за стапките на самоубиство меѓу Католичкото и Протестантското население. Макс Вебер објави четири главни текстови за религија, во контекст со економската социологија и неговата теза за рационализација: Протестантската етика и духот на капитализмот (1905), Религијата на Кина: Конфучионизмот и Таоизмот (1915), Религијата на Индија: Социологијата на Хиндуизмот и Будизмот (1915) и Древниот јудеизам (1920). Современите дебати честопати се концентрираат врз теми како што се секуларизацијата, граѓанската религија, како и улогата на религијата во контекст на глобализација и мултикултурализам.

Општествени мрежи[уреди]

Харисон Вајт

Општествена мрежа е општествена структура која е сочинета од индивидуалци (или организации) наречени „јазли“, кои се поврзани со еден или повеќе специфични видови на заемна зависност, како што се пријателство, роднинска поврзаност, финансиска зависност, несимпатија, сексуална поврзаност или спој на верувања, знаења или престиж. Општествените мрежи оперираат на повеќе нивоа, од семејства, до нивото на нации, и како такви играат главна улога во одредувањето на начинот на кој проблемите се решаваат, организациите се водат, како и степено до кој индивидуите успеваат да ги остварат своите цели. Анализата на општествените мрежи не дава никакви претпоставки дека групите се камен темелник на општеството: Пристапот е отворен кон проучување на помалку поврзани општествени системи , од локални заедници до мрежи на размена. Наместо да се третираат индивидуалците (лица, организации, држави) како одделни целини за анализирање, овој пристап се сосредоточува врз тоа како структурата на врските влијае врз индивидуалците и нивните односи. Спротивно на анализата која претпоставува дека социјализацијата во норми го одредува однесувањето, анализата на мрежи бара да го утврди степенот до кој структурата и составот на врските влијае врз нормите. За разлика од повеќето други полиња на социологијата, теоријата за општествени мрежи обично се дефинира во вид на формална математика.

Општесвена психологија[уреди]

Социолошката општествена психологија се сосредоточува врз општествените постапки во микро скалата. Ова поле може да се опише како да е дел од „социлошкото минијатузирање“, проучувајќи цели општества преку проучувањето на индивидуалните мисли и емоции, како и однесувањето на некои мали групи. За психолошките социолози особено е важно како да се објасни изобилието на демографски, општествени и културни факти во смисла на човеково општествено заемно влијаење. Некои од главните теми во ова поле се општествената нееднаквост, групната динамика, предрасудите, агресијата, општествената перцепција, групното однесување, општествената промена, незборовното (невокалното) однесување, социјализацијата, конформизмот, водството и општествениот идентитет. Општествената психологија може да се предава со ставање акцент врз психолошкиот елемент. Во социологијата, истражувачите во ова поле се најистакнатите корисници на експерименталната метода (сепак, за разлика од нивните колеги психолози, тие исто така често применуваат и други методологии). Општествената социологија ги разгледува општествените влијанија, како и општественото перцепирање и општествената меѓуакција.

Раслојување[уреди]

Општественото раслојување претставува хиерархиско подредување на индивидуални лица во општествени класи, касти и поделбите во рамките на едно општество. Во модерните западни општества, раслојувањето традиционално се однесува на културните и економските класи кои се состојат од три основни слоеви: висока класа, средна класа и ниска класа, но секоја од овие класи може дополнително да се подели на помали класи (на пример, според занимањето). Општествената стратификација се толкува на радикално различни начини во рамките на социологијата. Пропагаторите на структуралниот функционализам инсистираат дека, со оглед на тоа што раслојувањето во класи и касти е очигледно во сите општества, хиерархијата мора да е корисна за стабилизирање на нивното постоење. Застапниците на теоријата на конфликти, спротивно на првиве, ја критикуваат недостапноста на ресурсите и недостигот на општествена мобилност во раслоените општества. Карл Маркс ги делел општествените класи според нивната поврзаност со средствата за производство во капиталистичкиот систем: буржуазијата ги поседува средствата, но тоа фактички го вклучува и пролетерјатот, бидејќи работниците можат само да го продадат својот труд (со што ја создаваат материјалната основа за културна суперструктура). Макс Вебер го критикувал Марксистичкиот економски детерминизам, полемизирајќи дека општественото раслојување не се заснова само врз економските нееднаквосит, туку врз други диференцијали кои се засноваат врз статус и моќ (на примнер, патријархатот). Според Вебер, раслојувањето може да се јави помеѓу најмалку три сложени варијабли: (1) Сопственост (класа), (2) Престижност (статус) и (3) Моќ (политичка партија). Пјер Бордо дава модерен пример во концептите на културниот и симболичкиот капитал. Теоретичарите како на пример Ралф Дарендорф ја потенцираат тенденцијата кон зголемување на средната класа во модерните западни општества, особено во однос на неопходноста од образована работна сила во технолошки или сервисни економии. Перспективите во однос на глобализацијата, како што се теоријата на зависност, укажуваат дека овој ефект се должи на промената на работниците во Третиот Свет.

Урбана и рурална социологија[уреди]

Урбаната социологија ја вклучува анализата на општествениот живот и човековата интеракција во урбани средини. Тоа е нормативна дисциплина која се стреми да обезбеди совети во однос на планирање и создавање на политиката. По индустриската револуција, делата како што е Метрополата и менталниот живот на Џорџ Симел (1903) се сосредоточија врз урбанизацијата и влијанието кое таа го има врз оттуѓувањето и анонимизирањето. Во 1920-тите и 1930-тите, чикашката школа создаде едно главно теориско тело за природата на градот, важно како за урбаната социологија, така и за криминологијата, користејќи го симболичниот интеракционизам како метода за теренско истражување.

Современото истражување воглавно е ставено во контекст на глобализација, на пример, во студијата за „Глобалниот град“ на Саскиа Сасен. Руралната социологија, спротивно на урбаната, претставува анализа на неметрополитски реони.

Работа и индустрија[уреди]

Социологијата на работата, или индустриската социологија, ги набљудува „смеровите и импликациите на трендовите во технолошката промена, глобализацијата, пазари на трудот, работната организација, менаџерските практики и односите во сферата на вработеноста, до степен до кој овие трендови се тесно поврзани со постојано менувачките модели на нееднаквост во модерните општества, како и во полето на менувачките искуства на индивидуите и семејствата, односно начините на кои работниците ги предизвикуваат, им одолеваат и ги даваат своите лични доприноси кон моделирањето на работата и обликувањето на работните институции.

Социологијата и другите академски дисциплини[уреди]

Социологијата се преклопува со мноштво на дисциплини кои го проучуваат оппштеството, особено со антропологијата, политичките науки, економијата и општествената филозофија. Многу споредбено нови полиња, како што се проучувањето на комуникациите, проучувањето на културата, демографијата и литературната теорија, се ослонуваат врз методи кои потекнуваат од социологијата. И двата термина „општествени науки“ и „општествено истражување“ имаат добиено извесно ниво на автономија, по нивното создавање во полето на класичната социологија. Одделното поле општествена психологија се појави како резултат на многу вкрстосувања на социолошки и психолошки интереси, и истото понатаму се дели, во смисла на ставање на социолошки или психолошки акцент.

Општествената антропологија е гранка во антропологијата која проучува како современите живи суштества се однесуваат во општествени групи. Оние кои ја практикуваат општествената антропологија, како социолозите, ги испитуваат разновидните аспекти во општествената организација. Традиционално, општествените антрополози ги имаат анализирано неиндустриските и незападните општества, додека социолозите се фокусираат врз индустријализираните општества во западниот свет. Сепак, во последниве години, општествената антропологија го има проширено својот фокус врз модерните западни општества, што значи дека двете дисциплини во голема мера заемно се приближуваат (се стремат во ист праве).

Социобиологијата е проучувањето на тоа како врз општественото однесување и организација влијаела еволузијата и други биолошки процеси. Полето ја спојува социологијата со одреден број на други науки, како што е антропологијата, биологијата и зоологијата. Социобиологијата доведе до спротивставени ставови во рамките на социолошката академија зашто, наводно, му има обрнато премногу внимание на факторот гени, во однос на факторот социјализација и надворешните фактори, општо земено (види „Природата против природата“). На ентомологистот Е.О. Вилсон му се припишува опишувањето и развивањето на социобиологијата.

Ирвинг Луис Хоровиц, во неговото дело Распаѓање на социологијата (1994), полемизира дека дисциплината, иако доаѓа од „истакнато потекло и традиција“, сепак опаѓа поради длабоко идеолошката теорија и недостаток на релевантност за твроците на политиката: „Распаѓањерто на социологијата започна кога оваа голема традиција стана подложна на идеолошко размислување, и една поинфериорна традиција излезе на површината во зародишот на тоталитаризмот и неговиот триумф.“. Плус тоа: „Еден се уште неспоменат проблем е дека социологијата и немирот поврзан со неа ги остави сите општествени науки ранливи на чистиот позитивизам - на емпиризмот на кој му недостига секаква теориска оснаова. Талентирани индивидуалци кои можеби, нешто порано, навлегле во социологијата, трагаат по интелектуален поттик во бизнисот, правото, природните науки, па дури и во креативното пишување, со што социологијата губи голем дел од толку потребниот потенцијал. Хоровиц го цитира недостигот на „суштинска дисциплина“ како влошувачки фактор за проблемот. Рандал Колинс, професор по социологија на универзитетот во Пенсилванија „Дороти Свејн Томас“, и член на Советодавниот совет на издавачи на „Журнал за општествена еволуција и историја“, има слични ставови. „Ние ја изгубивме сета кохерентност како дисциплина, се претвораме во еден конгломерат на специјалности, од кои секоја се движи во свој сопствен правец, а ниту една нема превисоко мислење за која било друго.

Во 2007 година Водич за високо образование на Тајмз, објави список на „Најцитираните автори на книги во полето на хуманитарните науки (вклучувајќи ја филозофијата и психологијата). Седум од првите десет се наведени како социолози: Мишел Фокол (1), Пјер Бордо (2), Антони Гиденс (5), Ирвинг Гофман (6), Јурген Хабермас (7), Макс Вебер (8), and (10).

Види исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. "Comte, Auguste, A Dictionary of Sociology (3rd Ed), John Scott & Gordon Marshall (eds), Oxford University Press, 2005, ISBN 0-19-860986-8, ISBN 978-0-19-860986-5
  2. Ashley D, Orenstein DM (2005). „Sociological theory: Classical statements (6th ed.)“. Boston, MA, USA: Pearson Education. стр. 3–5, 32–36. 
  3. Ashley D, Orenstein DM (2005). „Sociological theory: Classical statements (6th ed.)“. Boston, MA, USA: Pearson Education. стр. 3–5, 38–40. 
  4. Giddens, Anthony, Duneier, Mitchell, Applebaum, Richard. 2007. Introduction to Sociology. Sixth Edition. New York: W.W. Norton and Company
  5. Macy, Michael; Willer 2002., Robert. „From Factors to Actors: Computational Sociology and Agent-Based Modeling“. „Annual Review of Sociology“ 28: 143–66. 
  6. Lazer, David; Pentland, Alex (6 февруари, 2009). „Computational Social Science“. „Science“ 323 (5915): 721–723. doi:10.1126/science.1167742. http://www.sciencemag.org/cgi/content/summary/323/5915/721.