13 февруари
Изглед
Предлошка:Февруари 2026 13 февруари — 44-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 321 денови до крајот на годината (322 во престапна).
Настани:
| 1633 | Во Рим, Инквизицијата го уапсила италијанскиот астроном Галилео Галилеј, кој подоцна, под закана од смртна казна, бил принуден да се откаже од своето учење за хелиоцентричниот систем. |
| 1895 | Браќата Огист и Луј Лимиер, француски хемичари и индустијалци и конструктури на првата филмска камера, патентираа апарат за „примена на хронофотографски отпечатоци“, наречен кинематограф. |
| 1947 | Во Скопје е основано Друштвото на писателите на Македонија. Основачи биле: Блаже Конески (прв претседател), Димитар Митрев, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Владо Малески, Ристо Крле, Васил Иљоски и Иван Точко. |
| 1961 | Советот за безбедност на Обединетите нации реши во Конго да се упатат мировните сили на Светската организација за да се спречи избувнување на граѓанската војна во таа африканска земја. |
| 2019 | Автобуска несреќа кај селото Ласкарци во која загинале 14 луѓе, а многумина биле повредени. |
Родени:
Починале:
| 1130 | Хонориј II — римски папа. |
| 1571 | Бенвенуто Челини — италијански вајар, златар и сликар. |
| 1787 | Руѓер Бошковиќ — физичар, математичар, астроном, филозоф и дипломат. |
| 1883 | Рихард Вагнер — германски композитор. |
| 1893 | Ѓорѓија Пулевски — македонски писател и преродбеник. |
| 1952 | Јован Поповиќ — српски и југословенски писател. |
| 1974 | Петар Лубарда — црногорски и југословенски сликар. |
| 1991 | Арно Брекер — најистакнатиот вајар во Третиот Рајх. |
| 1996 | Зија Бериша — македонски глумец. |
| 2003 | Кид Гавилан — кубански боксер. |
| 2016 | Слободан Сантрач — српски и југословенски фудбалер и тренер. |