Руско-турска војна (1877-1878)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Руско-Турска војна (1877–1878)
100 Shipka.jpeg
Споменикот на Шипченската битка
Датум 24 април 18773 март 1878
Место Балкан, Кавказ
Исход Победа на Русија
Територијачни
промени
Берлински договор
Завојувани страни
Русија Руска Империја
Flag of Romania.svg Романија
Samara flag.pngБугарско ополчение
Црна Гора
State Flag of Serbia (1882-1918).svgСрбија
Flag of Turkey.svg Отоманска Империја
Команданти и водачи
Русија Михаил Скобелев
Русија Михаил Лорис-Меликов
Русија Иван Лазарев
Flag of Romania.svg Карло I
Flag of Turkey.svgАхмед Мухтиар Паша

Руско-турската војна (1877-1878) е десетта по ред војна меѓу Русија и Отоманската Империја. На страната на Русија делумно учествуваат Финска, Романија, како и доброволци од Македонија[1][2][3][4][5], Бугарија[6], Грузија и Ерменија. Кон крајот на војната се вклучува и Србија.

Причини за војната[уреди]

Во летото 1875 во Босна и Херцеговина започнува востание против Отоманската Империја предизвикано од преголемите даноци наложени од корумпираната администрација. Заради некои даночни оптоварувања, востанието продолжува до крајот на годината, а малку подоцна започнува и Априлското востание во Бугарија. Напредувањето на Босна и поттикот на Русија ги тера Србија и Црна Гора да и објават војна на Отоманската Империја.

Во август Отоманската армија им нанесува пораз на српските сили, што е најлошо сценаријо за русите и австроунгарците, кои не ќе можат да претеднираат за никакви отомански територии. Од друга пак страна крвавото задушување на Априлското востание предизвикува широк одзвук во цела Европа. Како резултат на тоа организирана е Истанбулската конференција. Макар што Отоманската империја нема претставник, Големите сили и наложуваат граници на една автономна бугарска провинција во рамките на Империјата.

Конференцијата е прекината од отоманскиот министер за внатрешни работи, кој ги известува делегатите дека Отоманската империја примила нов устав, кој им ги гарантира правата и слободите на сите етнички малцинства исти како и на сите други отомански граѓани. И покрај тоа Русија е непријателски настроена кон Отоманската Империја, објавувајќи дека уставот е решение само за краток рок.

За време на дипломатските преговори, во јануари 1877 русите ја убедуваат Австро-Унгарија да учествува во идните воени дејствија во замена за австро-унгарска окупација на Босна и Херцеговина по војната. Останатите Големи сили се блокирани од силната општествена поткрепа во цела Европа за независност на Бугарија, поради сомненијата во способностите на руската армија, како и од внатрешните проблеми. Во април е постигнат договор со Романија за преминување на руските војски низ нејзина територија. Во договорот е вклучено и присоединувањето на Јужна Бесарабија кон Русија (која беше во руска власт од 1812 до 1856) во замена за присоединување на Јужна Добруџа кон Романија по војната.

Последици од војната[уреди]

Бугарија Според Санстефанскиот договор

Кон крајот на 1878 руската армија се приближува кон портите на Истанбул но Велика Британија испраќа во Мраморно море мала флота која треба да го спречи заземањето на градот. Под притисок од другите Големи сили и по претрпените огромни загуби (според различни извори меѓу 70 000 и 200 000 мртви), на 31 јануари 1878 склучено е примирје, а на 3 март Русија се согласува да го потпише Санстефанскиот договор. Според тој догвор Романија, Србија и Црна Гора добиваат целосна независност од Отоманската Империја, а Бугарија добива автономија. Незадоволни од засилувањето на руското влијание на Балканот, неколку месеци подоцна Големите сили прават ревизија на Берлинскиот договор.

Наводи[уреди]

  1. A short Bulgarian History by Hr. Gandev, (edited by the Bureau of Popular Culture, Sofia 1947, p 113
  2. Periodicesko Spisanie, XVIII 1885
  3. Јован Раич “Историја на разни словенски народи”,Санкт Петербург, 1795
  4. Известија на Санктпетерсбуршкото словенско благотворно друштво 1887 г. No 11-12 и 1888 г.
  5. Меѓу кои и Ѓорѓија Пулески со своја чета
  6. С. Кисьов. „Българското опълчение в Освободителната руско-турска война 1877–1878 г.“