Прејди на содржината

Кримско Ханство

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кримско ханство)
Кримско ханство
قريم يورتى
Qırım Hanlığı
1449–1783
Coat of arms of Кримско Ханство
Coat of arms
Земјата во 1600
Земјата во 1600
СтатусВазал на Османлиското Царство (1478–1774)
Главен градБахчисарај
Говорени јазициКримскотатарски, отомански
Вероисповед
Ислам
Уредувањенаследна монархија
Хан 
• 1449-1466
Хаџи I Гирај (прв)
• 1777–1783
Шахин Гирај (последен)
Историја 
• Основана
1449
• анексирана од Русија
1783
Претходници
Наследници
Златна орда
Кнежевство Теодоро
Руска Империја
Денес дел од Украина
 Русија
 Молдавија

Кримско Ханство — држава на Кримските Татари која постоела во периодот од 1449 до 1783 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Државата била основана од страна на Бату хан - внук на Џингис Кан. Земјата се простирала на Кримскиот полуостров, териториите помеѓу Дунав, Днепар и голем дел од денешниот Краснодарски крај на Русија. Од 1478 година официјално станала вазална држава на Отоманското Царство до потпишувањето на Ќучуккајнарџискиот договор во 1774 година, кога добила фиктивна независност. Во 1783 година била анексирана од Руската Империја.

Во времето по смртта на Хаџи Гирај, земјата била воведена во граѓанска војна од страна на неговите синови кои се бореле за власта. Ова најмногу го искористиле османлиските власти кои го поставиле Менгли Гирај за хан. Неговата ќерка Ајше Хафса султан подоцна била омажена за Селим I. Во 1475 година, Османлиите на чело со Гедик Ахмед паша го освоиле грчкото кнежевство Теодоро како и џеновските колонии, по кое земјата во тоа време станала протекторат на империјата.

Османлискиот султан го уживал правото на вето при избор на ханот од Крим. Во 1475 година Османлиите го затвориле Менгли Гирај поради откажувањето да се вклучи во воен поход, а по враќањето од заробеништво од Истанбул тој ги прифатил сите наложени услови од султанот. Сепак, хановите продолжиле да имаа независна надворешна политика од Османлиите, а освен тоа тие не биле обврзани да плаќааат данок и ги споменувале султаните во нивните петочни молитви.

Османлиите на Крим плаќале за квалификација на нивната коњаница, но ова се одржало до 1523 година кога на чело на земјата бил Мехмед I Гирај. По неговата смрт следните ханови биле избирани под силно влијание на султанот. Кримските сили учествувале во голем дел од европските и азиските освојувања на Османлиите. Освен тоа постојано тргувале и со робови, па според проценките околу 3 милиони луѓе биле продадени од кримските пазари за робиви кон османлиските земји. Како еден од најпознатите такви робови била и идната сопруга на Сулејман, Рокселана.

Борба со Татари, од Максимилијан Ѓермски

Незадоволството во земјата во односите со Османлиите станале ладни во времето кога империјата започнала со своите порази во Европа. Така, војниците се враќале без плен, а кримската коњаница имала голем број на жртви главно поради силните европски топови. Кон крајот на 17 век, Русија станала стабилна земја и по крајот на војните со Османлиите земјата станала најпрвин независна а подоцна паднала во границите на Русија.