Ајше Хафса султан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ајше Хафса султан
عایشه حفصه سلطان
Споменик во Маниса
Роден(а)Ајше
1479
Починал(а)март 1534
Константинопол
ПочивалиштеЏамија Јавуз Селим, Фатих
НародностКримска татарка
Познат(а) поВалиде султан
Вераислам
СопружникСелим I,
ДецаСулејман I ;
Хатиџе султан
Бејхан султан
Шах султан

Ајше Хафса султан (османлиски јазик: عایشه حفصه سلطان) била првата со титула Валиде султан во Османлиската империја како мајка на Сулејман I и сопруга на Селим I. Во периодот од стапувањето на нејзиниот син во 1520 и нејзината смрт во 1534, таа била една од највлијателните личности во империјата, како и де-факто ко-регент за време на овие четиринаесет години.

Денеска нејзиното потекло е тема на дебата од страна на историчарите и според поголемиот дел од нив таа била ќерка на Менгли Гирај, владетел на Кримското ханство. Таа била родена во 1479 година и омажена за османлискиот принц и иден султан Селим I. Во Маниса престојувала со нејзиниот син кој бил владетел на регионот како шехзаде во периодот од 1513 до 1520 година. Во градот во нејзина чест биле изградени една џамија, основно училиште, колеџ и болница.

Како прва Валиде султан, статусот на мајката на султанот значително се променил. Во 1494 година таа го родила идниот султан Сулејман I. Освен Сулејман таа имала и три ќерки од Селим и тоа: Хатиџе султан, Бејхан султан и Шах султан.

Ајше Хафса султан починала во март 1534 година и била погребана во џамијата Јавуз Селим во Фатих, Константинопол. Нејзиниот мавзолеј во голема мера бил уништен по земјотресот од 1884 година а во 1900 година започнала реконструкцијата. Денеска нејзиниот гроб е доста поедноставен за разлика од времето кога бил изграден.