Руско-турска војна (1768-1774)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Руско-турска војна (1768–1774)
Torelli2.jpg
Датум 1768–1774
Место Источна Европа, Кавказ
Исход Руска победа
Кучуккајнарџиски договор
Територијачни
промени
Русија ја анексирала јужна Украина, Северен КАвказ и Керч. Кримското ханство паднало под руската сфера на влијание
Завојувани страни
 Руска империја

Greek Revolution flag.svg Грци
Flag of Kingdom of Kartli-Kakheti.svg Картло-Кахетско царство
Imeretiflag.jpg Имеретска империја

 Отоманска империја
Команданти и водачи
Русија Катарина Велика

РусијаГригориј Потемкин
РусијаАлексеј Орлов
Русија Пјотр Rumyantsev
Русија Александар Суворов
Русија Фјодр Ушаков
Русија
Прапор В.З..png Петар Калнишевски
Flag of Kingdom of Kartli-Kakheti.svg Ерекле II
Imeretiflag.jpg Соломон I

Отоманска империја Мустафа III

Отоманска империја Абдул Хамид I
Отоманска империја Ивазаде Халил Паша
Отоманска империја Mandalzade Hüsameddin Капудан Паша
Крим Каплан II

Сила
200,000 500,000

Руско-турската војна (17681774) била една од клучните војни помеѓу Руската империја и Османлиската империја. Целта на Руската Империја била да излезе на Црно Море, и поради ова руската дипломатија тргнала во подготовка низ европските земји и успеала да ги потикне грчките, романските и црногорските народи за учество. Распрстати на повеќе фронтови, Османлиите во оваа војна излегле како поразена земја.

Оваа војна довела до знаитено слабеење на Османлиската Империја. Русија кон својата територија ги присоединила јужна Украина, северен Кавказ и Крим како и право да се меша во внатрешната политика на Османлиите во прашањето за заштита на христијанското население.

Позадина[уреди]

Избувнувањето на војната била како последица од затегнатата ситуација во Полска каде избувнало востание против кралот Станислав II, некогашниот љубовник на Катарина Велика. Бунтовниците ги нападнале на војниците на Катарина а по ова се повлекле во соседните земји. Една група од овие руски козаци во 1768 година се упатила кон градот Балта во потрага на полските востаници. Поради ова Кримските Татари се пожалиле на османлискиот султан Мустафа III. Така на 25 септември 1768 година тој прогласил војна на Русија со подршка на полските востаници. Од друга страна Русија добила подршка од Велика Британија која овозможила пристап на руските бродови во Средоземно Море.

Тек на војната[уреди]

И покрај тоа што Османлиите објавиле војна, тие не зеле интервенција бидејќи во текот на цела војна имале катастрофална стратегија. Тоа довело да генералот Александар Суворов да го задуши востанието во Полска и во 1768 година го зазеде Краков. Во меѓувреме, во 1770 година руската флота пристигнала во Мореја каде со помош на локалното население започнале востание кое немало успех. Сепак Османлиите морале војската од Украина да ја префрлат во Грција каде следувал пораз во поморската битка кај Чешма на 7 јули.

Во следните денови следувале порази во Егејско Море и во Украина. Рускиот напад врз Крим довел да кримскиот кан го испрати својот син во Санкт Петерсбург на преговори по кое Крим го сфртел грбот на Османлиите.

Во 1773 година, Суровов влегол во Украина каде редел победа по победа каде во 1774 година Османлиите побарале мировен договор.

Мировен договор[уреди]

Војната завршила со потпишување на Кучуккајнарџискиот договор во јули 1774 година и поразот на Османлиите.[1].

Договорот бил потпишан во селото Кучук Кајнарџа, денес Кајнарџа во североисточна Бугарија, во Добруџа, во близина на Дунав и на југоисток од Силистра.

Според договорот, Русија добила територии од Украина и Кавказ,Керч и неколку други црноморски пристаништа од Кримскиот полуостров биле отстапени на Русија а остатокот од Кримското ханство било прогласено за независно. Кримските татари добиле независност од Османлиите и попаднале под руската сфера на влијание.

Исто така Русија добила право на користење на Босфорот и Дарданелите а руските трговски бродови добиле и дозволс да пловат во турските води. Молдавија и Влашка биле вратени под властта на султанот, но Русија стекнала право на мешање во Високата порта (судот на султанот) во име на овие две кнежества. Покрај тоа, Русија добила одредени права во име на грчките православни поданици на султанот.

Последици[уреди]

Оваа војна можеби била пресудна за османлиската сила во европа. По оваа војна следувале неколку востанија на нетурските народи во империјата кои успешно завршиле по еден век. Успехот во војната која го имала Катерина Велика во голема мера бил поради востанието во Северна Америка и Велика Британија поголемиот дел од своето внимание го имала таму наместо кон Босфорот.

Во Црна Гора пак за цар се прогласил Шчепан Малиот кој самостојно управувал со земјата во периодот од 1767 до 1773 година.

Наводи[уреди]

  1. (турски) Ömer Lütfi Barkan (1985). „Ord. Prof. Ömer Lütfi Barkan'a armağan“. Istanbul University. стр. 48.