Прејди на содржината

Орјахово

Координати: 43°44′19.93″N 23°57′40.24″E / 43.7388694° СГШ; 23.9611778° ИГД / 43.7388694; 23.9611778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Орјахово
Оряхово
град
Поглед на градот
Поглед на градот
Орјахово is located in Бугарија
Орјахово
Орјахово
Местоположба на Орјахово во Бугарија
Координати: 43°44′19.93″N 23°57′40.24″E / 43.7388694° СГШ; 23.9611778° ИГД / 43.7388694; 23.9611778
ЗемјаБугарија
ОбластВраца
ОпштинаОрјахово
Управа
 • ГрадоначалникРосен Добрев (ГЕРБ)
Површина
 • Вкупна50,79 км2 (19,61 ми2)
Надм. вис.&10000000000000173000000173 м
Население (2022)
 • Вкупно4,779
 • Густина94/км2 (240/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код3300
Повик. бр.+359 09171
Мреж. местоoriahovo.bg

Орјахово (бугарски: Оряхово, до 1945 г. Орѣхово) — град во Северна Бугарија, административен центар на општината Орјахово во Врачанската Област. Има население од околу 4.779 жители (2022).[1]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во ридско подрачје на десниот брег на Дунав, веднаш источно од устието на реката Огоста. Фериботот Орјахово-Бекет, кој го минува Дунав, е еден од главните транспортни коридори од Бугарија до Романија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачието на современиот град била населена уште од античко време. Спроведените археолошки истражувања докажуваат постоење на населби од сите историски епохи — од раниот неолит до средниот век. Во градот биле пронајдени бакарни тракиски мечеви, коњски потковици и остатоци од антички римски тврдини. Две крстоносни војни се одржале низ Орјахово, првата во 1396 година била предводена од унгарскиот крал Сигизмунд од Луксембург и втората во 1444 година била предводена од полскиот крал Владислав Јагело. Во 1726 година Орјахово бил еден од главните градови на Дунав. За време на Преродбата градот бил една од главните точки за снабдување на Отоманската Империја со стоки од Западна Европа. Во 1837 година била изградена црквата „Свети Георги“, која денес е споменик на културата од национално значење во Бугарија. Во 1871 година било основано првото читалиште. Градот бил ослободен од османлиската власт на 21 ноември 1877 година. Во почеток на 20 век, зградите биле изградени во западен стил, а речното пристаниште на градот било важна точка за поврзување со Европа.

Некои од првите индустриски компании во градот — фабрика за резервни делови и претпријатието за обработка на метал биле отворени уште во 1961 година. Атомската централа „Козлодуј“, која се наоѓа западно од Орјахово, е исто така главен работодавец.

Јавни институции

[уреди | уреди извор]
  • Археолошки музеј
  • Етнографски музеј
  • Уметничка галерија „Савчеви“

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]