Прва уставна ера (Отоманско Царство)
Дел од темата |
---|
Историја на Отоманското Царство |
Првата уставна ера (отомански јазик: مشروطيت турски: Birinci Meşrutiyet) на Отоманското Царство бил краток период на уставна монархија кој започнал со донесувањето на Уставот на 23 ноември 1876 година, а завршил на 13 февруари 1878 година односно со распуштањето на парламентот од османлискиот султан Абдул Хамид II.
Првата уставна ера не вклучувала никакви политички партии. Во тоа време парламентот се сметал како глас на луѓето а не како место за формирање на политички партии и организации.
Уставот бил напишан од страна на Младотурците.
Изборни политики
[уреди | уреди извор]Изборот на пратениците се спроведувало во согласност со привремените изборни прописи. Парламентот се состоел од два дома и тоа Дом на пратеници односно Долен дом кој ја исполнувал законодавната власт и Горен дом или Сенат. Долниот дом се состоел од 115 пратеници од кои при вториот избор имал 69 муслимански и 46 немуслимански претставници. Сенатот бил избиран од страна на султанот и се состоел од 26 члена. Овој дом ја заменил Високата Порта и Големиот везир кој станал претседател на Сенатот.
|