Руско-турска војна (1787-1792)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Руско-турска војна (1787–1792)
Датум 1787–1792
Место Источна Европа
Исход Руска победа
Јашки мировен договор
Завојувани страни
 Руско Царство  Османлиско Царство
Команданти и водачи
Русија Катерина Велика
Османлиско Царство Абдул Хамид I
Сила
100,000 ?

Руско-турската војна (17871792) претставува неуспешен обид на Османлиското Царство да си ги врати териториите кои ги загубила по Руско-турската војна од 1774 година од Руската Империја.

Во пролетта на 1787 година, Катерина Велика направила триумфална поворка во Крим заедно со светиот римски цар Јозеф II. Овие настани во Цариград биле прифатени како непочитување на Кучуккајнарџискиот договор, а британските и француските амбасадори дале поддршка на Османлиите.

Така во 1788 година, Османлиите објавиле војна на Русија а рускиот амбасадор во османлиската престолнина бил затворен. Сепак Османлиите не биле подготвени за војна, а од друга страна пак Австрија и Русија како сојузници биле пресилни за Османлиското Царство.

Во исто време започнала и Австриско-турската војна каде Османлиите го зазеле Банат. Во Молдавија, Петар Румјаницев им нанел пораз на Османлиите. Следувале порази кај Пчеков, Јеш и Хотин. Според некои извори, кога султанот Абдул Хамид I разбрал за воените порази, тој добил срцев удар и починал.

Војната завршила со потпишување на Јашкиот мировен договор на 9 јануари 1792 година. Според него, Крим и Очаков биле присоединети кон Русија, а границата помеѓу двете земји се поместила до реката Днестер. цОсвен тоа, Османлиите се откажале од Грузија.