Цариградска конференција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бугарија според Цариградската конференција
Учесници на Цариградската конференција. Во средината Хенри Елиот и Николај Игнатиев.

Цариградската Конференција претставува состанок кој бил одржан помеѓу големите сили: Велика Британија, Русија, Франција, Германија, Австро-Унгарија и Италија, во Цариград, денешен Истанбул, Турција. Конференцијата започнала на 23. декември 1876 година.[1], а завршила на 20 јануари 1877 година.[2]Целта на конференцијата била европските држави да ја зачуват целоста на Отоманската Империја. Најголем поборник за нејзин спас била Велика Британија.

Позадина[уреди]

Во почетокот на 70-тите години од 19 век, Османлиската империја сеуште имала контрола над поголемиот дел од Балканскиот полуостров. Процесот на распаѓање на феудалниот систем на Балканот започнал многу покасно за разлика од Западна Европа. Но со развојот на капитализмот во империјата започнале националните покрети. Во 1867 година Србија ја принудила на Високата Порта да го повлече муслиманското население кон Босна. Во Романија, Црна Гора и Бугарија започнале да се создаваат тајни организации за ослободување. Така, во 1875 година започнало Херцеговинското востание, во 1876 Србија покренала војна против Османлиите, во 1876 во Бугарија избило Априлското востание додека во Македонија Разловечкото востание. Така германецот Бизмарк предложил империјата да се подели на начин на кој би биле задоволни Русија и Австрија. Австрија би ја добила Босна и Херцеговина а Русија би добила превласт во Бесарабија и делови од Бугарија и Романија, Франција би имала контрола над Сирија а Англија над Египет. Но Бизмарк се повлечел кога увидел дека еден српско-турски конфликт би можел да доведе до руска интервенција и австриско влегување во конфликтот. Рускиот проект, изработен од кнез Алексеј Церетелев и американскиот конзул Јуџин Скаjлер предвидувал единствена Бугарска автономна област, вклучувајќи ги Дунав вилает, Софискиот санџак, Пловдивскиот и Сливенскиот санџак, дел од Одринскиот вилает и делови на Македонија. Со него сепак не се согласили претставниците на другите големи сили и особено австро-унгарскиот министер за надворешни работи грофот Андраши и британскиот претставник Маркиз Солсбери. Поради овие несогласувања било одлучено да биде закажана конференција.

Конференција[уреди]

На конференцијата, Абдул Меџит II го испратил Митхат Паша како голем везир кој требал пред Големите сили да предложи брзо спроведување на реформи во земјата како и промена на Уставот. Но самиот голем везир се спротиставил на овие одлуки на султанот. Во конечниот план на конференцијата се наметнал британскиот предлог и Бугарија била разделена вертикално на два ентитета т. н. Источен вилает со центар Трново и Западен вилает со центар Софија. Во источниот вилает биле вклучени следните санџаци: Трновски, Русенски, Тулчански, Варненски, Сливенски, Пловдивски и казите Лозенградска, Мустафапашовска (Свиленградска) и Казалагачка (Елховска). Во западниот пак спаѓале: Софиски, Видински, Нишки, Скопски, Битолски, дел од Серскиот санџак како и Струмичката, Велешката, Тиквешката и Костурската каза. Главните управители на овие две области требало да бидат назначени од Високата Порта во согласност со Големите сили. Секој област требало да има законодавен орган, областите ги задржувале остварените приходи во износ од 70%, била создадена локална полиција но во тврдините и градовите останала редовната османлиска армија,

Во друга провинција била одделена Босна. Организацијата на автономната власт требала да биде под меѓународна контрола.

Значење[уреди]

На 21 декември бил подготвен план и предаден на османлиските власти, но во меѓувреме султанот Абдул Хамид II ги предложил реформите во устанот на земјата, но Големите сили овие обиди ги отфрлиле. Така, на 18 јануари 1877 година големиот везир Мидхат Паша официјално ги отфрлил решенијата од конференцијата. Во март 1877 година бил потпишан Лондонски протокол од Големите сили за решавање на проблемот по мирен пат, но Високата порта повторно ги одбила овие предлози. Ова го дал поводот за започнување на Руско-турската војна (1877-1878).

Литература[уреди]

  • Conference de Constantinople. Reunions Préliminaires. Compte rendu No. 8. Scéance du 21 décembre 1876. Annexe III Bulgare. Règlement organique.
  • Further Correspondence respecting the affairs of Turkey. (With Maps of proposed Bulgarian Vilayets). Parliamentary Papers No 13 (1877).

Наводи[уреди]

  1. Correspondence respecting the Conference at Constantinople and the affairs of Turkey: 1876–1877. Parliamentary Papers No 2 (1877). p. 140.
  2. Turkey and the Great Powers. The Constantinople Conference. The Commissioners' Last Proposals to the Porte. An Ultimatum Presented the Great Dignitaries of State to Decide Upon an Answer. New York Times, 16 January 1877.