Руско-турска војна (1676-1681)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Руско-турска војна (1676-1681)
Датум 1676-81
Место Чигирин
Исход Договор од Бахчисарај[1]
Завојувани страни
 Османлиско Царство Русија Царство Русија
Команданти и водачи
Османлиско Царство Кара Мустафа-паша
Крим Петро Дорошенко
Крим Јуриј Хмелницки
Русија Иван Самоилович
Русија Григориј Ромодановски
Сила
12,000 (на почеток)
120,000 (во текот на војната)
20,000
Жртви и загуби
20,000 непознато

Руско-турската војна (16761681) се водела помеѓу Отоманското Царство и Кримското ханство од една страна и Царство Русија од друга страна.

По крајот на Отоманско-полската војна (1672–1676) и зазимањето на регионот Подолија, Османлиите посакувале своите владенија да ги прошират над цела Украина со помош на нивниот нов вазал, хетман Петро Дорошенко. Протурската политика на Дорошенко предизвикала незадоволство кај голем дел од Козаците па во 1674 година како единствен хетман на цела Украина го избрале Иван Самоилович.

Дорошенко одлучил да го возврати ударот и во 1676 година, неговите сили од 12.000 луѓе го зазеле градот Чигирин, сметајќи дека пристигнува дополнително засилување од османлиско-татарска армија. Руските и украинските сили на чело со Самоилович и Григориј Ромодановски освоениот град од Османлиите го ставиле под опсада, натерувајќи го Дорошенко да се предаде. Но руските и украинските сили се повлекле на левата страна од Днепар, а османлискиот султан го назначил Јуриј Хмелницки за нов хетман. Во јули 1677 година наредил на визерот Ибрахим-паша со сила од 120.000 војници да се упати кон Чигирин. Но следувал голем пораз на османлиската армија со жртви од околу 20.000 војници по кое Ибрахим-паша бил затворен во Истанбул. Во 1678 година, Османлиите со околу 80.000 војници на чело со Кара Мустафа-паша го опседнале уште еднаш градот Чигирин и успеале да го заземат.

Во следните фодини продолжиле нападите на татарските сили кои прекинале до потпишувањето на договор во Бахчисарај на 3 јануари 1681 година. Според договорот, двете страни се согласиле на 20 годишно примирје и реката Днепар била прифатена како гранична линија меѓу двете земји. По потпишувањето на договорот, Ногалските орди го задржиле правото да живеат како номади во јужниот дел на Украина, а Козаците го задржале правото на риболов на реките Днепар и нејзините притоки. Султанот го признал суверенитетот на Царство Русија додека јужниот дел од Украина останал под османлиска управа. Но и покрај овој договор, Русија се приклучила кон европската коалиција која била создадена против Османлиското Царство во 1686 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Paxton, John and John Traynor, Leaders of Russia and the Soviet Union, (Taylor & Francis Books Inc., 2004), 195.